PIC_8170

Бучим со традиционалната хуманитарна акција: Дарување за среќни Божиќни празници

Како продолжение на многугодишната божиќна традиција, Бучим и годинава ги посвети празничните  денови на дарување према социјално ранливите жители од локалната заедница. 

Во првите денови од 2024 година, Бучим реализираше соработка за хуманитарни цели со Општина Радовиш и Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Радовиш. Оваа  хуманитарна акција поттикната од рудникот се спроведува веќе четврта година е со цел да им се помогне на граѓаните за време на божиќните празниците. Бучим како општествено  одговорна компанија се труди да им ја збогати трпезата на граѓаните од социјално ранливата категорија, со тоа што донираше на 100 смејства пакети со прехранбени продукти и намирници за подготвување на храна. Пакетите беа распределени од страна на претставници на Општина Радовиш,  Црвен крст Општинска организација Радовиш и претставници на Бучим и Боров Дол, до оние семејства на кои им се најпотребни.

Ова традиционална акција е израз на нашата грижа кон заедницата. По повод на Божиќните празници го посетивме семејствата од социјален ризик и  им доделивме пакети со прехранбени производи за да можат да го прослават празникот со полна трпеза. Рудникот Бучим и понатаму ќе продолжи да ги помага оние семејства на кои им е навистина потребна помош.” изјави Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол.

Comments are closed.