Четириесет посветени волонтери, вработени во рудниците Боров Дол и Бучим за Денот на пролетта засадија 1.500 садници, пошумувајќи површина од приближно 9.000 квадратни метри околу рудникот Боров Дол. Оваа иницијатива е дел од стратегија за животна средина на рудникот Боров Дол, преку која со активно вклучување на вработените во акциите за пошумување, компанијата поттикнува култура на поздрава животна средина и ангажман за развојот на заедницата.
Александар Раков, управител на рудниците Боров Дол и Бучим, ја истакна важноста од тековните еко-акции, велејќи: “Во Боров Дол и Бучим, еколошката одговорност и принципите на ЕСГ вредностите се длабоко вградени во нашето работење. Оваа иницијатива за садење дрвја е дел од нашите континуирани напори за позитивно влијание врз животната средина и заедницата. Планираме уште една акција за садење дрвја наесен. Нашата цел е да создадеме одржлива и просперитетна иднина”.
Марина Санева, инженер за животна средина во Боров Дол: „Пошумувањето е од витално значење за одржување на еколошката рамнотежа и подобрување на биолошката разновидност. Оваа акција е јасна демонстрација на нашата посветеност за одржлив развој и нашиот проактивен пристап кон грижата за животната средина. “
Еко-акциите на рудниците се дел од годишна агенда, одразувајќи ја посветеноста за минимизирање на влијанието врз животната средина, вклученоста вработените во иницијативите на компанијата и одговорното работење. Овие иницијативи не само што го зачувуваат биодиверзитетот и ги обновуваат природните живеалишта, туку и ја подигнуваат свеста за грижата за животната средина, како кај вработените, така и кај локалните заедници.