Општественото одговорно работење и концептот на општествена одговорност зазема значајно место во деловната култура на ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш, која што се базира на одговорно деловно однесување и овозможување на одржлив развој.
Во рамките на заложбата за подобрување на условите за поддршка на спортот, клубови и спортисти преку мерката спортски ваучери, рудникот Бучим додели финансиска поддршка во висина од 2,7 милиони денари на ракометниот клуб РК Радовиш, а по основ на други спонзорства и донации поддржани се борачкиот клуб „Бучим-Радовиш“ и други спортски клубови од Радовиш.
Континуираното вложување и обезбедување услови за квалитетни спортски можности од страна на рудникот Бучим, е согласно корпоративната општествена политика на компанијата која што се залага за вложување во општествено корисни проекти, активности и организации кои го подобруваат квалитетот на живеење на жителите на локалните заедници и го промовираат здравиот начин на живеење.
“Спортот е важен овозможувач на одржлив развој. Бучим го поддржува развојот на талентирани млади спортисти, клубови и спортски манифестации, преку спонзорства и донации, со цел да помогне во остварување на спортски успеси, за изградба на поздрави генерации, здрава иднина и спортска афирмација на Општина Радовиш,” – истакна Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.