Bucim 40_15

БУЧИМ ДОО Радовиш слави 40 години успех

Денес “Бучим” ДОО Радовиш, единствениот рудник за бакар во Северна Македонија, слави 40 години во рударската индустрија и придонес во економијата на земјата, регионот и градот. Официјалната прослава се одржа утрово во рудникот, во присутство на Премиерот на Република Северна Македонија, други почесни гости, партнери и граѓаните на општина Радовиш.

Во 2019 година, Бучим ги одбележува своите 15 години работење во рамките на групацијата Solway Investment Group со седиште во Швајцарија. Уште од своето основање во 1979 година, Бучим ги поздравува сите промени и можности потребни за да се развива, постои и да остане успешен производител, одговорен сосед и одговорен работодавач.

Во текот на изминатите 15 години, Бучим доживеа исклучителен раст и развој. Денес рудникот Бучим е водечки рударски проект и единствен оперативен рудник за бакар во Република Северна Македонија со годишен производствен капацитет од над 40.000 тони бакарен концентрат кој содржи злато.

За да го обезбеди успехот на Бучим, Solway Investment Group, од 2005 година инвестираше над 78 милиони евра во модернизацијата и развојот на рудникот. Бучим константно придонесува за иницијативите за безбедност и здравје при работа, заштита на животната средина и развојот на граѓанската инфраструктура на Бучим, неговиот роден град и соседните општини. Износот на социјални инвестиции во развојот на граѓанската инфраструктура, безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина од 2005 година изнесува околу 5 милиони евра и расте на годишно ниво.

Во своето обраќање, по повод празнувањето на јубилејот, Премиерот на Република Северна Македонија, г-н Зоран Заев рече:” Продолжуваме заедно да работиме на унапредување и развој на рударскиот сектор во Република Северна Македонија како важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите!”

Васил Борутскиј, генерален директор на Бучим ДОО Радовиш: “ И покрај сите проблеми поврзани со добивањето на дозволите, проектот Боров Дол е во тек и ние планираме да ја транспортираме првата руда од рудното тело Боров Дол во погонот за флотација на Бучим пред следниот празник на рударите во 2020 година. Имплементацијата на проектот „Боров Дол“ ќе овозможи продолжување на животниот век на  рудникот најмалку за 10 години со значителни годишни придонеси во буџетите на државата и општините”

Николајчо Николов, заменик директор на Бучим ДОО Радовиш додаде: „Пред четири децении, рудникот се предвидуваше да работи само 17 години, а еве не денес славиме 40 години! Тоа е сведоштво за успешното работење на Бучим. Нашите достигнувања беа импресивни, и сега нашата иднина е најважна за нас.  Чест ни е што ги славиме нашите достигнувања заедно со нашите вработени и партнери. Ова се импресивни 40 години и со нетрепение ги очекуваме наредните 10, за да прославиме 50!”

Во 2018 година компанијата започна проект за отворање на новото рудно тело – Боров Дол, кој ќе овозможи продолжување на ископувањето на бакарнтаа руда до 2030 година и со тоа ќе се максимизира животниот век на експлоатација, флотацијата и другите постоечки објекти во рудникот Бучим.

Беспрекорната репутација на раководството на Бучим, нивната подготвеност да се прилагодат на променливите барања на современиот свет и ефикасна инфраструктура изградена низ годините, отвораат уникатни можности за понатамошна регионална консолидација и заеднички безбеден развој на други рударски проекти, минимизирајќи го влијанието врз животната средина.

Дан Бронштејн, Претседател на одборот на Директори на Solway Investment Group изјави: “40-годишнината на Бучим е совршен повод да се навратиме назад во минатото, но и да погледнеме напред на иднината. Во 2005 година, потребна беше одредена креативност и желба да се соочат со пресметани ризици за да го доведат Бучим до успех. Можам да кажам дека мило ми е што ја искористивме оваа можност пред 15 години и покрај сите технички, социјални и економски предизвици, ги испорачавме нашите ветувања. Би сакал да се заблагодарам на Владата на Северна Македонија, луѓето од Радовиш, вработените во Бучим, нашите партнери и останатите засегнати страни за лојалноста и довербата што ја покажаа во текот на овие години. Верувам дека со такво вклучување и поддршка, заедно ќе имаме многу просперитетни години во иднина.“ 

news1

Млади таленти на Salzburg Festival’s Opera Camp

Млади талентирани радовишани ќе ја претставуваат својата земја на Salzburg Festival’s Opera Camp 2019

Организациониот комитет на Solway Music Fellowship во соработка со Salzburg Festival избра вкупно 6 финалисти од Македонија, Украина и Гватемала кои ќе бидат дел од Opera Camp во Салцбург. Повеќе од 40 креативци, на возраст од 14 – 17 години, изразија интерес за аплицирање за програмата. 39 го продолжија своето патување до славата по завршувањето на првиот круг на елиминација, а само 6 (по 2 од земја) добија целосна стипендија, која ги покрива трошоците за патување и виза, сместување, како и едукативни и забавни активности во Салцбург, Австрија.

Стефан Ефтимов и Моника Трајанова од Македонија, Мигел Тиул и Карлос Гузман од Гватемала, Артур Ардејан и Анастасија Лавренјук од Украина, добија извонредна можност да го доживеат најреномираниот светски фестивал на класична музика учествувајќи на Salzburg Opera Camp за деца и млади. Финалистие ќе поминат една недела (4 август до 10 август), без своите родители, во Schloss Arenberg, каде ќе работат со светски познати едукатори за музика, театарски професионалци, сценски дизајнери и танчери, додека ја поставуваат уникатната верзија на операта “Едип” на Џорџ Енеску, која ќе се изведува на Salzburg Festival. Младите победници ќе присуствуваат на пробата на “Едип” и ќе имаат можност да одат зад сцената. На крајот од неделата, заедно со другите ученсици од кампот, ќе изведат своја верзија на операта пред публика.

39-те избрани кандидати требаше да поминат 24 неделен курс по англиски јазик со цел да стигнат до вториот елиминациски круг. Како нивна последна задача, апликантите мораа да снимат 90-секундно креативно видео во кое на англиски јазик ќе ги изразат своите вештини за презентирање и ќе ги покажат своите таленти во некои уметнички дисциплини. Жирито, претставено од Salzburg Festival, креативниот тим на Opera Camps и претседателот на одборот на Solway Investment Group, ги оцени презентираните видеа врз основа на различни критериуми: креативност, комуникациски вештини, ангажирање во процесот на учење на јазикот, како и нивното ниво на познавање на англискиот јазик.

За своите извонредни академски резултати, желбата за учење и креативен пристап, жирито ги награди Барбара Стојанова од Македонија, Вероника Перепелица од Украина и Диего Раул Цак од Гватемала со специјална награда – еден месец интензивни часови по англиски јазик кои ќе се одржат во Јуни.

Целосната листа на избраните финалисти на Solway Music Fellowship Program може да се види на следните линкови:

Украина

https://solwaygroup.com/musiccamp/ukraine-final-2019/

Македонија

https://solwaygroup.com/musiccamp/macedonia-final-2019/

Гватемала

https://solwaygroup.com/musiccamp/guatemala-final-2019/

news0

ISO 45001 сертификат

“Бучим” ДОО Радовиш се стекна со сертификат за систем за управување со безбедност и здравје при работа ISO 45001

Рудникот “Бучим” ДОО Радовиш е меѓу првите компании во Р. Северна Македонија која поседува меѓународен сертификат за систем за управување со безбедност и здравје при работа ISO 45001:2018.

ISO 45001 стандардот претставува менаџмент систем за безбедност и здравје при работа Превземањето на овој стандард вклучува активности за подобрување на процесот за безбедност при работа, а исто така и ја зголемува свеста за ризиците при работа. 

Со воспоставување на менаџмент системот за безбедност и заштита при работа се:

  • Намалуваат ризиците кон сите заинтересирани страни кои би можеле да бидат изложени на ризиците на компанијата, имено вработените;
  • Континуирано подобрување на безбедноста и заштита при работа;
  • Воведување на безбедност и заштита при работа и здравје на ниво на целата компанија во согласност со ISO 45001 Сертификатот;
  • Производите и процесите се анализирани методично;
  • Мерките се дефинирании, набљудувани и одредени.

По спроведена сертификациска проверка на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 45001:2018, “Бучим“ ДОО Радовиш  се стекна со овој сертификат.

Поседувањето на сертификат за Систем за менаџмент за безбедност и здравје при работа значи признавање дека сите процеси и постапки кои се спроведуваат во рудникот се во согласност со барањата на стандардот ISO 45001:2018. Сето ова претставува уште една потврда за успешната работа на рудникот “Бучим”.

Bucim press release

Официјална изјава на “Бучим” ДОО Радовиш

На 13.03.2019 година во 13:30 часот, во рудникот за бакар “Бучим” ДОО Радовиш се случи несреќен случај. За време на извршување на работните должности, работник задолжен за промена на траса од висконапонска линија, почина од струен удар. 

Сите служби што се бараат со закон во таков случај беа повикани на место и извршија увид. По првична информација од службите, причината за смртта е струен удар. Формирана е комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања.

“Бучим” ДОО Радовиш и неговиот сопственик Solway Investment Group го искажуваат своето искрено сочувство до семејството. Во согласност со законите на Република Македонија и според внатрешните протоколи, “Бучим” ДОО Радовиш ќе ги исплати сите надоместоци на семејството на починатиот.

Bucim press release

Официјaлни информации односно починатиот работник во “Бучим” ДОО Радовиш на 6 февруари 2019 година

“Бучим” ДОО Радовиш би сакал да ги разјасни информациите кои беа лажно објавени од страна на медиумите за смртта на еден вработен во рудникот ова утро.

Работникот во Бучим, кој ги извршувал своите должности како возач, почина додека бил на работа утринава, на 6 февруари 2019 година. Во времето на неговата смрт, починатиот работел на местото и паднал веднаш до возилото за кое бил задолжен. Медицински персонал на Бучим веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и е упатен кон Здраствениот Дом во Радовиш, каде е констатирана смрт.

Сите служби што се бараат со закон во таков случај беа повикани на место. Медицинскиот персонал и полицијата ја идентификуваа првичната причина за смрт како природна. На работникот редовно му се вршени рутинските здравствени прегледи согласно законите на Република Македонија. Ќе се формира комисија која ќе ја изврши конечната проценка за причината за смртта во согласност со сите законски барања. Инцидентот не влијаеше на тековните оперативни процеси на рудникот.

“Бучим” ДОО Радовиш и неговиот сопственик Solway Investment Group го искажуваат своето искрено сочувство до семејството. Во согласност со законите на Република Македонија и според внатрешните протоколи, Бучим ќе ги исплати сите надоместоци на семејството на починатиот.

news2

Подготвителни работи на Боров Дол

Бучим ДОО Радовиш, официјално започна со подготвителни работи на новиот рудно тело Боров Дол

Солвеј планира да инвестира до 50 милиони евра за подготовка на рудното тело, изградба на транспортна лента од 7 км и други подготвителни активности. Воведувањето на новото претпријатие ќе послужи за продолжување на работниот век на Буќим најмалку до 2030 година, со што ќе се зачуваат работните места и ќе се придонеса за регионалната економија, наместо да се затвори постариот рудник.

Подготвителните работи веќе започнаа. Ќе има многу економски придобивки, како и нови работни места. Ние само што потпишавме договор за изградба на локален пат. Голем број градежни компании се од Република Македонија, околу 150 нови локални подизведувачи ќе бидат ангажирани во текот на подготвителниот период. ” –  Николајчо Николов, управител на Боров Дол.

Според планот, Боров Дол треба да започне со работа околу мај 2020 година. Постојниот рудник ќе престане со своето работење во исто време. По завршувањето на транзициониот период, повеќето од вработените во Бучим ќе бидат префрлени во новиот објект. 

Предложената рударска област содржи докажани и потенцијални резерви од околу 40 милиони тони руда со 0,235% бакар и 0,2 г / т злато. Животот на рудникот може значително да се продолжи понатаму кога ќе се обележат нови резерви од рудното тело. Боров Дол е единственото ново рудно тело во Македонија во изминатите 40 години.

m2

Меѓународниот музички камп за деца и младинци во Салцбург

Tалентирани млади ученици од Радовиш ќе имаат уште една шасна да ја претставуваат Македонија на Меѓународниот музички камп за деца и младинци во Салцбург, во летото 2019.

Рудникот “Бучим”, филијала на Групацијата Солвеј Инвестмент во Македонија, го отвори својот годишен повик за програмата Стипендирање за музичкиот камп Солвеј. Изборен дел исто така се организира и во градови во Украина и Гватемала, каде што се лоцирани дел од фирмите на Групацијата Солвеј.

Децата на вработените во Бучим, како и ученици од уметнички групи и образовни институции, поддржани од компанијата, коишто имаат некаков талент во музика, применета уметност, етнички занает, театар, или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да учествуваат во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде од 14 – 17 години.

Стипендиската програма на Меѓунардониот Солвеј музички камп за кандидатите на младинскиот музички камп, се состои од изборен дел во два дела и се доделува од заедничка одлука на жирито. Жирито е претставувано од страна на Салцбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Одборот на Групацијата Солвеј Инвестмент. Жирито ќе ја оценува креативноста на кандидатите, нивното уметничко, театарско или музичко образование, како и комуникативните вештини, а не бројот на дипломи или уверенија што кандидатот ги има освоено.

Има вкупно 15 слободни места за областа на Радовиш во првиот дел од изборната програма. Пријавувањето започнува на 20 ноември, 2018. Крајниот рок за поднесување на пријава е 20 декември, 2018.

Во првиот изборен дел, одбраните 15 кандидати ќе треба да посетуваат 20-неделен курс по Англиски јазик, за да дојдат до вториот дел на елиминација, кој ќе биде на крајот од април, 2019 година. Кандидатите ќе се квалификуваат за втората фаза со изработка на креативна видео презентација во времетраење од 90 секунди. Видеата мора да бидат снимени на Англиски јазик, и кандидатот мора да ги презентира и покаже своите способности и таленти во некоја од уметничките дисциплини.

Двајца од најкреативните, најкомуникативните, најспособните и најталентираните финалисти ќе бидат избрани за патување во Салцбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела на Салцбуршкиот музички камп за деца и младинци, кој што ќе се одржи во август, 2019, во Австрија.

Во летото 2018, Верче Андонова и Костадин Атанасов од Радовиш ја претставуваа Македонија во Салцбург.

При нивното обраќање на кандидатите за 2019, минатогодишните стипендисти на Солвеј изјавија дека неделата што тие ја поминале во Салцбург била од големо значење за нив, исто како и сите делови од изборниот процес додека да бидат избрани за стипендисти. Тие се стекнаа со вештина и умешност да комуницираат на Англиски јазик.

Тие исто така објаснија дека зборувањето на ист јазик (Англиски) со останатите ученици и ментори во кампот им помогнало да се запознаат подобро со новите познајници, како и да ги зголемат своите креативни вештини.

За повеќе детали, како и за пријавување за Стипендијата за музичкиот камп Солвеј ве молиме посетете ја интернет страницата: 

http://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

DSCF6309

Работната единица за производство на катоден бакар – лужење се здоби со А- Интегрирана еколошка дозвола

Со добивање на оваа дозвола, рудникот Бучим покажува дека се обврзува да ги следи строгите правила за испуштање и емисија на гасови и, да се придржува кон договорениот оперативен план за усогласување со сите еколошки стандарди дефинирани и потпишани од двете –  Министерство за животна средина и просторно планирање и компанијата.

Работната единица лужење разви технологија која што е сосема безбедна за животната средина, преку која се  искористуваат рудите од останатите технолошки процеси (искористување на коповската јаловина) и се обработува оксидната руда. Овој објект му овозможи на рудникот подобро да го контролира процесот на истекување на водите од коповската јаловина и да обезбеди заштита на подземните води.

А – Интегрирана еколошка дозвола е издадена, откако во 2018 беа завршени неколку неопходни еколошки процедури, вклучувајќи модернизација и изградба на бунари за мониторинг на подземните води.

******

Во 2011 година Бучим го изгради објектот лужење за да го подобри управувањето со водите и за производство на бакар од дренажните води. Изградбата на работната едница лужење беше клучен дел од спроведувањето на планот за управување со водата – систем од неколку брани и изолирани резервоари се поврзани со објектот за да се прифатат, соберат и третираат сите потенцијално контаминирани води. Соодветната оценка за влијанието врз животната средина беше поднесена од Државниот орган во 2011 година.