28.02.2020

Поддршка за реконструкција на црковниот храм “Свети Пророк Илија” во Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол, како општествено одговорни компании, одговараат на потребите на општеството и допридонесуваат за развојот на локалните заедници.

Како дел од својата политика за одржливост и програмата за зачувување на културното наследство, Бучим и Боров Дол се вклучија во помагањето за реконструкцијата на храмот „Свети Пророк Илија“ во Радовиш, кој датира од првата половина на 19 – ти век. На одржаната донаторска средба, во организација на МПЦ-ОА Брегалничка епархија,  рудникот Бучим, заедно со рудникот Боров Дол,  донираа 7.000 евра за реновирање на црковниот храм кој е изграден пред повеќе од 200 години и има културно и историско занчење за регионот.

Ние ја препознаваме важноста да допридонесуваме за развојот на локалната заедница и со нашето работење, се стремиме и паралелно да и помагаме на заедницата. Возобновувањето на црковниот храм е доглорочна, одржлива придобивка за регионот кој го задржува културното наследство за многу идни генерации.” – изјави Николајчо Николов заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш.

Павел Кривинскиј, управител на Боров Дол “Вложувањето во заедницата е нераскинлив дел од секој сегмент на нашето работење.  Задоволство ни е што се приклучивме кон поддршка на овој проект за зачувување на најстариот црковен храм во Радовиш, кој ќе биде од полза за жителите на општината

IMG_4350 Bucim

Бучим ДОО Радовиш доби награда за долготрајното членство во Стопанската комора на Македонија

По повод одбележувањето на деведесет и осум годишнината на Стопанската комора на Македонија, на 19.02.2020 година, беа доделени награди и признанија на компании-членки кои со своите активности ја обележаа 2019 година и кои долги години придонесуваат за коморското работење и за развојот на македонското стопанство.

На одбележувањето на 98-та годишнина од постоењето на Комората, рудникот Бучим беше одликуван со „Награда за долгогодишна активна членка на Стопанската комора на Македонија“. Наградата, која претставува официјално признание на бизнис заедницата за придонесот на рудникот Бучим кон развојот на македонското стопанство, му беше врачена на заменик генералниот директор на Бучим ДОО Радовиш, г-дин Николјачо Николов.

Рудникот Бучим постојано се труди и прави напори преку своите инвестиции и активности да допридонесува за развојот на македонското стопанство. Афирмацијата за работењето и придонесот на рудникот, од страна на бизинс заедницата, нам ни дава уште поголем поттик за понатамошно работење, инвестирање и подобрување на македонската економија.” истакна Николајчо Николов, заменик генералeн директор на Бучим ДОО Радовиш.

Рудникот Бучим, како долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, активно е вклучен во работата на Македоснката асоцијација на рударството – МАР, како и во работата на органите на Комората.

Настанот се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје, во присуство на претставници на стопанството, претставници на државните институции и на дипломатскиот кор.

jung-und-jeder-jugendprogramm-salzburger-festspiele

Стипендиската програма на Бучим е дел од проект номиниран за интернационална образовна награда FEDORA

Салцбуршкиот фестивал во 2020 година ја одбележува првата сезона во која стипендиската програма на Бучим и Солвеј – Solway Creative Fellowship, е вклучена во новата програма на фестивалот – Jung&jede*r, која минатата недела беше номинирана за FEDORA образовна награда.

Стипендиската програма – Solway Creative Fellowship е воведна во 2016 година, кога матичната компанија на рудникот Бучим – Solway Investment Group влезе во партнерство со Салцбуршкиот фестивал и стана официјален спонзор на оперските кампови за деца и млади во Салцбург.

Во текот на изминатите години, од 2016 година, над 60 млади талентирани ученици од Радовиш и Конче учествуваа во образовната стипендиска програма на Солвеј. Секоја есен, рудникот Бучим објавува јавен повик за млади таленти, кои би сакале да продолжат да ги развиваат своите таленти, да учат англиски јазик и да бидат дел од меѓународен оперски камп, каде заедно со деца од целиот свет изведуваат оперска претстава. Стипендиската програмата Solway Creative Fellowship е насочена кон поддршка и проширување на идните перспективи на младите талентирани деца со интегрирање на нивните национални културни искуства во меѓународен контекст.

Минатата недела, Европската културна и филантропска мрежа, FEDORA, објави дека програмата на Салцбушкиот фестивал – Jung&jede*r, е влезена во потесен избор за FEDORA образовна награда – признание за креативен и иновативен проект кој истовремено ја поттикнува и социјалната интеграција помеѓу учесниците.

Воодушевени сме што програмата во која индиректно е вклучен Бучим, е номинирана за образована награда. Поддршката на проект кој е признат на пан-европско ниво докажува дека Бучим е на вистинскиот пат во неговите напори да влијае позитивно на одржливиот развој на локалните заедници во кои работи компанијата.” – изјави Никоjачо Николов, заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш.

За FEDORA

FEDORA е Европска културна и филантропска мрежа и иницијатива, избрана од страна Европската комисија која е поддржана од финансиската програма “Креативна Европа“. Ова финансирање и овозможи на иницијатива да отвори Европска платформа која поддржува уметнички иновации во операта и балетот преку приватно финансирани награди. Наградите на FEDORA се признание за новите таленти и идеи во операта и балетот кои ќе ја обликуваат иднината на овие уметнички форми.

Bucim 01.02.2020

Бучим продолжува да ги поддржува младите таленти од локалните заедници

Како дел од програмата за стипендирање на млади таленти за музичкиот камп воведена од матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал, рудникот продолжува со поддршката на млади креативни жители на Радовиш и Конче.

Вложувањето во заедницата и нејзините граѓани, е една од главните цели на компанијата. Општествено одговорните иницијативи на Бучим се насочени кон подобрување на животот на луѓето кои живеат во заедниците во кои рудникот работи. Ние помагаме во многу различни области од животот, вклучително и образованието и развојот на младите, културата, спортот и уметноста.

Друга важна цел на социјалните активности на Бучим, е да ги негува наредните генерации на креативни таленти. Ова го правиме со создавање на контакт помеѓу новите таленти и реномирани меѓународни институции за култура, а вооедно и ги поттикнуваме и спонзорираме со учество во меѓународната програма на Солвеј за стипендии на музичкиот камп.

Десетгодишната радовишанка Јана Јованова, е премлада за да учествува во стипендиската програма, но сепак зад себе бележи бројни меѓународни успеси иако само три години свири на пијано. Таа има многубројни настапи, први награди, специјални награди и титула лауреат на државни и меѓународни натпревари, меѓу кои и на меѓународниот натпревар Антонио Вивалди во Виена. Досега има добиено над 20 први награди, а воедно е и најмладиот уметник досега кој се здбоил со “Шестоноемвриско признание” со златна плакета за посебни достигнувања во областа на културата и уметноста и афирмација на општина Радовиш.

Во изминатите години, рудникот Бучим и потпомогна за нејзините учества на неколку меѓународни натпревари, на кои младата пијанистка со својата изведба го докажа својот потенцијал. Оваа година, Бучим и обезбеди дигитално пијано, кое ќе и овозможи на Јана да продолжи да вежба и да се движи напред кон своето музичко патување.

Поддржувајќи ги младите и амбициозни таленти во нашите локални заедници, ја стимулираме нивната способност за напредок и да послужат како пример за другите. Јана е пример за музички надарен млад човек со огромен потенцијал да стане реномиран уметник. Драго ни е  што имаме можност да и обезбедиме соодветен инструмент и да одиграме барем мала улога во исполнувањето на сонот на една исклучителна млада талентирана личност.“- истакна Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш.

DSCF3849

Јубилејни награди за 15 години непрекината работа во БУЧИМ ДОО Радовиш

Бучим ДОО Радовиш од Јануари 2020 година започна со исплаќање на јубилејна награда на вработените во рудникот кои согласно Колективниот договор ги усполнуваат условите за тоа.

Врз основа на член 113 став 2 од Законот за работни односи, член 35 став 3 алинеја 3 од Општиот Колективен Договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија како и член 26 од Статутот на ДПТУ “БУЧИМ” ДОО – Радовиш, Органот на Управување –Управители донесе одлука на сите вработените во Друштвото со непрекината работа во ефективно траење од 15 години да им се додели јубилејна (парична) награда за 15 години непрекината работа кај ист работодавач.

Основица за пресметување на јубилејната (парична) награда ќе биде во висина на една просечна месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните 3 месеци сметано на денот на исплатата.

Исплатата на паричниот надомест по основ јубилејна парична награда, започна да се применува од 01.01.2020 година при исплата на платата за месецот кој истекол за вработените кои се стеканале со правото на исплата во тој месец. До крајот на година, се очекува да бидат нагарадени околку 210 долгогодишни работници на рудникот.

Ги почитуваме законските норми и трудот на лојалните и вредни вработени соодветно го вреднуваме. Ние ја цениме посветеноста на нашите вработени и свесни сме за одговорноста на работата што ја извршуваат. Вработените се столбот на нашиот успех и грижата за нашите вработени и понатаму ќе продолжи”, истакна  Николајчо Николов, заменик генереален директор на Бучим ДОО Радовиш

PIC_2699

Новогодишни пакетчиња за најмлaдите

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници рудникот Бучим им ги честиташе претстојните празници на најмалите со пригодни новогодишни пакетчиња.

Грижата за општеството и за заедницата отсекогаш се биле дел од фокусот на компанијата. Во текот на целата година рудникот активно спроведуваше голем број на општествено одговорни практики и донации, но како и секоја година, со особено задоволство годината ја завршува со доделување на над илјада новогодишни пакетчиња.

Во последната недела од годината и оваа година, традиционално рудникот Бучим подарува новогодишни пакетчиња на дечињата од детската градинка “Ацо Караманов”, на децата на вработените во рудникот Бучим, на децата во домот за згрижување на деца без родители Емануел и на корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака. Рудникот Бучим исто така додели и новогодишни пакетчиња на Општинската организација Црвен крст – Радовиш и на Здружението на турците за хуманитарни и културни активности Кудрет Јашам Дернеѓи за децата од социјално загрозени семејства од општина Радовиш и општина Конче.

Празниците се одлична прилика да создадеме повеќе радост и незаборавни моменти за секој од нас. Ова е наша традиционална новогодишна активност која со задоволство ќе ја продолжиме и се надеваме дека и во иднина ќе успеваме да придонесуваме за детската радост во овој период од годината.” –  Никoлајчо Николов, заменик генерален дирeктор на Бучим

IMG_3145

Безбедноста и здравјето при работа е важен сегмент во работењето на рудникот Бучим

Рудникот Бучим како одговорен работодавач, континуирано обезбедува соодветни обуки  за стручно усовршување на своите вработени во областа на безбедноста и здравјето при работа, со цел да им ги прошири знаењата и вештините за подобро и побезбедно работење кое доведува до тоа да се подобри состојбата на вработените преку намалување на повредите и несреќите на работното место.

За таа цел, минатата недела во просториите на рудникот Бучим, во организација на ТЕХНОЛАБ Скопје, се одржа обука на тема:Употреба на лична заштитна опрема на работни места изложени на хемиски штетности. На оваа обука земаа учество 25 стручни лица од работните единици на Бучим и 10 надворешни заинтересирани стручни лица за БЗР.

Преку изложување на практични примери и активно учество на учесниците на обуката, на стручните лица им беше овозможено запознавање со опасностите и штетностите кои произлегуваат од работните места изложени на хемиски штетности, ризиците со кои можат да се соочат вработените како и мерките кои се применети и треба да се применуваат за безбедно извршување на задачите.

Безбедноста и здравјето при работа има значајно место во работењето на рудникот и затоа Бучим се стреми кон вопоставување на модерни, функционални и усогласени системи за безбедност и здравје при работа. Образованието и обуката на вработените од областа на безбедност и здравје при работа се едни од најважните фактори за безбедност и здравје при работа. Рудникот Бучим се  стреми да обезбеди што е можно повеќе информации и знаења за своите вработени. Колку е поголема општата свест, толку е помал ризикот од повреди при работа. Обуките овозможуваат да се подигне способноста за соодветно постапување во дадена ситуација на повиско ниво. Секој вработен треба да ги знае основните правила за заштита и истите се стекнуваат со постојаното залагање и вложување од областа на безбедност и здравје при работа.

 “Бучим е компанија која го следи и почитува законот за Безбедност и здравје при работа. Ние постојано вложуваме во здравјето и безбедноста на своите вработени и работиме на креирање на превентивна култура за елиминирање и справување со ризиците по безбедноста и здравјето на работниците. Во таа насока, едукацијата е неопходна. Преку едукацијата и размената на искуства се зајакнува и способноста за соодветно и безбедно работење и токму затоа ние посветуваме посебно внимание за обука и доусовршување на нашите вработени. ” истакна Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим

DCIM100MEDIADJI_0318.JPG

Изградбата на Боров Дол се одвива според планот за развој

Новиот рудник за бакар „Боров Дол“ продолжува со инвестициите според планот.  

Сите подготвителни работи за изградба на транспортната трака се завршени, а подготвителните работи за постројката за примарно дробење и инвестициската раскривка се во завршна фаза.

Одобрена е втората транша од инвестицискиот кредит од Комерцијална банка АД Скопје во износ од 5,5 милиони евра и беше искористена за финансирање на изградба на транспортната трака, изработка на опрема за примарно дробење и инвестициска раскривка. Вкупната цена на проектот изнесува 60 милиони евра, а изградбата на објектите ќе започне во 2020 година.

Според планот, Боров Дол треба да започне со работа во септември 2020 година. Во текот на предвидениот животен век, моментално проценет на 10 години, се очекува Боров Дол годишно да произведува приближно 4,5 милиони тони бакарна руда.

Проектот Боров Дол го наследува 40-годишниот рудник Бучим, кој моментално е во завршен процес. Градежните и оперативните планови обезбедуваат минимално влијание врз животната средина врз соседните региони и взаемна корист на вработените, инвеститорите и жителите на општините Конче, Радовиш и Штип.

За да се минимизира влијанието врз животната средина, Боров Дол ќе ги користи веќе постоечките постројки на Бучим за преработка и складирање на руда, а ископаната руда ќе се транспортира преку покриена транспортна трака долга 7 км. Ваквото современо инженерско решение за транспорт на руда, го контролира ширењето на прашина и го сведува загадувањето на воздухот на минимум. Со новиот рудник се зачувуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така се создаваат и нови можности за жителите на општина Конче, на која што и припаѓа поголемиот дел од концесијата за рудникот Боров Дол.

Нашата цел е да воспоставиме одржлив развој на Боров Дол, посветувајки се на еколошките, социјалните и безбедностите стандарти, со што ќе придонесеме за позитивен развој на рударството во регионот.‘“ – Павел Кривинскиј, Управител на Боров Дол

KV_Solway 2020MK

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО 4-та СТИПЕНДИСКА МУЗИЧКА ПРОГРАМА НА СОЛВЕЈ

Солвеј повторно им дава можност на младите талентирани ученици за бесплатно учество на меѓународниот музички камп за деца и млади во Салцбург, во летото 2020.

Рудникот “Бучим”, филијала на Групацијата Солвеј Инвестмент во Северна Македонија, го отвори својот годишен повик за стипендиската програма на Солвеј за музичкиот камп. Изборен дел исто така се организира и во градови во Украина и Гватемала, каде што се лоцирани дел од фирмите на Солвеј Инвестмент Груп.

Децата на вработените во Бучим, како и ученици од уметнички групи и образовни институции, поддржани од компанијата, коишто имаат некаков талент во музика, применета уметност, етнички занает, актерство или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да учествуваат во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде од 14 – 17 години.

Образовната стипендиска програма на Солвеј  се состои од изборен дел во два дела и се доделува со заедничка одлука на жирито. Жирито е претставувано од страна на Салцбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Одборот на Групацијата Солвеј Инвестмент. Жирито ќе ја оценува креативноста на кандидатите, нивните уметнички, театарски или музички вештини, како и комуникативните вештини, а не бројот на дипломи или уверенија што кандидатот ги има освоено.

Пријавувањето започнува од 01 декември, 2019. Крајниот рок за поднесување на пријава е 15 јануари, 2020.

Во првиот изборен дел, одбраните кандидати ќе треба да посетуваат 20-неделен курс по англиски јазик, за да стигнат до вториот дел на елиминација, кој ќе биде на крајот од април, 2020 година. Кандидатите ќе се квалификуваат за втората фаза со изработка на креативна видео презентација во времетраење од 90 секунди. Овој пат, видеата мора да бидат снимени на англиски јазик, и кандидатот мора пак да ги презентира и покаже своите способности и таленти во некоја од уметничките дисциплини.

Двајца од најкреативните, најкомуникативните, најспособните и најталентираните финалисти ќе бидат избрани за патување во Салцбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела на Салцбуршкиот музички камп за деца и младинци, кој што ќе се одржи во август, 2020, во Австрија.

Моника Трајанова и Стефан Ефтимов од Радовиш, се финалистите кои ова лето беа дел од музичкиот камп во Салцбург.

За повеќе детали, како и за пријавување за стипендијата за музичкиот камп Солвеј ве молиме посетете ја интернет страницата: 

http://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

DJI_0201

ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Како општетствено одговорна компанија, рудникот Бучим, ги поддржува своите локални заедници и е посветен на тоа да влијае позитивно во заедниците каде што работи.  Целосно поддржан од  својата матична меѓународна компанија – Солвеј Инвестмент Груп, рудникот успева да постигне силни позитивни ефекти во општеството и е горд  на резултатите кои се добиваат со ваквата работа.  

На 28 Август, Денот на македонските рудари, а воедно и денот во кој што рудникот Бучим ги одбележа своите два значајни јубилеи – 40 години од своето постење и 15 години дел од Солвеј Инвестмент Груп, рудникот Бучим на општините  Радовиш, Штип и Конче им подари вредносни ваучери кои тие ги искористија за решавање на некои од потребите на општините.

Еден од ваучерите им обезбеди затоплување на 80 дечиња. Клонот “Пчелка”, во состав на детската градинка “Вера Циривири Трена” во Штип, со донацијата од рудникот ќе има нов систем за греење на пeлети, кој беше долгогодишен проблем на градинката во Штип.

Општина Радовиш го искористи ваучерот за опремување на занималните со потребниот инвертар во детската градинка “Ацо Караманов” во Радовиш и за набавка на  мултимедијална технологија за остварување на образовните цели на основното училиште “Коста Рацин” во с. Подареш, Радовиш, со што во училиштето се придонесе за подобрување на квалитетот на образовната настава.

Општина Конче набави комунална механизација за подобрувње на капацитетот на општинското јавно претпријатие и квалитетот на јавните услугите и за одржување на инфраструктурата и подобрување на хигиената во општината. Групацијата Солвеј Инвестмент Груп преку своите активности е насочен кон поддршка за развивање и подобрување на општините во кои што што работи.