jung-und-jeder-jugendprogramm-salzburger-festspiele

Стипендиската програма на Бучим е дел од проект номиниран за интернационална образовна награда FEDORA

Салцбуршкиот фестивал во 2020 година ја одбележува првата сезона во која стипендиската програма на Бучим и Солвеј – Solway Creative Fellowship, е вклучена во новата програма на фестивалот – Jung&jede*r, која минатата недела беше номинирана за FEDORA образовна награда.

Стипендиската програма – Solway Creative Fellowship е воведна во 2016 година, кога матичната компанија на рудникот Бучим – Solway Investment Group влезе во партнерство со Салцбуршкиот фестивал и стана официјален спонзор на оперските кампови за деца и млади во Салцбург.

Во текот на изминатите години, од 2016 година, над 60 млади талентирани ученици од Радовиш и Конче учествуваа во образовната стипендиска програма на Солвеј. Секоја есен, рудникот Бучим објавува јавен повик за млади таленти, кои би сакале да продолжат да ги развиваат своите таленти, да учат англиски јазик и да бидат дел од меѓународен оперски камп, каде заедно со деца од целиот свет изведуваат оперска претстава. Стипендиската програмата Solway Creative Fellowship е насочена кон поддршка и проширување на идните перспективи на младите талентирани деца со интегрирање на нивните национални културни искуства во меѓународен контекст.

Минатата недела, Европската културна и филантропска мрежа, FEDORA, објави дека програмата на Салцбушкиот фестивал – Jung&jede*r, е влезена во потесен избор за FEDORA образовна награда – признание за креативен и иновативен проект кој истовремено ја поттикнува и социјалната интеграција помеѓу учесниците.

Воодушевени сме што програмата во која индиректно е вклучен Бучим, е номинирана за образована награда. Поддршката на проект кој е признат на пан-европско ниво докажува дека Бучим е на вистинскиот пат во неговите напори да влијае позитивно на одржливиот развој на локалните заедници во кои работи компанијата.” – изјави Никоjачо Николов, заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш.

За FEDORA

FEDORA е Европска културна и филантропска мрежа и иницијатива, избрана од страна Европската комисија која е поддржана од финансиската програма “Креативна Европа“. Ова финансирање и овозможи на иницијатива да отвори Европска платформа која поддржува уметнички иновации во операта и балетот преку приватно финансирани награди. Наградите на FEDORA се признание за новите таленти и идеи во операта и балетот кои ќе ја обликуваат иднината на овие уметнички форми.

Comments are closed.