“Бучим” ДОО Радовиш би сакал да ги разјасни информациите кои беа лажно објавени од страна на медиумите за смртта на еден вработен во рудникот ова утро.
Работникот во Бучим, кој ги извршувал своите должности како возач, почина додека бил на работа утринава, на 6 февруари 2019 година. Во времето на неговата смрт, починатиот работел на местото и паднал веднаш до возилото за кое бил задолжен. Медицински персонал на Бучим веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и е упатен кон Здраствениот Дом во Радовиш, каде е констатирана смрт.
Сите служби што се бараат со закон во таков случај беа повикани на место. Медицинскиот персонал и полицијата ја идентификуваа првичната причина за смрт како природна. На работникот редовно му се вршени рутинските здравствени прегледи согласно законите на Република Македонија. Ќе се формира комисија која ќе ја изврши конечната проценка за причината за смртта во согласност со сите законски барања. Инцидентот не влијаеше на тековните оперативни процеси на рудникот.
“Бучим” ДОО Радовиш и неговиот сопственик Solway Investment Group го искажуваат своето искрено сочувство до семејството. Во согласност со законите на Република Македонија и според внатрешните протоколи, Бучим ќе ги исплати сите надоместоци на семејството на починатиот.