WhatsApp Image 2024-12-12 at 21.00.14

Бучим и Боров Дол – Партнери на Генералка Викенд: Успешно засадена Сончева Гора 2024

Бучим и Боров Дол, како дел од своите заложби за одржлив развој, се приклучија како горди партнери на еколошката акција „Генералка Викенд“, поддржувајќи ја иницијативата за пошумување под името „Сончева Гора“.

Ивица Карапетров, Заменик управителот на Бучим и Боров Дол истакна: „Од самиот почеток ја препознавме важноста на „Генералка Викенд“ како иницијатива која обединува заедницата за да придонесе кон зелена и одржлива иднина. Горди сме што како компании можеме да бидеме дел од оваа приказна и заедно со партнерите и волонтерите да покажеме дека со заеднички напори можеме да создадеме позитивни промени за нашата животна средина. Нашето учество е уште еден доказ за нашата посветеност кон заштитата на природата и подигнување на еколошката свест.“

„Генералка Викенд“ е најголемата еколошка акција во земјата, организирана од „Мен енд Маунтен“, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање и стратешките партнери од бизнис заедницата.

На денешниот настан, кој вклучуваше пошумување на „Сончева Гора“, учествуваа над 150 волонтери, меѓу кои и тимовите од Бучим и Боров Дол. Со својот пример, тие ја истакнаа важноста на заедничкиот труд и колективниот ангажман за создавање зелена иднина.

Со вакви акции, за само четири години во рамки на проектот, се засадени над 125.000 дрвја и собрани 915.000 килограми отпад, покажувајќи ја моќта на колективниот ангажман и одговорноста кон природата.

Comments are closed.