Нашата компанија
Историјата на откривање на рудни наоѓалишта во Северна Македонија датира уште од предвоениот период, а после Втората светска војна биле спроведени подетални истражувања во регионот. Идејата за рудникот Бучим започнала во далечната 1972 година со одлуката да се изгради, а самиот рудникот започнал со експлоатација во 1979 година како рудник за бакар и злато од отворен тип. Рудникот до 2000 година, работи како претпријатие во сопственост на државата, а потоа во рамките на приватна компанија, функционира се до почетокот на 2003 година, кога таа компанија банкротира и производството е времено запрено. Новата ера за Бучим започна во почетокот на 2005 година, кога Солвеј Инвестмент Груп го презеде рудникот, победувајќи на меѓународниот тендер и за краток временски период, Солвеј Инвестмент Груп ја поправа, заменува и дополнува опремата за рударство и имплементира бројни надградби.
Солвеј Инвестмент Груп го постави Бучим на нов пат и му обезбеди долгорочна иднина на рудникот.
Во текот на изминатите четири децении, рудникот Бучим претрпе голем број транзиции за да стане компанијата која што е денес.
Бучим ДОО Радовиш, е единствениот рудник за бакар во Република Северна Македонија, кој се наоѓа во Радовиш, Југоисточна Северна Македонија. Во рудникот за бакар Бучим се ископува една од најсиромашната руда со бакар во светот. Содржината на бакар во рудата е само 0,12 до 0,25%. Рудникот е од отворен тип и произведува бакарен концентрат кој содржи бакар и злато. Се обработува преку 4,5 милиони тони руда годишно. Годишно се произведува над 40.000 тони бакарен концентрат кој содржи бакар и злато. Бакарниот концентратот не содржи штетни примеси и поради неговиот квалитет е многу баран од европските топилници.
Со 650 директно вработени, рудникот е најголемиот локален работодавец во регионот и е целосно посветен на своите социјални и еколошки одговорности.
Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е дел од Солвеј Инвестмент Групацијата која го постави Бучим на нов пат и му обезбеди долгорочна иднина.
Солвеј Инвестмент Груп инвестираше над 78 милиони евра во рудникот Бучим, со што се изврши модернизација и подобрување на технолошкиот процес и опремата во рудникот.
Значителни средтсва се инвестирани во граѓанската инфраструктура и заштита на животната средина во Радовиш и околните градови. Инвестициите помогнаа во надградбата на локалните спортски, културни и образовни капацитети, надополнување на медицинската опрема во локалните болници, изградбата на општински патишта, подобрување на локалната инфраструктура и воведување на контролни системи за управување со животната средина.
Солвеј Инвестмент Груп вложи 12 милиони евра во изградбата на фабриката за лужење за преработка на оксидираниот дел од јаловината и екстракција на резидуалниот бакар од резервите на отпадот што останал од претходните децении од работењето на Бучим. Фабриката за лужење исто така значително го намалува влијанието од работата на рудникот врз животната средина.
Во рамките на рудникот Бучим, Солвеј Инвестмент Груп го разви и проектот Боров Дол, кој ќе го продолжи животниот век на рудникот Бучим најмалку до 2030 година. Ова рудно тело содржи докажани и проспективни резерви од околу 40 милиони тони руда со 0,26% бакар и 0,20 г/т злато. Животот на рудникот може значително многу да се продолжи и понатаму кога ќе се обележат нови резерви од рудното тело Боров Дол.
Операциите на Бучим добија комплексни, интегрирани еколошки дозволи, како и меѓународни сертификати за системи за управување со квалитет (ISO 9001), за управување со животната средина (ISO 14001) и за управување со безбедност и здравје при работа (ISO 45001).
Нашата приказна
Историјат
Издупчени се првите две истражни дупчотини за да се провери содржината на бакарот во рудите.
Започнува истражувањето на бакарната минерализација под раководство на геолошката служба на рудникот за олово и цинк, Злетово.
Истражувањето продолжува на наоѓалиштето Бучим предводено од Геолошкиот Завод Скопје.
Се спроведуваат комплекси детални истражувања. Истражувачките работи се вршени и финансирани од страна на Републичкиот совет за истражување во рударската индустрија, РТБ Бор, Југобакар и Бучим. Како резултат на тоа, се утвредни и еведентирани четири лежишта односно четири рудни тела во Бучим:
- Централното рудно тело
- Чукар
- Вершник и
- Бунарџик
Завршена е пресметката на резервите на сите рудни тела од категорија В + С1.
Решение бр. 02-1328 е донесено од Собранието на општина Радовиш за основање на претпријатие под името: “Претпријатие за експлоатација на бакарна руда, производство на бакар и бакарни производи Бучим-Радовиш“
Изградба на рудникот Бучим
Рудникот Бучим официјално започнува со редовна работа.
Бучим работи како претпријатие во државна сопственост
Рудникот е во сопственост на приватната компанија, Семкорп
Од 2005 година рудникот Бучим е во сопственост на компанијата Solway Investment Group
Компанијата е регистрирана под старото и добро познато име “Бучим”
Фабриката за производство на катоден бакар – лужење е пуштена во работа.
Министерството за економија на Република Северна Македонија ја издаде дозволата за експлоатација на минерална суровина – бакар на новото рудно тело “Боров Дол”.
Бучим ДОО Радовиш, официјално започна со подготвителните работи на новото рудно тело “Боров Дол”
Бучим слави 40 години успех
Визија мисија вредности
ВИЗИЈА
ВИЗИЈА
МИСИЈА
МИСИЈА
ВРЕДНОСТИ
ВРЕДНОСТИ
Одржливост и општествена одговорност
Работиме одговорно и преку своите активности се стремиме да дадеме позитивен придонес кон животната средина и локалните заедници. Од суштинско значење е да се одржи стабилен и одржлив развој, додека се расте и создава акционерска вредност. Да се биде добредојден во заедниците бара одговорни социјални, економски и еколошки перформанси во сè што правиме.
Традиција
Страствениот и професионален тим на Бучим останува верен на филозофијата на Групацијта: со висока професионалност и заедничко работење, можеме да создадеме вредности и можности кои ни овозможуваат на нас и на локалните заедници раст и просперитет.
Доверливост
Чесни, етички и коректни во нашите зборови и нашите постапки. Ние ги почитуваме нашите обврски и работиме да ја одржиме нашата репутација во полето на рударството. Она што го правиме, сметаме дека го правиме најдобро. Рудникот има јасно профилирана иднина, која е резултат на професиналност, стручност и визионерство.
Транспарентност
Нашиот сеопфатен процес на работење и делување се темели врз основа на целосна транспарентност, отчетност и интегритет.
Проценка на ризик
Инвестицијата секогаш вклучува одреден степен на ризик и низа предизвици. Нашата култура на постојани иновации и нашата страст за професионализам доведоа до нови начини на работа во развојот на процесите и производите.
Истрајност
Остваруваме одлични перформанси преку тимска работа, трудољубивост и иновативност. Ние сме истрајни во нашата потрага по подобро и ги насочуваме нашите ресурси, време и напори за постигнување на максимална ефикасност и продуктивност. Професионализмот и страста ја водат нашата компанија и се стремиме да промовираме култура која ги прифаќа предизвикувачките ситуации кои бараат силни менаџерски способности и технолошка експертиза.
Одржливост
Рудникот Бучим е компанија која што е општествено и еколошка одговорна и придонесува за одржлив развој.
Бучим е посветен на тоа да влијае позитивно во заедниците каде што работи. Нашата улога на општествена одговорност се однесува на сите аспекти на сите активности, вклучувајќи здравство, безбедност, животна средина и социјални прашања. Ние ги разбираме и интегрираме општествените фактори во нашиот процес на донесување одлуки во сите фази од нашите активности – од истражување и работење до затворање и обновување.
Од 2005 година, Бучим направи значителни инвестиции во заедницата и за заштита на животната средина. Бучим, како една од компаниите на Солвеј Инвестмент Груп, продолжува со своите напори да придонесува за општеството и ќе ги одржи највисоките стандарди за интегритет и транспарентност во своите програми за социјален и економски развој.
Бучим постојано се труди да го подобрува еколошкото влијание. Целта на компанијата е да се идентификуваат, намалат и доколку е можно, целосно да се елиминираат сите значајни влијанија врз животната средина предизвикани од активностите на рудникот. Бучим е насочен кон тоа да преку своите активности не влијае врз животната средина.
Бучим е целосно подржан од својата матична меѓународна компанија – Солвеј Инвестмент Груп и успева да постигне силни позитивни ефекти во општеството. Компанијата е горда на резултатите кои се добиваат со ваквата работа.
Сертификати
Бучим ДОО Радовиш е сертифициран и работи во согласност со главните меѓународни стандарди за управување со квалитетот, заштитата на животната средина и безбедност и здравје при работа.
Компанијата ги одржува следниве сертификати:
РАКОВОДСТВО
ДПТУ „Бучим“ ДОО Радовиш
Олег Чусовитин е роден 1978 година во Реж, Севердловска област, Руска Федерација. По струка е инженер по обоена металургија. Своето средно образование го завршува во родниот град Реж. Дипломирал на Уралскиот федерален универзитет “Првиот претседател на Руската Федерација – Борис Николаевич Елцин” во Екатеринбург, Руска Федерација.
Својата работна кариера ја започнува во 1998 година во фабриката “Режникел” како топилничар, за потоа да биде именуван како главен инженер, каде и останува сѐ до 2016 година. Од 2016 година до 2017 година, работи во “Режевскаја абразивна фабрика, извршувајќи ја функцијата директор за производство. Во 2017 година ја започнува својата соработка со Групацијата Солвеј и преминува на работа во фабриката “Пронико” во Централна Америка, Гватемала, на работна позиција заменик шеф на оддел за топење.
Олег Чусовитин, на позицијата генерален директор на ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш стапи на 07.06.2021 година.
ДПТУ „боров дол“ ДООел Радовиш
Хумберто Матхеус е роден во 1986 година, во Окумаре дељ Туј, Миранда, Венецуела. По завршувањето на гимназијата во родниот град, своето образование го продолжува во Руската Федерација на Државниот универзитет во Ростов, каде што дипломирал во 2012 година.
Во секторот рударство и метална индустрија работи веќе девет години, а моментално е управител на рудникот за бакар Боров Дол во Радовиш. Своето работно искуство го започнува во 2013 година кога се вработува во Групацијата Солвеј и се приклучува на работниот тим.
Хумберто Матхеус во февруари 2022 година е назначен за управител на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш.
.
Solway Investment Group
Solway Investment Group, GmbH, е приватна меѓународна групација за рударство и производство на метали со седиште во Швајцарија. Главни области на експертиза се инвестирањето во индустриски проекти, рестартирање на производствени компании и развој на гринфилд проекти. Solway Investment Group ги препознава уникатните можности за инвестирање кои можат да направат значително и позитивно влијание врз производниот процес и врз регионот во кој работи.
Solway Investment Group управува рудници и топлиници во Гватемала, Украина, Русија, Индонезија, Аргентина и Северна Македонија, со фокус на производство на никел. Solway Investment Group има силно портфолио на проекти за рударство и метали во разни фази на развој, а Групацијата работи на зголемување на нејзините минерални резерви и капацитет за производство. Solway се стреми да ги врати назад во живот не само своите проекти, туку и локалните заедници-домаќини.
Solway Investment Group ги прифаќа предизвиците и успешно ги менаџира амбициозните проекти. За многу краток временски период, Solway го врати назад во живот рудникот Бучим. Успесите во Северна Македонија покажаа дека иако менаџментот на самото место би можел да биде технички, социјално и економски предизвикувачки, оживувањето на овој проект не беше невозможно.
Solway Investment Group, позитивните промени кои ги спроведува во регионите каде што работи, ги гледа како одличен извор на мотивација. За Solway Investment Group е огромна награда кога ги согледува овие промени. Не само нашите акционери, туку и сите засегнати страни, ја преземат одговорноста за социјалната и економската благосостојба и одржливоста на нашите вработени и на заедниците каде што функционира Solway Investment Group.
Линк кон веб страницата на Solway Investment Group