WhatsApp-Image-2024-01-12-at-03.25.31-5

Во пресрет на новогодишните празници, рудниците Бучим и Боров Дол ги отворија вратите за децата на вработените

Бучим и Боров Дол за прв пат во своето работење ги отворија вратите за семејствата на вработените и беа домаќини на незаборавниот настан „Дружба со Дедо Мраз“, пружејќи им топло добредојде на дечињата на своите вработени.  Настанот се одржа на 30.12.2023 во новогодишниот амбиент на делокругот на Бучим и Боров Дол.

Децата на вработените, со многу насмевки и радости уживаа во доделувањето на новогодишни пакетчиња од страна на Дедо Мраз. Весела и разиграна атмосфера, многу насмевки и дружење, владееше во Боров Дол и Бучим. Повеќе од 70% од вкупниот број на децата на вработените беа присутни на настанот во која уживаа и се радуваа и децата и вработените. Покрај забавните игри со аниматорите, сесиите на фотоштандови, цртање на лице со маскоти и подароци од Дедо Мраз,  децата има можност да запознаат нови другарчиња, да создат нови пријателства, а истовремено да се запознаат со дел она што го работат нивните родители, разгледувајќи дел од рударските машините на специјално организираните тури што ги водеа група на вработени волонтери. 

Вработените во рудниците заедно одлучуваа за активностите, концептот и идејата на настанот. Беа охрабрени нивните мислења за тоа како треба да се одвива настанот и потенцијалните иновации, воведувајќи нова традиција на славење на празничната сезона на работното место со семејствата. “Дружба со Дедо Мраз“ е светол пример за корпоративната општествена одговорност и вредностите за еколошко, социјално и корпоративно управување (EСГ), оцелотворувајќи го духот на компанија која се грижи за своите вработени и нивните семејства.

Среќата на децата на нашите вработени е и наша среќа. Негуваме култура на работното место опфаќајќи ја суштината на семејството и заедништвото. Ова беше прв, но не и последен пат кога ќе го обединиме нашето големо семејство за еден заеднички и несекојдневен настан”, изјави Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол

Линк до видео со инсерти од настанот: https://youtu.be/4RdMyXLw2Pg

Comments are closed.