WhatsApp Image 2024-12-09 at 19.17.17

Movember со Бучим и Боров Дол: Посветени на свеста за здравјето

Во рамките на глобалната иницијатива Movember, чија цел е подигање на свеста за машкото здравје, рудниците Бучим и Боров Дол организираа едукативно предавање за своите вработени, на тема машко здравје. Настанот беше одржан од страна на медицински лица кои ја истакнаа важноста на раната превенција, редовните здравствени прегледи, како и за важноста на здравите животни навики.

„Здравјето на нашите вработени не е само предуслов за успешна работа, туку е и основа за одржлива иднина. Како компании кои се грижат за своите вработени, Movember активноста ни овозможува да го подигнеме нивото на свесност за машкото здравје и да поттикнеме превентивни активности. Со овие активности обезбедуваме поддршка и ја зајакнуваме грижата за нашите вработени, што претставува наша посветеност и обврска“истакна Александр Раков, управител на рудниците Бучим и Боров Дол.

Настанот привлече голем интерес кај вработените, со активна дискусија и можност за индивидуални консултации со медицински професионалци. Рудниците Бучим и Боров Дол се посветени на континуирана едукација и активности за унапредување на здравјето на своите вработени, преку редовни здравствени прегледи, внатрешни програми за поддршка и иницијативи кои поттикнуваат здрав животен стил.

„Здравјето на нашите вработени е основа за одржливата иднина на нашите компании и заедницата во која работиме. Movember е само една од многуте активности што ги реализираме во рамките на нашите општествено одговорни практики,“ додаде заменик управителот за одржлив развој, Кристина Крстева

Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија за корпоративна општествена одговорност, преку која рудниците Бучим и Боров Дол продолжуваат да придонесуваат за создавање позитивни промени во општеството.

Comments are closed.