DCIM100MEDIADJI_0004.JPG

Рудникот за бакар Боров Дол доби А – Интегрирана еколошка дозвола

Согласно Законот за животната средина на РСМ, по утврдувањето и увидот над исполнетоста на потребните услови за добивање на еколошка дозвола предвидена со законските и подзаконските акти, Министерството за животна средина и просторно планирање издаде А – Интегрирана еколошка дозвола на рудникот за бакар “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш.

А-ИЕД е во согласност со утврдените стандарди за заштита на животната средина, во која што се вклучени условите за работа, задолженијата, мерките и активностите кои што треба да земат предвид за заштита на животната средина, засновани на употребата на најдобрите достапни техники. 

Дозволата ги идентификува и опишува сите активности на инсталацијата кои што се опфатени со дозволата. Со неа се уредува работата на рудникот во делот на заштита на животната средина, како и следењето на развојот на најдобрите достапни техники кои што се релеванти за работењето на рудникот и барањата во однос на еколошките стандарди кои што треба да се воспоставуаат, применуваат и одржуваат, со цел да се намалат негативните влијанија врз околината.

“Заштитата на животната средина е еден од нашите врвни приоритети во текот на целиот животен циклус на рудникот. Рудникот Боров Дол ги почитува глобалните и националните еколошки прописи и закони и е проектиран и развиен за споредување на рудничките активности користејќи ги најдобрите достапни методи во индустриското производство, со цел да обезбеди минимално влијание врз животната средина и одржливо користење на природните богатства,” изјави Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Comments are closed.