Рудникот Бучим е компанија која што е општествено и еколошка одговорна и придонесува за одржлив развој.

Бучим е посветен на тоа да влијае позитивно во заедниците каде што работи. Нашата улога на општествена одговорност се однесува на сите аспекти на сите активности, вклучувајќи здравство, безбедност, животна средина и социјални прашања. Ние ги разбираме и интегрираме општествените фактори во нашиот процес на донесување одлуки во сите фази од нашите активности – од истражување и работење до затворање и обновување.

Од 2005 година, Бучим направи значителни инвестиции во заедницата и за заштита на животната средина. Бучим, како една од компаниите на Солвеј Инвестмент Груп, продолжува со своите напори да придонесува за општеството и ќе ги одржи највисоките стандарди за интегритет и транспарентност во своите програми за социјален и економски развој.

Бучим постојано се труди да го подобрува еколошкото влијание. Целта на компанијата е да се идентификуваат, намалат и доколку е можно, целосно да се елиминираат сите значајни влијанија врз животната средина предизвикани од активностите на рудникот. Бучим е насочен кон тоа да преку своите активности не влијае врз животната средина.

Бучим е целосно подржан од својата матична меѓународна компанија – Солвеј Инвестмент Груп и успева да постигне силни позитивни ефекти во општеството. Компанијата е горда на резултатите кои се добиваат со ваквата работа.  

Нашите луѓе

Рударство како дејност бара високо ниво на организација и ангажираност, професионализам, будност и подготвеност на потребите и задачите во секое време да се одговори со соодветно решение.

Во трудоинтензивната индустрија, успехот во голема мера зависи од луѓето. Ниту еден успех на Бучим немаше да биде возможен, ако не се нашите луѓе. Нивната посветеност, енергија и напорна работа е тоа што ни помогна да стигнеме таму каде што сме денес. Преку нашите сегашни и идни вработени можеме да очекуваме силна и просперитетна иднина.

Нашиот тим е составен од луѓе од различни култури, менталитети, обичаи и традиции, но обединети со иста цел. Управувањето и раководењето се врши транспарентно и одговорно.

Бучим има за цел да вработи и обучи вработени од географските области каде што работи и се гордее со тоа што може да им обезбеди на локалните семејства сигурно вработување и сигурен извор на приход.

Нашата примарна одговорност е да го промовираме и заштитиме здравјето, безбедноста и благосостојбата на сите наши вработени  и жителите на нашите локални заедници.

Професионален и личен развој

На вработените во Бучим им е овозможена професионална обука и се охрабруваат да ги развиваат своите вештини преку разновидни практични и теоретски образовни програми.

Дообразување, обуки и  стручно усовршување, професионално квалификување, семинари, учество во образовни програми и обуки и здобивање со потребните лиценци т.е. конитнуираното доквалификување осигурува дека нашите вработени постојано го усовршуваат својот професионален развој.

Социјална политика

Девизата дека луѓето се одлучувачки фактор за успех на секое претпријатие претставува основното мото на Бучим.

Нашите главни приоритети вклучуваат: етички однос помеѓу работодавецот и вработениот, создавање безбедни работни услови, спречување на закани и ризици на работното место, висока продуктивност на трудот со целосна усогласеност со барањата за безбедност и заштита при работа, развој на персоналот, подобрување на животниот стандард на вработените и нивните семејства, подобрување на социјалните услови за вработените и поддршка на нашите локални заедници.

Социјални гаранции

Бенефиции, гаранции и надоместоци за вработените во компанијата се предвидени со законодавството на Република Северна Македонија и регулаторните акти: Колективен договор со кој значително се прошируваат социјалните гаранции на вработените во споредба со постојното законодавство и вработувањето; Договор за вработување, кој ги регулира правата и обврските, односот  “вработен-работодавач”.

Социјален пакет

Социјалниот пакет вклучува: материјална помош за вработените (исплата на отпремина при одење во пензија), материјална помош за работниците и нивните семејства во случај на тешка животна ситуација (сериозна болест, губење на домување итн.), обезбедување на работна облека и средтсва за заштита при работа (согласно со прописите и брањата за безбедност), обезбедена исхрана од сопствена кујна во удобна менза, организиран превоз од местото на живеење до работното место и надоместок за службени патувања.

Безбедност и здравје

Редовното следење на меѓународните барања за подобрување на безбедноста и здравјето при работа се води според корпоративната политика на Солвеј Групацијата за да придонесе кон имплементација на меѓународните стандарди за безбедност и здравје при работа, вклучувајќи го и IS0 45001.

Безбедност

Безбедноста е наш приоритет и суштина на сето она што го правиме. Нашата цел е секој од нашите вработени, секој ден да се врати дома безбедно.

Покрај техничките мерки, како што е натамошниот развој и модернизација на работните единици, внатрешните и надворешните обуки за безбедност и здравје при работа припаѓаат на стандардот за сите нивоа на управување. Тие осигуруваат дека вработените имаат широко познавање на здравствените и безбедносните барања.

Една од нашите главни цели е намалувањето на повредите при работа, а за таа цел редовно се организираат обуки за вработените.  

Подобрувањето на инженерскиот кадар е приоритет за компанијата. Имаме тим од 26 посветени експерти кои имаат положен стручен испит на тема безбедност и здравје при работа.

Во 2014 година, компанијата доби дозвола со матичен број 207 од Министерството за труд и социјална политика за вршење на стручни работи за безбедност при работа. Со Решение на Министерството за труд и социјална политика, Бучим има дозвола да врши стручна работа за проценка на ризикот од концептот за безбедност и да изготви таква изјава и да спроведе програми за обука на вработените за безбедно извршување на нивната работа, со редовно тестирање и контрола на работната опрема.

Службата за безбедност и здравје при работа организира и спроведува обуки за вработените за да можат безбедно да ја извршуваат својата работа. Кога се ангажираат, нововработените веднаш (пред да започнат со работа) треба да присуствуваат на обуката за безбедност при работа, а по завршувањето на обуката на вработените им се доделуваат сертификати за завршено обучување во областа на безбедноста и здравјето при работа. Обуките се повторуваат на секои три години за сите вработени според барањата на законот.

Лиценцираните стручни лица за безбедност се одговорни за спроведување на обуки од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Ова првенствено се должи на силното лидерство во безбедноста и усогласеноста, како и на ригорозното спроведување на безбедносните правила и прописите за безбедност и здравје при работа.

Здравствена заштита

Ние ја оценуваме соодветноста на работниците  пред вработувањето за активностите што ќе треба да ги извршуваат и ги поддржуваме да водат здрав начин на живот кој придонесува кон подготвеност за работа и минимизирање на изложеноста на работното место.

Ние ја поддржуваме спортската рекреација и здравиот начин на живот на нашите вработени. Секој вработен има можност да учествува на спортски настани и натпревари во спортски дисциплини и културни настани. На сите вработени им е овможено спортување и активен одмор во опремени спортски објекти.

Бучим располага со сопствена медицинска амбуланта со специјализиран медицински персонал, во која вработените можат да добијат амбулантска и итна медицинска помош. Исто така располага и со санитетско возило.

Редовните здравствени прегледи за сите вработени се организирани од страна на овластената здравствена организација.

Лична заштитна опрема е обезбедена за секого (маски – респираторна заштита, шлемови, заштитни чевли – чизми, заштитни очила, заштитни ракавици, заштитна облека – јакни, панталони).

Заштита на животна средина

Активностите на човекот и моменталната употреба на ресурсите на земјата се неизбежни. Балансирањето на економскиот раст и еколошки одржливиот развој можеби е клучен предизвик на нашето време.

Нашата дозвола за правилно функционирање  зависи од квалитетот на нашето управување со животната средина. Ја почитуваме вредноста на природните ресурси на нашите земји домаќини. Ние ги разгледуваме влијанијата врз животната средина на сите наши активности и развивме начини за намалување на емисиите во воздухот и емисиите на прашина, одговорно управување со водата и намалување на отпадот.

Материјалите што ги произведуваме се неопходни за човечкиот напредок и ние мора да ги произведеме одговорно.

Нашиот процес на работа постојано се оптимизира со цел да се намали влијанието врз животната средина.

Клучниот инвестициски фокус беше спроведувањето на новиот план за управување со водата за да се минимизира контаминацијата на водата во околината, да се минимизира емисијата на прашина, да се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух и да се имплементираат системи за управување со животната средина и безбедноста кои ги исполнуваат условите наведени во корпоративните политики на Солвеј Инвестмент Груп.

Усовршувањата направени од Солвеј Инвестмент Груп допридонесоа многу за да го подобрат еколошкиот режим, работењето на рудникот и да ги исполнат потребните стандарди.

Рудникот константо ги следи сите аспекти на животната средина и овие извештаи редовно се доставуваат до надлежниот орган за животна средина.

Редовниот мониторинг на животната средина игра клучна улога во одредувањето на потенцијалното влијание што Бучим го има врз околината. Редовно и регуларно според законот се врши мониторинг на животна средина:                             

  • Мониторинг на воздухот
  • Мониторинг на изворите на емисии
  • Испитувања на отпадни води
  • Мониторинг на бучава
  • Мониторинг на почва
  • Мониторинг на подземни и површински води

Пошумување

Со цел да се влијае на подобрувањето на условите во животната средина околу рудникот Бучим, во периодот од 2006 до 2010 година беше извршена рекултивација под научен надзор, спорведена од државна универзитетска институција, и  со тоа  целосно и комплетно е зашумена низводната косина на браната на хидројаловиштето. Засадените дрвја ја стабилизираат  низводната косина на браната и со тоа допридонесуваат за намалување на еолската ерозија.

Пошумувањето на површината е тековна активност.

Управување со отпад

Планот за управување со отпад на рудникот ги исполнува условите на  IPPC дозволата од 2015 година, кој ги опфаќа потребните елементи и е спроведен околу локалитетот.

Управувањето со различните видови отпад во Бучим се врши во согласност со Програмата за управување со отпад за 2019-2021. Рудникот Бучим има склучено договори со лиценцирани изведувачи за отстранување на разни видови отпад. Во Бучим постојат неколку управители за отпад кои добиле сертификати од Министерство за животна средина и просторно планирање со положен национален испит за вршење на активности за управување со отпад.

Управување со јаловина

Рудничката јаловина и флотациската јаловина, произведена од преработката на рудата, се правилно распоредени во согласност со плановите за управување со отпад.  Ископаната рудничка јаловина се депонирана во одлагалишта – коповско јаловиште, а флотациската јаловина во хидројаловиште.

Хирдојаловиштето на Бучим е изградено и функционира според македонските регулативи и се подложува на редовни инспекции од страна на локалните власти и државните органи. Изведбата на хидројаловиштето на рудникот Бучим беше успешно ревидирано од реномираната меѓународна консултантска фирма ” Golder Associates” во 2016 година.

Управување со водите

Солвеј Инвестициската Групација имплементираше нов план за управување со водите за да ги прифати водите кои се испуштаат од рудникот и коповското јаловиште. Со целосната имплементација на планот, рудникот Бучим нема неконтролирани испуштања на вода. Сите води кои дренираат низ коповско јаловиште се прифаќаат и се пренасочуваат во технолошкиот процес за добивање на катоден бакар.

 Фабриката за лужење беше клучен дел од спроведувањето на планот за управување со водите. Овој објект му овозможи на рудникот подобро да го контролира процесот на истекување на водите од коповската јаловина и да обезбеди заштита на подземните води.

Атмосферските води од рудничкиот круг се собираат и се одведуваат во земјен таложник под стражара каде истите механички се исталожуваат и се испуштат во суводолица која завршува во Тополничка река.

Во процесите за намалување на потрошувачката на вода се применуваат разумни мерки. Водата што се користи во флотациската работна единица редовно се рециклира во процесот за да се минимизираат барањата за користење на водните ресурси.

Со успешно надминување на предизвиците во последниве години поврзани со собирањето и третманот на технолошките, санитарните и атмосферските води во оперативните објекти, рудникот Бучим покажа одлични резултати во заштитата на природата и еколошката ремедијација на водата, почвата и подземните води регионално.

Емисии во воздух и прашина

Mаксимално се трудиме да го минимизираме загадувањето во воздухот. Се применуваат техники за созбивање на прав, вклучително и наводнување на патиштата во рудникот, системи за водно оросување се поставени на трансферните точки за руда, а издувните приклучоци на производствените простории се опремени со ротоклони, циклони и филтри.

Ревегетацијата на браната исто така значително ги намали емисиите на прашина. 

Емисиите во воздухот редовно се следат преку мерење на граничните вредности на  емисии од стационарни извори, како и континуирано мерење во областите што го опкружуваат нашиот рудник за да се спречат негативните ефекти врз животната средина.

Бучава

Мониторингот на амбиентална бучава го спроведува надворешен изведувач кој ги следи и анализира податоците за бучава на шест мерни точки. Нивото на бучава е во согласност со применливите национални и меѓународни барања.

Сертификати за животна средина

Бучим го имплементираше ISO 14001:2015. Во 2008 година, ја помина сертификацијата на системот за управување со животна средина (EMS) од страна на меѓународно тело за сертификација. Во 2018 година е ресертифициран во нов стандрад ISO 14001: 2015.

Врз основ на исполнетите услови, рудникот Бучим доби А-Дозвола за усогласување со оперативен план со број 11-7015/2 на 01.09.2015 година.

Дополнително за фабриката за лужење ДПТУ Бучим ДОО – Радовиш, доби А интегрирана дозвола.  Инсталација за лужење на бакарни руди и добивање на катоден бакар со број 11-4275/3 од 13.07.2018 година.

Социјална одговорност

Бучим ја препознава важноста да придонесува за заедниците. Нашата цел е да се здружиме со иницијативи и организации за зајакнување на севкупниот квалитет на живот во заедниците-домаќини, каде што нашите вработени живеат и работат. Луѓето треба да чувствуваат дека компанијата што работи во близина на нивните домови е социјално ангажирана и работи во насока на нивните интереси. Нашиот развој и  историја чекори заедно со општеството. Ние сме најголемиот приватен работодавач во регионот и нашите вработени и нивните семејства се од суштинско значење за нас. 

Исто како што ние и нашите вработени се важни за развојот на општеството, така и општеството е важно за нас. Одржувањето на тековна, отворена комуникација  со локалните жители и другите заинтересирани страни за нашето работење се овозможени, како што и соработка со локалните оператори и спонзорирање на разни здруженија и настани.

Бучим дава приоритет за поддршка во следните области:

  • Здравство
  • Спорт
  • Образование
  • Животна средина

Спорт

Спортскиот и активниот начин на живот се врвен приоритет во социјалната политика на Бучим и како таква, компанијата постојано инвестира во поддршката на развојот на сите спортски клубови во Радовиш. Обезбедуваме помош во одржувањето и опремувањето на спортски стадиони, игралишта и терени и спортски сали.

Бучим ја поддржува активноста на многу спортски клубови во регионот – фудбал, борење, ракомет, одбојка, карате, кошарка, пинг-понг, велосипедски клуб, триатлон…

Култура и традиции

Регионот има богати сочувани традиции и многу таленти во областа на културата. Развојот на локалната заедница и вклученоста на заедницата директно не засегаат нас. Бучим ги согледува и ги зема во предвид карактеристиките на заедницата, како и историјата на заедницата, културата, религијата и традициите. Бучим е партнер на сите културни организации во регионот, поддржувајќи ги локалните аматерски групи, фолклорни ансамбли, балетското студио  и културни настани од сите видови во локалните општини.

Здравствена заштита

Здравствената заштита е приоритет во социјалната политика Бучим, обезбедувајќи неопходна опрема за здравствените установи им даваме поддршка и допридонесуваме за нивното унапредување и нивниот развој.  Бучим го поддржува локалниот Здраствен дом секогаш кога има потреба.

Бучим има целосна партнерство со Црвениот крст Радовиш.

Лица со посебни потреби

Грижата за лицата со посебни потреби е од големо значење за Бучим.

Бучим го поддржува дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака” од Радовиш и Државната средна школа за образование и рехабилитација “Искра” од Штип.

Образование

Образованието е дел од социјалната политика Бучим и компанијата постојано инвестира во развојот на оваа област. Бучим зема учество во активностите на локалните училишта, со цел да им се помогне на младите да се развиваат и образуваат, обезбедувајќи поддршка на училштата кога и да имаат потреба.

Solway Music Fellowship

Solway Music Fellowship – стипендиската програма на Солвеј им нуди на младите таленти од регионите каде што Solway Investment Group работи, можност да го посетат најреномираниот светски фестивал на класична музика преку учество во меѓународниот музичкиот камп во Салцбург за деца и млади. Тоа е едукативна програма дизајнирана да ги интегрира младите таленти, помеѓу 14 и 17 години, од локалните заедници во современ живот преку изучување на англискиот јазик, доживување на уметноста и прилагодување на нивните културни традиции во реалностите на новиот свет. Solway Music Fellowship е можност укажана на младите членови на семејствата на вработените во Солвеј Групацијата од Украина, Северна Македонија и Гватемала. Како резултат на процесот на аплицирање во два чекори, наградените таленти добиваат можност да учествуваат во меѓународниот музички камп во Салцбург.

Линк кон веб страницата  на Solway Music Fellowship Program

МЕХАНИЗАМ ЗА ПОПЛАКИ И ЖАЛБИ

Бучим користи механизам за поплаки и жалби за да обезбеди континуирано следење и подобрување на односите помеѓу Компанијата и засегнатите страни вклучително и вработените како и заедниците кои се наоѓаат во областите под влијание на Компанијата, а кои, меѓу другото, влијаат врз добавувачите и потенцијално засегнатите страни кај добавувачите итн., да ги изразат своите грижи и поплаки, вклучително и оние поврзани со Човековите права.

Механизам за поплаки и жалби помага да се постигнат следните цели 

  • идентификување на поплаките и жалбите упатени од засегнатите страни кон Компанијата преку едноставна и достапна процедура;
  • воспоставување процедура за евидентирање, евалуација и одговарање на каква било поплака добиена од која било засегната страна;
  • овозможување на јасен и транспарентен процес за која било засегната страна;
  • обезбедување на брзо решавање на поплаките и жалбите;
  • овозможување различни канали за примање и соопштување на поплаки и жалби.

ПРОЦЕДУРА ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПОПЛАКИ И ЖАЛБИ

 Основни чекори

Чекор бр.1  Примање и следење на поплаки и жалби

  • прием, регистрација, анализа и првична класiфикациja
  • известување на заинтересираните страни

Чекор бр.2  Разгледување и истражување на поплаки и жалби

  • дијалог со странките кои се жалат;
  • анализа со учество на сите засегнати страни;
  • добивање на потврда за прием

Чекор бр.3  Развивање можности за решавање, подготовка на одговор и затворање на

случајот

  • изработка на решенија за страна, поднесувачот на жалба, на пример, со склучување на мирно решавање на спорови;
  • спроведување/реализација на резолуцијата.

Чекор бр.4  Следење, известување и оценување на механизмот за поплаки и жалби

  • следење на механизмот за поплаки и жалби;
  • информирање на поднесувачот на барањето за состојбата на спроведување на истите; евалуација на механизмот за поплаки и жалби во однос на индикаторите за управување

Рокови

Чекор 1. Потврда за примање на поплаката и жалбата и нејзината регистрација – во период 3 работни дена;

 

Чекор 2.  Известување за прифатливост на поплаката и жалбата или доколку поплаката и жалбата е недопуштена – во период 15 работни дена;

Чекор 3.   Известување за одлука и одговор – во период од 15 работни денови.

Времето на чекорите 2 и 3 може да се варира во зависност од комплексноста на поплаката и жалбата.

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ВИДИТЕ МАПА НА МЕХАНИЗАМ ЗА ПОПЛАКИ И ЖАЛБИ

ПОДНЕСИ ПОПЛАКА И ЖАЛБА

Онлајн формулар за поплаки и жалби

Преземете го

Поплаките и жалбите може да се поднесат до Бучим преку било кој од следниве канали:

Eлектронска пошта: grievancebox@borovdol.mk или  grievance@solway.ch

Tелефонски број: +38970288700

Поштенска адреса: ул. Свети Спасо Радовишки бр.1 2420 Радовиш

* Потенцијално зафатените засегнати страни за Бучим можат да поднесат жалба до Solway Investment Group, со испраќање по е-пошта на grievance@solway.ch или со контактирање на канцеларијата на Solway во Швајцарија по телефон +41417400400. Жалбите се поднесуваат до главната канцеларија ако процедурата на локалниот механизам за жалби е исцрпена и по повторното поднесување на жалбата, потенцијално засегната страна смета дека жалбата не е решена.

Онлајн формулар за поплаки и жалби