Рудниците Бучим и Боров Дол со гордост го објавуваат учеството на своите вработени на Супериор Ранс маратонот кој што се одржа во Штип втора година по ред. Како еден од спонзорите на овој спортски настан, рудниците ја потврдуваат својата посветеност кон промовирање на здрави животни навики и тимско работење, усогласувајќи се тесно со вредностите од концептотот ЕСГ: Е- заштита на животната средина, С – општествена одговорност и Г- совесно корпоративно управување.
Учеството на 30-те вработени од рудниците Бучим и Боров Дол на Супериор Ранс ја нагласи нивната посветеност кон промовирање на здравјето и благосостојбата во заедницата. Женскиот тим од рудниците покажа исклучителен пласман, обезбедувајќи го 19-тото место, додека машкиот тим постигна пофално 23-то место, истакнувајќи го успехот на нивните колективни напори и посветеноста за активен живот и спортување.
Александр Раков, генерален директор на рудниците Бучим и Боров Дол, го изрази своето воодушевување од учеството на вработените, велејќи: „Во рудниците Бучим и Боров Дол негуваме култура на здравје и благосостојба меѓу нашите вработени. Ентузијастичко учество на нашите вработени на маратонот не само што ја одразува нивната лична посветеност кон тимска работа, туку и се усогласува со нашите пошироки корпоративни вредности за промовирање здрав и активен животен стил“.
Со поддршка на Супериор Ранс маратонот, се нагласува посветеноста на рудниците Бучим и Боров Дол за поддршка на иницијативи кои промовираат здравје и благосостојба преку активно спортување, како во компаниите, така и во пошироката заедница.