Посветеноста кон константното унапредување на квалитетот на животот на жителите на локалните заедници е длабоко втемелена во принципите на деловното работење на рудниците. Бучим и Боров Дол имаат високоизградена корпоративна општествена одговорност и континуирано се грижат за заедниците во кои што работат.
Со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на услугите кои здравствените и комуналните институции ги нудат кон жителите на општините Радовиш и Конче, рудниците Боров Дол и Бучим донираа амбулантно возило и булдожер за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш и ЈП Плаваја. Овие донации ќе овозможат зајакнување на капацитетите на општинските институции и ќе бидат од корист за целата заедница.
“Денешната донација е уште една потврда за нашата заложба кон создавање на подобри услови за живеење во општеството во кое што делуваме во целина. Работиме во насока на подобрување на квалитетот на животот на жителите и создавање на долгорочен одржлив развој,” – истакна Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Деловните операции на рудниците се водат според стандардите за еколошко, општествено и корпоративно управување, кои што се важен сегмент во системот на остварувањето на целите за долгорочен одржлив развој на заедниците. Во текот на изминатите години, рудникот Бучим реализираше бројни донации за подобрување на јавните услуги во областа на здравството и комуналните дејности, почнувајќи од донирање на техничка и медицинска опрема, инфраструктурно подобрување на здравственaта установа, обезбедување на камион за собирање и транспорт на комунален отпад.
“Нашето работење е затемелено пред сè врз постојаните напори да придонесуваме за доброто на заедницата во која што живееме и работиме. Општествената одговорност е значаен дел од нашата корпоративна стратегија и фокусирано работиме кон подобрување на условите во областите за кои општинските институции имаат потреба од поддршка,” – додаде Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.