WhatsApp Image 2024-06-27 at 12.26.59

СОБРАНИ НАД 300 ТОНИ ОТПАД ОД НАД 18.000 ВОЛОНТЕРИ ВО GENERALKA WEEKEND 2024 – НАЈМАСОВНА ЕКО-АКЦИЈА ВО ДРЖАВАТА

Заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, Мен енд Маунтен оваа година по​ четврти пат ја организираше GENERALKA WEEKEND, најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан, во која беа собрани рекордни над 300 тони отпад.

„Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и пензионерските клубови, месните и урбани заедници, националните паркови, специјалците и многу други организации со здружени сили и со неспоредлив чин на национална солидарност и пријателство над сите етнички и политички границипридонесоа во GENERALKA WEEKEND! Над 18.099 волонтери собраа 301,504 кг отпад на повеќе од 400 локации за време на GENERALKA WEEKEND помеѓу 15-19 мај 2024 година!“ велат Гордана Софија и Ханес Јекл од Мен енд Маунтен.

„Како еден од партнерите на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2024, сме исклучително горди на постигнатите резултати. Успехот на оваа еколошка акција е доказ дека кога сме обединети, можеме да направиме значајни промени за нашата околина и за идните генерации. Собирањето на над 300 тони отпад од страна на повеќе од 18.000 волонтери е импресивен подвиг и инспирација за сите нас да продолжиме со заложбите за чиста и здрава животна средина. Оваа акција е само дел од нашите континуирани напори за зачувување на природата, подигање на еколошката свест и подобрување на квалитетот на животот во нашето општество. Веруваме дека со вложување во вакви проекти, придонесуваме кон создавање на почиста и поодржлива иднина за сите.“ – изјави Кристина Крстева, Заменик управител за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров Дол

Официјалните резултати на GENERALKA WEEKEND 2024 се:

  •  Вкупен број на волонтери: 18.099

Собран отпад по категории:

  • Пластика: 9.893 кг
  • Хартија: 11.063 кг
  • Стакло: 1.562 кг
  • Мешан отпад: 95.017 кг
  • Електронски отпад: 2.720 кг
  • Кабаст отпад: 5.188 кг
  • Друг вид отпад: 176.061 кг

Вкупно собран отпад: 301,504 кг

Врз основа на меморандумот меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Национални шуми и Мен енд Маунтен, Владата на нашата земја ќе посвети по 1 дрво на секои 10 килограми на собраниот отпад за време на GENERALKA WEEKEND во рамки на нивните годишни планови за пошумување се до 2031 година. До денес се пошумени повеќе од 100.000 дрвја благодарение на заложбата на народот на Македонија.

Реализацијата на GENERALKA WEEKEND се должи и благодарение на поддршката од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, кои придонесуваат во оваа акција уште од 2021 година. 

Како и во последните години, Шпаркасе Банка и Нула Отпад се официјални партнери на акцијата, а годинава им се придружија и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. И повторно како и досега Црвен крст се погрижи за безбедноста на сите учесници на GENERALKA WEEKEND 24.

Comments are closed.