WhatsApp Image 2025-05-09 at 16.09.27

Бучим и Македонското геолошко друштво (МГД) воспоставија стратешко партнерство за унапредување на геонауките и одговорното рударство

ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш и Македонското геолошко друштво – ГЕОЛОГ, Скопје, потпишаа Меморандум за соработка кој воспоставува основа за долгорочна заедничка акција во областа на геолошките науки, едукацијата, заштитата на животната средина и промоцијата на одржливи рударски практики.

Соработката се темели на следните стратешки насоки:

  • Стручна и научна поддршка, вклучително подготовка на геолошки елаборати, анализи, стратегии за развој на рударски капацитети, како и учество во стручни совети и консултативни тела;
  • Едукација и доживотно учење, преку организирање на обуки, семинари и теренски активности за вработените во рударската индустрија, со посебен фокус на млади геолози и технички кадар;
  • Заедничко учество во научно-истражувачки и апликативни проекти, вклучувајќи подготовки на апликации за домашни и меѓународни фондови, особено во областите на геологијата, хидрогеологијата, животната средина и одржливото рударство;
  • Заштита на животната средина и геолошкото наследство, преку систематско следење на влијанијата од рударските активности и развој на стручни решенија согласно принципите на одржливост;
  • Промоција на геолошката наука, преку заедничка организација и учество на конференции, симпозиуми, теренски посети и други стручни настани;
  • Соработка во издавачка дејност, преку објавување на заеднички трудови и публикации базирани на резултати од теренски истражувања, мониторинг и иновативни практики;
  • Развој на млади кадри и вклучување на заедницата, преку поддршка на студенти, млади истражувачи и изработка на дипломски, магистерски и докторски трудови поврзани со рударството.

Потпишувањето на овој меморандум претставува наш континуиран ангажман за градење мостови помеѓу индустриската пракса и научната мисла. Преку стратешка соработка со Македонското геолошко друштво (МГД), го зајакнуваме пристапот кон иновации, одржливо управување со минерални ресурси и развој на нови стручни кадри. Веруваме дека интегрирањето на стручните знаења со реалните предизвици на терен ќе придонесе за унапредување на геолошката наука и за потврдување на нашата посветеност кон одговорно и транспарентно рударство,” изјави од Ивица Карапетров, Заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол

Со оваа иницијатива, Бучим повторно ја потврдува својата определба да инвестира во знаење, кадар и научна мисла – како клучни двигатели на одговорниот раст и развој во рударскиот сектор.

WhatsApp Image 2025-04-27 at 12.48.47

Трета година со спортски дух и поддршка: Бучим на трката “Superior Runs”

Рудникот Бучим, како дел од својата стратегија за општествена одговорност и промоција на здрави животни навики, и оваа година со гордост беше дел од рекреативната трка „Superior Runs“ во Штип. Трета година по ред, Бучим се јавува како генерален спонзор на овој спортски настан, потврдувајќи ја својата континуирана посветеност кон поддршка на локалните заедници и иницијативите што промовираат здравје, спорт и инклузивност.

На трката учествуваа повеќе од 25 вработени од рудник Бучим, кои со својот ангажман, енергија и спортски дух ја истакнаа важноста на физичката активност како дел од културата на благосостојба и одржлив развој што компанијата ја негува. Вклучувањето во вакви настани претставува составен дел од пошироката ESG стратегија на Бучим (животна средина, општество и корпоративно управување), каде што фокусот е ставен на градење на поздрави, поодржливи и силни заедници.

Горди сме што трета година по ред сме дел од ‘Superior Runs’ како генерален спонзор и што преку активното учество на нашите вработени придонесуваме кон промоција на здрави животни навики. Поддршката на спортски настани, вложувањето во заедницата и развојот на човечкиот капитал се клучни сегменти од нашата корпоративна стратегија,“ истакна Александр Раков, Управител на Бучим

„​Вработените се срцето на Бучим, и затоа вложуваме во нивната благосостојба не само на работното место, туку и надвор од него. Учеството на трката ‘Superior Runs’ е одлична можност за тимско дружење, промоција на здрави навики и зајакнување на корпоративниот дух. Горди сме што трета година по ред сме дел од овој настан, и што преку спортот ја градиме културата на одговорност и заедништво,” додаде Мирослав Петров, раководител на човечки ресури

Бучим останува цврсто посветен на понатамошна поддршка на спортот, здравиот начин на живот и иницијативи што придонесуваат за благосостојба и развој на вработените и на пошироката заедница.

WhatsApp Image 2025-04-19 at 08.11.53

Младите во фокусот на Бучим: ЕСГ посветеност на образование и развој на инженерски кадар

Штип, 15 април 2025 – Рудникот за бакар Бучим, по втор пат зеде активно учество на  Отворениот и кариерен ден, организиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Стопанската комора на Македонија и Општина Штип. Настанот овозможи директен контакт помеѓу студентите, средношколците и претставниците на бројни компании од различни сектори.

Преку сопствен изложбен штанд, Бучим ги претстави можностите за вработување, стручна пракса и професионален развој, со особен акцент на младите кадри од техничките струки и инженерството – сектори кои се од клучно значење за одржливото работење на рударската индустрија.

Веруваме дека инвестицијата во млади луѓе е инвестиција во одржлива иднина. Затоа, како општествено одговорна компанија, активно вложуваме во идентификување, поддршка и развој на нови генерации инженери и техничари, преку практична обука, менторство и реални можности за вработување,“ истакна Мирослав Петров, раководител на службата за човечки ресурси

Голем интерес покажаа студенти од повеќе факултети, но и ученици од средните стручни училишта, меѓу кои и СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип. Младите беа поттикнати да аплицираат за работни места или да се вклучат во програмите за практична обука, со цел да бидат вклучени во идните процеси на селекција и вработување во Бучим и Боров Дол. Во рамки на настанот беа остварени и работни средби со професори од Факултетот за природни и технички науки при УГД, при што беше констатирана потребата од зголемување на бројот на студенти во техничките насоки, но и важноста од континуирана соработка со реалниот сектор.

Нашата ЕСГ стратегија не се базира само на заштита на животната средина и унапредување на безбедносните стандарди, туку и на одговорен социо-економски пристап – поддршка на локалната заедница, создавање на вредност за идните генерации и јакнење на домашниот инженерски капацитет,“ изјави Александр Раков, управител на рудниците Бучим и Боров Дол.

Настанот беше проследен со средби со академскиот кадар и претставници на УГД, при што беше потврдена заложбата за понатамошна соработка меѓу академијата и индустријата. Со ова учество, Бучим уште еднаш ја потврди својата улога како одговорна рударска компанија и партнер во развојот на идните генерации стручни кадри.

WhatsApp Image 2025-04-10 at 08.40.19 (1)

Бучим и Здружението на ликовни уметници РАДА-ДЛУР Радовиш ја започнаа соработката со прва изложба на млади уметници

ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш и Здружението на ликовни уметници РАДА-ДЛУР Радовиш со задоволство објавуваат дека на 1 април 2025 година се одржа првата заедничка изложба на млади уметници од локалната заедница. Оваа изложба претставува почеток на нивната соработка, насочена кон поддршка и промоција на талентирани млади уметници од регионот.​

Соработката меѓу Бучим и Здружението беше официјализирана со потпишување на Меморандум за соработка на 11 декември 2024 година. Овој Меморандум предвидува заеднички активности за идентификување и поддршка на млади надежни уметници, организирање на обуки, работилници, изложби и други настани кои ќе им овозможат на младите таленти да го развијат својот потенцијал. Бучим ќе обезбеди финансиска поддршка преку откуп на избрани уметнички дела, со што ќе се поттикне креативноста и ќе се овозможи поддршка на уметниците.​

Како компанија која е длабоко вкоренета во локалната заедница, свесни сме за важноста на поддршката на младите таленти. Оваа соработка е одраз на нашата посветеност кон одржливиот развој и културниот напредок на младите во регионот,“ изјави Александр Раков, Управител на Бучим.​

Здружението на ликовни уметници РАДА-ДЛУР Радовиш ќе биде одговорно за организирање на натпревари и изложби, координирање на процесот на повик за уметнички дела и комуникација со младите уметници, како и обезбедување стручно раководење за изборот на дела и реализацијата на активностите.​

Оваа иницијатива е во согласност со ЕСГ заложбите на Бучим, особено во делот на општествена одговорност. Преку поддршка на културниот и уметничкиот развој на младите под 18 години, компанијата придонесува кон создавање на инклузивно и одржливо општество, инвестирајќи во идните генерации и нивниот потенцијал.​ Оваа соработка претставува значаен чекор кон зајакнување на културната сцена во Радовиш и околината, поттикнувајќи ги младите уметници да продолжат со својот креативен развој.

WhatsApp Image 2025-04-09 at 13.28.48 (1)

Пролетна акција за пошумување: Бучим и Боров Дол со 4.000 засадени дрвја

Во рамки на својата долгорочна стратегија за одржлив развој, рудниците Бучим и Боров Дол и оваа година го одбележаа Денот на пролетта со еколошка акција за пошумување. Преку активна вклученост на вработените и системски пристап кон заштита и унапредување на животната средина, компанијата го продолжува својот придонес кон создавање позелена и поодржлива иднина за локалната заедница и поширокиот регион.

Оваа акција претставува продолжение на повеќегодишна иницијатива за еколошка рехабилитација на просторот под концесија на ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ, започната во 2021 година. До денес, засадени се вкупно 4.000 садници, од кои 2.600 се багреми, а 1.400 садници се црн бор – насочени кон обновување на површините во и околу рудничките капацитети.

Во првата година од акцијата, во 2021, беа засадени 500 садници, во 2022 година, исто толку садници беа засадени околу управниот комплекс, со цел подобрување на еколошкиот амбиент околу административните објекти. 2023 донесе значително проширување на активностите – 1.500 дрвја беа засадени околу клучните објекти: паркингот, магацинот, машинската работилница и постројката за примарно дробење. Во 2024 година, пошумувањето продолжи со уште 1.500 дрвја засадени долж патот кој води кон главниот влез во рудникот, создавајќи природен зелен појас.

Нашата визија е јасна – настојуваме да постигнеме долгорочно позитивно влијание, не само преку економски придонес, туку и преку одговорно управување со животната средина. Пошумувањето е клучен сегмент од нашата долгорочна заложба за еколошка рамнотежа и одговорно управување со просторот, “ изјави Александр Раков, управителот на рудниците Бучим и Боров Дол.

Со оваа пролетна акција, Бучим и Боров Дол не само што го одбележуваат Денот на пролетта, туку и ја потврдуваат својата улога како одговорен индустриски субјект кој активно придонесува кон создавање на  долгорочен еколошки баланс.

ДПТУ БУЧИМ ДООЕЛ ОД РАДОВИШ ИМА ПОТРЕБА ЗА НАБАВКА НА СТОКИ – ДАМПЕРСКИ ГУМИ

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@bucim.mk за да биде направен избор на најповолна понуда.

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со условите и критериуми укажани подолу во прилогот.

Краен рок  за доставување на понуда 07.04.2025г.

WhatsApp Image 2025-03-25 at 14.15.43

Бучим и Men and Mountain – Здружени за „Генералка викенд 2025“ еколошка акција со трајно влијание

ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш со особено задоволство го објавува потпишувањето на договорот за продолжување на стратешката поддршка на националната еко-акција „Генералка викенд 2025“. Со ова, Бучим уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба за одржлив развој, општествена одговорност и грижа за животната средина.

Како еден од првите и најпосветени партнери на оваа иницијатива, Бучим од самиот почеток е активен учесник во бројни теренски активности – од пошумување и чистење на диви депонии, до едукативни и волонтерски акции со локалната заедница. Во текот на изминатите години, преку ова партнерство, беа отстранети тони отпад од јавни површини, засадени стотици дрвја и инспирирани стотици граѓани активно да се вклучат во заштитата на својата околина.

Од самиот почеток верувавме во визијата на Men and Mountain, а нашата поддршка е одраз на вредностите во кои веруваме – одговорност, соработка и заедничка грижа за природата. Веруваме дека секоја мала акција придонесува за голема промена. Ние како компанија сакаме да бидеме пример за тоа дека индустрискиот развој и заштитата на природата можат и мораат да одат рака под рака“, изјави Ивица Карапетров, заменик управител на Бучим.

Потпишувањето на новиот договор со Men and Mountain претставува чекор напред во заложбите на рудник Бучим за создавање долгорочно одржливо и еколошки свесно општество. Компанијата ќе продолжи со конкретни активности во 2025 година, вклучувајќи логистичка и волонтерска поддршка, донации, како и мобилизација на вработените и заедницата.

Со ова партнерство, Бучим уште еднаш покажува дека е повеќе од економски двигател на регионот – тој е активен и одговорен сојузник на заедницата во градењето на здрава, чиста и одржлива иднина.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ и ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш имаат потреба за набавка на стоки/лежишта, куќишта и семеринзи

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда.

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со условите и критериуми укажани подолу во прилогот.

Краен рок  за доставување на понуда 07.04.2025г.

WhatsApp Image 2025-04-09 at 14.20.25 (1)

Бучим со поддршка за еколошка едукација: успешно реализиран проект за правилно управување и селекција на отпад во Радовиш и Конче

Како дел од својата ЕСГ стратегија и посветеноста на одржлив развој, рудникот Бучим го поддржа проектот „Правилно управување и селекција на отпадот – Пат до почист развој и примена на 3Р (Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај)“. Проектот беше фокусиран на едукација на најмладите генерации за важноста на одговорното постапување со отпадот и заштитата на животната средина.

Во периодот од септември 2024 до февруари 2025 година, проектот успешно се реализираше во осум образовни установи – предучилишни установи и основни училишта во општините Радовиш и Конче. Едукативните активности беа прилагодени на возраста на децата и вклучуваа креативни и интерактивни презентации, едукативни брошури и флаери, како и дискусии на тема примарна селекција на отпад и значењето на чистата животна средина.

Резултатите од проектот се повеќе од охрабрувачки: над 600 деца од предучилишна и основна возраст беа директно едуцирани, а во процесот активно се вклучија и наставници и директори, кои дадоа значајна поддршка во спроведувањето на програмата.

Преку вакви активности се поттикна развојот на свеста за значењето на селекцијата на отпад уште од најрана возраст, со што се создаваат здрави и одржливи навики кај децата. Воедно, се зајакна чувството на одговорност и грижа за заедничката животна средина, што придонесува кон долгорочна примена на принципите на рециклирање и одржливо живеење.

Како компанија што работи со природни ресурси, свесни сме за нашата одговорност и улога во градењето на одржлива иднина. Поддршката на вакви иницијативи е дел од нашата долгорочна заложба за заштита на животната средина и развој на свеста кај идните генерации,“ изјави Александр Раков, Управител на рудниците Бучим и Боров Дол.

Овој проект е дел од пошироките општествено одговорни активности на Бучим и претставува конкретен придонес кон зајакнување на еколошката едукација, промовирање на инклузивноста и поддршка на развојот на локалната заедница.​

WhatsApp Image 2025-03-23 at 15.09.57

Бучим на настанот „Енергија на успехот“: Жените се сегашноста на рударството

Во рамки на настанот „Енергија на успехот: Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, учество зедоа и жените од рудниците Бучим и Боров Дол. Настанот, кој се одржа во Europe House Скопје, собра над 50 жени-лидери од енергетскиот и рударскиот сектор беше платформа за споделување инспиративни приказни, искуства и визии со цел рушење на стереотипите и отворање простор за женско лидерство во индустриите кои традиционално се сметаат за „машки“.

Во рудниците Бучим и Боров Дол моментално работат 70 жени, што претставува повеќе од 11% од вкупната работна сила. Жените таму не се само дел од администрацијата, туку се машински и хемиски инженери, геолози, оператори, техничари, лабораториски работници, како и раководители на одделенија. Од вкупно 59 раководители, 13 се жени, што претставува 22% застапеност, додека во топ менаџментот една жена е дел од вкупно четири члена, или 25%.

Во своето излагање како една од панелистките, заменик-управителката за одржлив развој на Бучим и Боров Дол, Кристина Крстева, истакна дека родовата еднаквост не треба да се третира како апстрактен концепт, туку како континуиран процес на создавање култура на еднаквост – од производствените погони до највисоките управувачки позиции.

Во индустрија што со децении беше перципирана како машка, бројката од 70 жени е показател дека се движиме во вистинска насока. Да се биде образована и успешна жена во т.н. „машки сектор“ значи да се биде предвесник на промени, но и да се отворат вратите за идните генерации жени. Нашата цел не е само личен успех, туку и создавање на поинклузивен, динамичен сектор кој препознава талент, квалитет и компетентност на секој човек– независно од полот“, истакна  Крстева, заменик управител за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров Дол.

Со својата активна поддршка на родовиот баланс и континуираниот напредок на жените во индустријата, рудниците Бучим и Боров Дол се профилираат како компании што не само што ја прифаќаат промената – туку и ја предводат. Тие се пример за современо рударство што ги става вредностите на инклузија, еднаквост и одржливост во своето делување. Настанот „Енергија на успехот“ не беше само одбележување на постигнувањата – туку јасен повик за здружена акција кон поинклузивна, праведна и просперитетна иднина за сите, каде што секој глас се слуша, а секој потенцијал се вреднува.

Погледнете го видеото од настанот на следниот линк: https://www.facebook.com/share/v/1A2he8Pwtu/