WhatsApp Image 2025-07-10 at 13.41.26

Млади радовишани со зелена визија – започнува иновативен еко-проект поддржан од рудникот Бучим

Радовиш, 9 јули 2025 – Шест млади ученици од општина Радовиш се новите носители на еколошката промена во својата заедница. Со поддршка од рудникот Бучим, а во соработка со Здружението „Круна Плус“, тие го започнуваат својот прв самостоен иновативен еко-проект, насочен кон идентификување, истражување и решавање на еколошки предизвици во локалната средина – преку објективот на младите, за младите.

Проектот е дизајниран како динамична платформа која комбинира едукација, теренско истражување, креативна акција и медиумско изразување. Младите учесници ќе имаат можност да учат од стручњаци, да работат во тим, да ја истражат својата средина и да продуцираат подкасти, јавни презентации и мини-кампањи со силна порака за еколошка свесност и одговорност. Целта е двојна: зголемување на свесноста за еколошките прашања и овозможување на младите да бидат активни креатори на позитивни општествени промени

Преку практична работа и креативни активности, проектот ќе им овозможи на младите не само да размислуваат критички и да анализираат конкретни проблеми, туку и да понудат реални, одржливи решенија. Во текот на претстојните месеци, тие ќе реализираат еколошки акции, медиумски содржини и работилници, со што ќе придонесат кон подобрување на локалната еколошка свест и практики.

„Преку проектот ќе можеме да се изразиме, да научиме како да работиме во тим, да ги застапуваме нашите ставови и да се зајакнеме како личности,“ – велат младите учесници во нивното воведно видео, подготвено како најава на активностите.

Рудникот Бучим, како општествено одговорна компанија, активно работи на градење на одржлива иднина преку поддршка на младински иницијативи и проекти. Овој проект е дел од таа поширока стратегија за ангажман со заедницата, особено во областа на животната средина и граѓанската одговорност.

Кристина Крстева, заменик-управител за одржлив развој на Бучим и Боров Дол: „Веруваме во потенцијалот на младите и знаеме дека вистинската промена започнува со нивната енергија и идеи. Преку овој проект, тие не само што ќе се едуцираат, туку и ќе се охрабрат да дејствуваат, да предлагаат решенија и да бидат активни чинители во заедницата. Наша обврска како компанија е да создадеме вакви можности. Преку оваа иницијатива, младите добиваат простор и поддршка да ја истражат својата околина, да мислат критички и да понудат решенија кои имаат потенцијал да предизвикаат позитивна промена.“

Александар Јашков, координатор на проектот од Здружение „Круна Плус“: „Ова не е само проект – ова е процес на трансформација. Младите добиваат простор да мислат критички, да делуваат креативно и да создадат содржини што инспирираат. Соработката со Бучим ни овозможи да изградиме безбедна и стимулативна средина каде младите не само што учат, туку и се слушнати“

Радовиш добива нова генерација на еколошки свесни, активни и инспирирани млади луѓе, кои не чекаат решенија – туку ги создаваат.

WhatsApp Image 2025-06-04 at 08.57.47

Децата на нашите вработени – уметници на иднината Ликовна работилница по повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на детето, на 1 Јуни 2025 година, во рудникот Боров Дол беше организирана ликовна работилница со едукативен и креативен карактер, на која учествуваа 38 деца на вработените во Бучим и Боров Дол, на возраст од 5 до 10 години.

Поддржани од професионалните локални уметници Душан Коцев и Марјанчо Крстев, децата имаа можност преку својата имагинација и уметнички талент да создадат цртежи инспирирани од рударските машини, објекти и секојдневието на своите родители. Ликовната работилница се одржа на отворен простор, пред административната зграда на рудникот Боров Дол, и беше организирана со цел децата да го доживеат рудникот не само како работно место на нивните родители, туку и како инспирација за уметничко изразување.

Делата на малите уметници ќе бидат изложени во административните канцеларии на нивните родители, а дел од нив  и ќе бидат вклучени како дел од уметничката изложба што се организира во рамки на ОТВОРЕНИОТ ПОВИК ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ под мотото „ИДНИНАТА Е СЕГА“, организиран од страна на Creative Fellowship. Оваа иницијатива ги поканува младите да изразат како ја гледаат иднината преку цртеж, слика, фотографија или дигитална илустрација, со можност за учество во онлајн изложбата „Ready2Print“ и добивање место во специјалниот бележник за 2026 година.

Изјава на Мирослав Петров, раководител на служба за човечки ресурси – Бучим и Боров Дол: „Преку оваа иницијатива ја изразуваме нашата искрена заложба за благосостојбата на семејствата на вработените – создавајќи моменти на радост, инспирација и поврзаност. Ги охрабруваме децата да сонуваат, да се изразат слободно и креативно, а нивната насмевка и ентузијазам се нашата најголема мотивација и потврда дека сме на вистинскиот пат. Токму овие вредности,  грижата и  и одговорноста се дел од нашата култура и преку ЕСГ пристапот ги претвораме во конкретни и значајни чекори за подобра иднина.

Преку оваа активност, рудниците Бучим и Боров Дол испратија силна порака – дека инвестицијата во иднината започнува со поддршка на најмладите денес – во растот и развојот на новите генерации.

WhatsApp Image 2025-05-27 at 07.38.49 (1)

Бучим и Боров Дол: Поддршка за младите и заедницата преку Social Day 2025

ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ „Боров Дол“ ДООЕЛ Радовиш на 26.05.2025 година го отворија својот капацитет за 24 средношколци од СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, во рамките на Social Day 2025. Со оваа акција, младите го заменија еден училишен ден со работен, стекнувајќи практично искуство и волонтерско ангажирање, а нивната дневница ќе биде наменета за младински проекти кои ќе го реализираат самите ученици.

Social Dаy овозможи на секој ученик да се запознае со основните работни процеси, да добие увид во професионалните барања на различни работни позиции во рудниците  и да ја осознае важноста на тимската работа, одговорноста и професионалноста. Истовремено, нивната дневница се насочува за подобрување на условите за учење и креативен развој – од опремување училници до културни и општокорисни активности кои носат долгорочна вредност за целата заедница. Преку ова искуство, кај младите се развива свеста за општото добро и се поттикнува начинот на размислување. Тие учат како индивидуалниот труд и заедничката работа можат да доведат до поширока корист, создавајќи позитивни промени кои ја надминуваат рамката на едно училиште или една генерација.

Со овозможување на вакви иницијативи, Бучим и Боров Дол ја покажуваат својата долгорочна заложба за поддршка на младите и развојот на заедницата. Активностите се внимателно избрани за да обезбедат вредно искуство за младите и да создадат позитивни промени кои се чувствуваат пошироко во локалната средина.

Изјава од Заменик управител за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров Дол , Кристина Крстева:Со големо задоволство ја поддржуваме иницијативата Social Day. За младите ова е можност да ги прошират своите видици и да научат повеќе преку практична работа, а за нас, пак, ова е уште еден начин да придонесеме кон создавање на средина која поттикнува нови можности и одржлив раст и вложување во генерациите кои ќе го движат нејзиниот напредок.“

Бучим и Боров Дол остануваат посветени на долгорочен развој, поттикнување на ангажираноста на младите и градење средина која нуди нови можности за сите.

WhatsApp Image 2025-07-10 at 13.06.58

Донација на патничко возило од рудникот „Бучим“ за ЈЗУ Клиничка болница – Штип

Во духот на својата долгорочна определба за поддршка на стратешки значајни институции во регионот, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш ја реализираше донацијата на патничко возило на ЈЗУ Клиничка болница – Штип.

Со оваа донација се овозможува подобрување на логистичките и оперативните капацитети на болницата, со директен придонес кон поефикасно спроведување на теренски активности, административна поддршка и редовна координација со останатите здравствени установи.

„Унапредувањето на јавните здравствени капацитети претставува суштински сегмент од нашата мисија за долгорочно вложување во добросостојбата на заедницата. Посветени сме на градење партнерства кои носат реална и одржлива вредност,“ изјави Кристина Крстева, Заменик управител за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров Дол, по повод примопредавањето на возилото.

Од страна на раководството на ЈЗУ Клиничка болница – Штип беше изразена искрена благодарност за донацијата, со посебен акцент на значењето што ваквиот чин го има во унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓаните на Источниот регион.

Soopshtenie mk web 1x1 mobile version-1

Исплата на концесиски надоместоци за 2025 година од рудниците Бучим и Боров Дол кон општините Радовиш, Конче и Штип

Радовиш, 16 мај 2025 година – Друштвата за производство и трговија со минерални суровини ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш, во согласност со своите концесиски договори и измените во Законот за минерални суровини („Службен весник на РСМ“ бр. 136/12, 25/2013; 93/2013;  44/2014;  160/2014;  129/2015;  192/2015;  39/2016;  53/2016;  120/2016;  189/2016;  7/2019;  99/2022;  129/2023;  253/2023;  147/2024;  49/2025;), доследно ја спроведуваат законската обврска за навремена, транспарентна и отчетна исплата на концесиски надоместоци кон засегнатите општини.

Исплатите се реализираат врз основа на Одлуката за распределба на концесискиот надоместок за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 94/2025 од 12 мај 2025 година), а пресметките се вршат согласно Тарифникот за пресметка на концесиски надоместоци („Службен весник на РСМ“ бр. 268/2024). 

Вкупниот планиран износ за 2025 година кој ќе биде распределен кон општините Радовиш, Конче и Штип изнесува 181.754.332 денари, што претставува значителен финансиски придонес за буџетите на овие локални самоуправи.

Исплата по општини:

Општина Конче

76.128.839 денари – концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини

809.607 денари – надомест за користење простор
Вкупно: 76.938.446 денари

Општина Штип

59.720.528 денари – концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини

544.604 денари – надомест за користење простор
Вкупно: 60.265.132 денари

Општина Радовиш

41.556.529 денари – концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини (Бучим и Боров Дол)

2.994.225 денари – надомест за користење простор (Бучим и Боров Дол)
Вкупно: 44.550.754 денари

Преку овие исплати, Бучим и Боров Дол обезбедуваат директен придонес во локалниот економски и инфраструктурен развој, со што активно го поддржуваат финансирањето на општински проекти и подобрување на животниот стандард во регионот. Овие средства претставуваат директна поддршка за финансирање на инфраструктурни, еколошки и општествени проекти во локалните заедници, а со тоа и долгорочна вредност.

Согласно член 76 од Законот за минерални суровини, концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини се распределува помеѓу државата и општините на чии територии се врши експлоатацијата, во размер утврден со Одлука на Влада. Со измените на Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини од 2024  година,  двојно (од 2% на 4% од пазарната вредност на бакар -метал по тон во секој тон произведен бакарен концентрат, односно од 2% на 4% од пазарната вредност на злато – метал по тон во секој тон произведен од кој било концентрат од страна на концесионерот) се зголеми уделот кој им се распределува на општините, овозможувајќи им поголеми буџетски приходи од рударската дејност.

Како општествено одговорни компании, рудниците Бучим и Боров Дол остануваат доследни на својата заложба за одговорно управување со природните ресурси и за градење стабилни и долгорочни партнерства со локалните заедници. Исплатата на концесиски надоместоци е само еден сегмент од пошироката стратегија за одржлив развој, кој опфаќа економски, општествени и еколошки аспекти.

*Износите за вториот и третиот квартал од 2025 година се базирани на проценки, при што нивото на исплата ќе зависи од реализацијата на производствените планови, пазарните движења на цените на металите и валутниот курс.

WhatsApp Image 2025-05-15 at 15.15.17

Бучим ги отвори вратите за идните научници: Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ – Конче во едукативна посета на хемиската лабораторија

Во насока на унапредување на образованието и поддршка на образовниот систем, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш организираше прва едукативна посета на ученици од ООУ „Гоце Делчев“ – Конче. На 15 мај 2025 година, 22 ученика и еден професор имаа можност одблиску да се запознаат со работата на хемиската лабораторија на рудникот и со реалната примена на хемијата во индустријата.

Оваа посета претставува дел од пошироката заложба на Бучим за активно вклучување во образовниот процес и поттикнување на интересот за природните науки, инженерството и одржливиот развој кај младите. Рудникот продолжува да ја практикува оваа позитивна пракса, отворајќи ги своите капацитети за ученици, студенти и млади истражувачи од регионот.

За време на посетата, учениците беа запознаени со конкретни хемиски процеси и анализи кои се дел од секојдневната работа во лабораторијата, вклучувајќи таложење на метали со оксиди, хидроксиди и карбонати, лабораториска анализа на руда, вода и почва, како и за важноста на безбедноста, екологијата и одговорното управување со ресурси.

За нас, овие инцијативи се повеќе од посета – тие се инвестиција во иднината. Веруваме дека инспириран ученик денес, еден ден може да биде наш колега, иноватор или лидер во индустријата. Поддршката на образованието е стратешка определба за Бучим, и продолжуваме да работиме во таа насока,“ – изјави Александр Раков, Управител на рудниците Бучим и Боров Дол.

Иницијативата е реализирана во рамки на наставната програма по хемија и е поддржана од наставниот кадар на ООУ „Гоце Делчев“ – Конче и општината Конче, како дел од нивните надворешни активности за подобрување на квалитетот на наставата. Бучим и понатаму останува отворен партнер на образовните институции и поддржувач на идните генерации – заедно кон поодржлива, пообразована и поуспешна заедница.

WhatsApp Image 2025-05-13 at 14.42.19

Бучим по четврти пат дел од „Generalka weekend“: Инклузивност и грижа за животната средина преку заедничка акција

Во рамки на својата долгорочна заложба за одржлив развој и општествена одговорност, рудникот Бучим по четврти пат активно се вклучи во националната еко-иницијатива „Generalka weekend“, а втора година по ред и како официјален партнер на МАМ. Оваа година, акцијата доби дополнителна општествена вредност преку инклузивното учество на корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Радовиш.

Со заеднички сили, вработените во Бучим и корисниците од „Порака“ испратија силна порака дека заштитата на животната средина и грижата за ранливите категории на граѓани не се одвоени процеси – туку суштински поврзани аспекти на едно одговорно и инклузивно општество.

Акцијата се реализираше на неколку локации во Општина Радовиш , при што беа собрани значителни количини отпад и укажано на важноста од правилно селектирање и рециклирање.

Генералка викенд не е само акција за чистење – таа е симбол на одговорност, солидарност и одлучност да се направи нешто конкретно за природата и заедницата. Посебно сме горди што оваа година преку партнерството со МАМ и вклучувањето на ‘Порака’ покажавме дека одржливиот развој мора да биде и инклузивен. Во Бучим, ова не е само обврска, туку вредност која ја живееме секој ден,“ – изјави Кристина Крстева, Замeник управител за одржлив развој

Учеството во „Generalka Weekend 2025“ е само еден од многуте примери за практичната примена на принципите на ESG (еколошко, оптествено и корпоративно управување) кои се интегрирани во долгорочната стратегија на Бучим, со цел унапредување на животната средина, локалната заедница и одговорното корпоративно однесување.

WhatsApp Image 2025-05-09 at 15.38.50 (1)

Рудник Бучим донираше патничко возило на ЈЗУ Општа Болница Струмица

Во рамки на својата долгорочна заложба за општествена одговорност и поддршка на локалната заедница, ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш донираше патничко возило  на ЈЗУ Општа Болница Струмица.

Со оваа донација, рудникот изразува конкретна поддршка за подобрување на мобилноста и логистичките капацитети на болницата, со што директно се придонесува кон поефикасна организација на здравствените услуги, особено во делот на теренска и административна поддршка.

„Корпоративната општествена одговорност не е само дел од нашата стратегија, туку суштински дел од нашата мисија. Преку поддршка на здравствени институции, како ја потврдуваме нашата заложба за зајакнување на системите кои се од витално значење за заедницата,,“ истакна Кристина Крстева, Заменик управител за одржлив развој рудниците Бучим и Боров Дол при примопредавањето.

ЈЗУ Општа Болница Струмица изрази искрена благодарност за донацијата, нагласувајќи дека ваквата поддршка е од особено значење за унапредување на нивната секојдневна работа. Бучим останува посветен на реализација на иницијативи кои носат долгорочна вредност за граѓаните и институциите во регионот.

WhatsApp Image 2025-05-09 at 16.09.27

Бучим и Македонското геолошко друштво (МГД) воспоставија стратешко партнерство за унапредување на геонауките и одговорното рударство

ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш и Македонското геолошко друштво – ГЕОЛОГ, Скопје, потпишаа Меморандум за соработка кој воспоставува основа за долгорочна заедничка акција во областа на геолошките науки, едукацијата, заштитата на животната средина и промоцијата на одржливи рударски практики.

Соработката се темели на следните стратешки насоки:

  • Стручна и научна поддршка, вклучително подготовка на геолошки елаборати, анализи, стратегии за развој на рударски капацитети, како и учество во стручни совети и консултативни тела;
  • Едукација и доживотно учење, преку организирање на обуки, семинари и теренски активности за вработените во рударската индустрија, со посебен фокус на млади геолози и технички кадар;
  • Заедничко учество во научно-истражувачки и апликативни проекти, вклучувајќи подготовки на апликации за домашни и меѓународни фондови, особено во областите на геологијата, хидрогеологијата, животната средина и одржливото рударство;
  • Заштита на животната средина и геолошкото наследство, преку систематско следење на влијанијата од рударските активности и развој на стручни решенија согласно принципите на одржливост;
  • Промоција на геолошката наука, преку заедничка организација и учество на конференции, симпозиуми, теренски посети и други стручни настани;
  • Соработка во издавачка дејност, преку објавување на заеднички трудови и публикации базирани на резултати од теренски истражувања, мониторинг и иновативни практики;
  • Развој на млади кадри и вклучување на заедницата, преку поддршка на студенти, млади истражувачи и изработка на дипломски, магистерски и докторски трудови поврзани со рударството.

Потпишувањето на овој меморандум претставува наш континуиран ангажман за градење мостови помеѓу индустриската пракса и научната мисла. Преку стратешка соработка со Македонското геолошко друштво (МГД), го зајакнуваме пристапот кон иновации, одржливо управување со минерални ресурси и развој на нови стручни кадри. Веруваме дека интегрирањето на стручните знаења со реалните предизвици на терен ќе придонесе за унапредување на геолошката наука и за потврдување на нашата посветеност кон одговорно и транспарентно рударство,” изјави од Ивица Карапетров, Заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол

Со оваа иницијатива, Бучим повторно ја потврдува својата определба да инвестира во знаење, кадар и научна мисла – како клучни двигатели на одговорниот раст и развој во рударскиот сектор.

WhatsApp Image 2025-04-27 at 12.48.47

Трета година со спортски дух и поддршка: Бучим на трката “Superior Runs”

Рудникот Бучим, како дел од својата стратегија за општествена одговорност и промоција на здрави животни навики, и оваа година со гордост беше дел од рекреативната трка „Superior Runs“ во Штип. Трета година по ред, Бучим се јавува како генерален спонзор на овој спортски настан, потврдувајќи ја својата континуирана посветеност кон поддршка на локалните заедници и иницијативите што промовираат здравје, спорт и инклузивност.

На трката учествуваа повеќе од 25 вработени од рудник Бучим, кои со својот ангажман, енергија и спортски дух ја истакнаа важноста на физичката активност како дел од културата на благосостојба и одржлив развој што компанијата ја негува. Вклучувањето во вакви настани претставува составен дел од пошироката ESG стратегија на Бучим (животна средина, општество и корпоративно управување), каде што фокусот е ставен на градење на поздрави, поодржливи и силни заедници.

Горди сме што трета година по ред сме дел од ‘Superior Runs’ како генерален спонзор и што преку активното учество на нашите вработени придонесуваме кон промоција на здрави животни навики. Поддршката на спортски настани, вложувањето во заедницата и развојот на човечкиот капитал се клучни сегменти од нашата корпоративна стратегија,“ истакна Александр Раков, Управител на Бучим

„​Вработените се срцето на Бучим, и затоа вложуваме во нивната благосостојба не само на работното место, туку и надвор од него. Учеството на трката ‘Superior Runs’ е одлична можност за тимско дружење, промоција на здрави навики и зајакнување на корпоративниот дух. Горди сме што трета година по ред сме дел од овој настан, и што преку спортот ја градиме културата на одговорност и заедништво,” додаде Мирослав Петров, раководител на човечки ресури

Бучим останува цврсто посветен на понатамошна поддршка на спортот, здравиот начин на живот и иницијативи што придонесуваат за благосостојба и развој на вработените и на пошироката заедница.