Оперативни и финансиски резултати за 2020 година
Во 2020 година, Бучим произведе 28 484 тони сув бакар концентрат, што содржи 5 903 тони бакар, 448 кг злато и 862 кг сребро и 722 тони катоден бакар со квалитет од 99.99%.
Трошоците за ремонти активности и одржување на производствените постројки и технолошката опрема достигнаа 3,8 милиони евра.
Вкупната вредност на инвестиционата програма, вклучувајќи ги и трошоците за заштита на животна средина, изнесуваше 1,24 милиони евра.
Во 2020 година, вкупните ESG инвестиции достигнаа износ од 472 илјади евра.
EBITDA во 2020 година изнесува 17.593 илјади евра.
Оперативни и финансиски резултати за 2019 година
Стабилното подобрување на оперативната ефикасност на Бучим резултираше со одржливи количини на производство.
Во 2019 година, Бучим произведе 31 226 тони сув бакар концентрат, кој содржи 6 512 тони бакар, 593 килограми злато и 937 килограми сребро и произведе 719 тони катоден бакар со квалитет од 99.99%.
Во 2019 година, Бучим инвестираше 670 илјади евра за поддршка на производствените капацитети (набавка на опрема, машини, градежништво и сл.), 130 илјади евра во областа на безбедноста и здравјето при работа и 106 илјади евра во програми за заштита на животната средина. Во 2019 година, компанијата одели 110 илјади евра за општествено одговорни практики. Трошоците за одржување и поправки на објектите вo 2019 година, изнесуваа 4,035 милиони евра.
EBITDA во 2019 година изнесува 18.385 илјади евра.
Оперативни и финансиски резултати за 2018 година
Показателите за економскиот успех и ефективноста на работењето покажуваат дека компанијата постигна позитивен финансиски резултат, со што се потврдува успехот на работењето.
Во 2018 година, Бучим произведе 33.795 тони сув бакар концентрат, кој содржи 6.950 тони бакар, 767 килограми злато и 1.019 килограми сребро и произведе 786 тони катоден бакар со квалитет од 99.99%.
Во 2018 година, Бучим инвестираше 830 илјади евра во купување на опрема, развој на инфраструктура и безбедност и здравје при работа (126 илјади евра) и мерки за заштита на животната средина (101 илјади евра). Трошоците за одржување и поправки на објектите за 2018 година, изнесуваат 4.716 илјади евра.
EBITDA во 2018 година изнесува 22.498 илјади евра.
Оперативни и финансиски резултати за 2017 година
Постојаното подобрување на оперативната ефикасност на Бучим беше клучниот двигател кој ја обезбеди одржливоста на производството што резултираше со историски стабилни перформанси на сегментот Cu на Групацијата со 2017 EBITDA маргина од 49% на Бучим ДОО Радовиш во сопственост на Солвеј Групацијата, кој е најголемиот рудник за бакар во Северна Македонија. Раководството на Групацијата почнува да го развива проектот Боров Дол, кој ќе го продолжи животот на рудникот Бучим до 2030 година. Планираното инвестирање во 2018 година изнесува 22 милиони американски долари, од кои поголемиот дел ќе бидат финансирани од обврзувачки кредитни линии обезбедени од локалните банки.
Во 2017 година, Бучим произведе 38.750 тони сув бакар концентрат, кој содржи 8.008 тони бакар, 975 килограми злато и 1.094 килограми сребро и произведе 958 тони катоден бакар со квалитет од 99.99%.
Во 2017 година, Бучим инвестираше 615 илјади евра во купување на опрема, развој на инфраструктура и мерки за заштита на животната средина, безбедност и здравјето при работа. Ова вклучуваше купување на дампери и дупчалки, изградба на канал за пренасочување во хидројаловиште и рекултивација на браната. Трошоците за одржување и поправки на капацитетот изнесуваа 4.629 илјади евра во 2017 година.
EBITDA во 2017 година изнесува 26.658 илјади евра.
Oперативни и финанскиски резултати за 2016 година
Постојаното подобрување на оперативната ефикасност на овој објект беше клучен двигател за обезбедување на одржливост на производството и за подобрување на финансиските резултати во Солвејскиот Бучим ДОО Радовиш, кој е најголемиот рудник за бакар во Северна Македонија.
Во 2016 година, Бучим произведе 43.317 тони сув бакар концентрат, кој содржи 9.032 тони бакар, 664 кг злато и 1.343 кг сребро и произведе 1.396 тони катоден бакар (Cu) со квалитет од 99,99%.
Во 2016 година, Бучим инвестираше 678,9 илјади евра за модернизација на производствениот процес, купување на опрема, развој на инфраструктурата и мерки за заштита при работа, безбедност и здравје при работа.
Трошоците за одржување и поправки на објектите во 2016 година изнесуваат 4.267 илјади евра.
EBITDA во 2016 година 18.945 илјади евра.