“Бучим” ДОО Радовиш се стекна со сертификат за систем за управување со безбедност и здравје при работа ISO 45001
Рудникот “Бучим” ДОО Радовиш е меѓу првите компании во Р. Северна Македонија која поседува меѓународен сертификат за систем за управување со безбедност и здравје при работа ISO 45001:2018.
ISO 45001 стандардот претставува менаџмент систем за безбедност и здравје при работа Превземањето на овој стандард вклучува активности за подобрување на процесот за безбедност при работа, а исто така и ја зголемува свеста за ризиците при работа.
Со воспоставување на менаџмент системот за безбедност и заштита при работа се:
- Намалуваат ризиците кон сите заинтересирани страни кои би можеле да бидат изложени на ризиците на компанијата, имено вработените;
- Континуирано подобрување на безбедноста и заштита при работа;
- Воведување на безбедност и заштита при работа и здравје на ниво на целата компанија во согласност со ISO 45001 Сертификатот;
- Производите и процесите се анализирани методично;
- Мерките се дефинирании, набљудувани и одредени.
По спроведена сертификациска проверка на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 45001:2018, “Бучим“ ДОО Радовиш се стекна со овој сертификат.
Поседувањето на сертификат за Систем за менаџмент за безбедност и здравје при работа значи признавање дека сите процеси и постапки кои се спроведуваат во рудникот се во согласност со барањата на стандардот ISO 45001:2018. Сето ова претставува уште една потврда за успешната работа на рудникот “Бучим”.