WhatsApp Image 2024-11-07 at 19.31.42

Бучим добитник на највисокото општинско признание – „6-ти Ноември“ награда на Општина Радовиш

Со гордост и благодарност, Бучим го објавува добивањето на највисокото општинско признание – плакета „6-ти Ноември“ за особен придонес во развојот на Општина Радовиш. Ова значајно одликување, која е симбол на најголемата почит и признание од страна на локалната заедница, претставува круна на повеќедецениска работа и вложувања во општината.

Плакетата „6-ти Ноември“ е повеќе од признание – таа е доказ за длабоката врска и партнерство меѓу рудник Бучим и заедницата на Радовиш. Преку континуирани инвестиции во развојот на инфраструктурата, образованието, културата и спортот рудникот постојано работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

На свечената академија, Заменик управителот на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров изјави:

“Доделувањето на оваа плакета е највисока потврда за нашата мисија да бидеме столб на развојот на Општина Радовиш. Секоја успешна заедница се гради на темели на меѓусебна соработка, доверба и поддршка, а ова признание ни дава уште поголема мотивација да продолжиме со нашите проекти кои ќе донесат долгорочни придобивки за општината. Благодарни сме на Општина Радовиш за оваа чест и ветуваме дека ќе останеме посветени на заедницата и во иднина.”

Рудникот Бучим останува посветен на принципите на одржлив развој и корпоративна општествена одговорност. Во иднина, ќе продолжи да ги поддржува локалните иницијативи, да вложува во иновации и да создава нови можности кои ќе го зацврстат економскиот и социјалниот просперитет на Општина Радовиш.

WhatsApp Image 2024-11-07 at 20.36.33

Рудниците Бучим и Боров Дол потикнуваат инклузивност и еднакви можности за сите

Рудниците Бучим и Боров Дол реализираа иницијативата за поддршка на лицата со интелектуална попреченост, организирајќи посета на 02 октомври 2024 година, во рамки на која 15 корисници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Радовиш, заедно со придружници, имаа можност да се запознаат со рударските активности и инфраструктурата на рудникот Боров Дол .

Оваа посета е значаен чекор кон промоција на инклузивно општество, со што рудниците Бучим и Боров Дол ги демонстрираат своите заложби за прифаќање на различностите и обезбедување еднакви можности за сите членови на заедницата. Целта на оваа иницијатива е да се подигне јавната свест за важноста на интеграцијата на лицата со интелектуална попреченост како рамноправни и активни членови на заедницата.

Членовите на ПОРАКА Радовиш беа запознаени со различни аспекти од рударските активности, со што се поттикнува нивната интеграција и вклучување во општеството. Тие ја посетија машинската работилница, копот на рудникот Боров Дол, како и административниот објект каде што им беше организирана презентација за рударските активности. Во текот на посетата, посетителите добија и лична заштитна опрема за безбедно разгледување на рудникот.

„Нашата мисија не се ограничува само на економскиот развој; ние градиме заедници кои нудат еднакви шанси за секој поединец. Поддршката на лицата со интелектуална попреченост е составен дел од нашата визија за одржлив развој, што вклучува почитување и прифаќање на различностите. Преку оваа иницијатива, сакаме да испратиме порака дека сите сме одговорни за создавањето на инклузивно општество, кое ќе ги прифати и вреднува сите свои членови. Веруваме дека со ваквите активности не само што ја зголемуваме свеста за важноста на инклузијата, туку и поттикнуваме конкретни чекори за создавање средина каде што сите имаат еднакви можности за учество.” изјави Заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетеров

Рудниците Бучим и Боров Дол остануваат посветени на поддржување на иницијативи кои промовираат инклузија, еднаквост и поттикнуваат долгорочен одржлив развој, со цел градење заедница која го прифаќа секој свој член, обезбедувајќи рамноправност, почит и можности за сите.

Линк до видеото: https://youtu.be/-_nfc6T5rQc

WhatsApp Image 2024-08-29 at 09.24.57

Радовиш: Денот на македонските рудари одбележан со поддршка за рударите и заедницата

Во организација на рудниците Бучим и Боров Дол, беше одржана свеченост по повод Денот на македонските рудари, 28-ми август. Настанот, кој се одржа во присуство на бројни гости, пријатели и соработници, ја одбележа значајната улога на рударите во развојот на македонската индустрија и економија.

На свеченоста, присутните беа потсетени на историското значење на Денот на рударите, кој е во чест на Штрајкот на рударите од Лојане во 1929 година, симболизирајќи ја борбата за права и единството на македонските рудари. Овој ден ги поврзува старите и новите генерации, акцентирајќи ја важноста на зачувување на традициите и корените на македонското рударство.

Во своето обраќање г-дин Ивица Карапетров, Заменик управител на Бучим и Боров Дол, истакна дека, и покрај предизвиците со кои се соочиле во изминатиот период, рудниците остануваат стабилни и одржливи компании, со визија за светла иднина. Карапетров нагласи дека секој рудар е од суштинско значење за успех на компанијата и заедницата.

Посебен момент од свеченоста беше присуството на младите геонаучници кои неодамна постигнаа извонреден успех на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO 2024, одржана во Пекинг, Кина. Овие млади таленти ја претставија Македонија на светската сцена, враќајќи се дома со еден сребрен и шест бронзени медали. Рудниците Бучим и Боров Дол се особено горди што ги поддржуваат и промовираат овие млади умови.

Настанот беше исто така искористен за собирање донации за Сандра Дејановска Крастев, мајка на две малолетни деца од Радовиш која боледува од редок вид на рак, како и за реконструкција и поддршка на Манастирот Св. Јован Претеча во село Слепче. Оваа иницијатива уште еднаш ја потврди посветеноста на рудниците Бучим и Боров Дол кон локалната заедница.

По повод Денот на македонските рудари, сите рудари добија парични награди, а на 21-те најдобри вработени им беа доделени повисоки парични бонуси како признание за нивната извонредна работа.

Вечерта продолжи со концерт во центарот на Радовиш, каде присутните уживаа во настапите на Игор Џамбазов, Гуру Харе бенд и легендарните Црвена јабука, заокружувајќи ја прославата со музика и заедништво.

Рудниците Бучим и Боров Дол ја истакнаа својата поддршка кон рударите, младите таленти и заедницата. Честит Ден на македонските рудари! Среќно!

Изработка на Гумирана спирала за млин ALLIS CHALMERS 

ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш има потреба за набавка на услуга – изработка на гумирана спирала за млин ALLIS CHALMERS.

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда.

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со следните услови и критериуми укажани

Краен рок  за доставување на понуда 21.08.2024

Набавка на Вертикална центрифугална пумпа тип: 2VPH-6A  

За потребите на  ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш,(Пумпање на техничка вода од пумпна станица Ињево) се објавува јавен повик за прибирање на понуди и документација со цел избор на најповолен добавувач за набавка на вертикална центрифугална пумпа тип: 2VPH-6A без електромотор

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда.

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со условите и критериумите укажани во повеќе за тендерот

Краен рок  за доставување на понуда 21.08.2024г.

Продолжување на рокот за јавен повик иведување на фасадерски работи

ДПТУ Бучим ДООЕЛ ги известува сите заинтересирани страни дека рокот за доставување на понудите за  услуга за изведба на фасадерски работи е продолжен. Оваа одлука е донесена поради приемот на само една понуда во претходниот рок.

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда.

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со следните услови и критериуми

Краен рок  за доставување на понуда 19.08.2024

Продолжување на рокот за јавен повик за превоз на работници

ДПТУ Бучим ДООЕЛ и ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ  ги известуваат сите заинтересирани страни дека рокот за доставување на понудите за превоз на вработени е продолжен. Оваа одлука е донесена поради приемот на само една понуда во претходниот рок, како и дисквалификација на понудувачот, со цел да се обезбеди праведен и квалитетен избор.

Подетални информации за бараната услуга, условите за аплицирање, и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.

Крајниот рок за доставување на понудите е 19.08.2024 година.

Повеќе за тендерот

Превозник што ќе врши превоз на работници

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ  и ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш, имаат потреба од превозник што ќе врши превоз на работници вработени во компанијата. 

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда.

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со следните услови и критериуми

Краен рок  за доставување на понуда 06.08.2024

Повеќе за тендерот

Изведба на фасадерски работи

ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш има потреба за набавка на услуга за изведба на фасадерски работи за потребите на компанијата.

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда.

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со следните услови и критериуми

Краен рок  за доставување на понуда 06.08.2024

Повеќе за тендерот

WhatsApp Image 2024-06-27 at 12.26.59

СОБРАНИ НАД 300 ТОНИ ОТПАД ОД НАД 18.000 ВОЛОНТЕРИ ВО GENERALKA WEEKEND 2024 – НАЈМАСОВНА ЕКО-АКЦИЈА ВО ДРЖАВАТА

Заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, Мен енд Маунтен оваа година по​ четврти пат ја организираше GENERALKA WEEKEND, најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан, во која беа собрани рекордни над 300 тони отпад.

„Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и пензионерските клубови, месните и урбани заедници, националните паркови, специјалците и многу други организации со здружени сили и со неспоредлив чин на национална солидарност и пријателство над сите етнички и политички границипридонесоа во GENERALKA WEEKEND! Над 18.099 волонтери собраа 301,504 кг отпад на повеќе од 400 локации за време на GENERALKA WEEKEND помеѓу 15-19 мај 2024 година!“ велат Гордана Софија и Ханес Јекл од Мен енд Маунтен.

„Како еден од партнерите на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2024, сме исклучително горди на постигнатите резултати. Успехот на оваа еколошка акција е доказ дека кога сме обединети, можеме да направиме значајни промени за нашата околина и за идните генерации. Собирањето на над 300 тони отпад од страна на повеќе од 18.000 волонтери е импресивен подвиг и инспирација за сите нас да продолжиме со заложбите за чиста и здрава животна средина. Оваа акција е само дел од нашите континуирани напори за зачувување на природата, подигање на еколошката свест и подобрување на квалитетот на животот во нашето општество. Веруваме дека со вложување во вакви проекти, придонесуваме кон создавање на почиста и поодржлива иднина за сите.“ – изјави Кристина Крстева, Заменик управител за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров Дол

Официјалните резултати на GENERALKA WEEKEND 2024 се:

  •  Вкупен број на волонтери: 18.099

Собран отпад по категории:

  • Пластика: 9.893 кг
  • Хартија: 11.063 кг
  • Стакло: 1.562 кг
  • Мешан отпад: 95.017 кг
  • Електронски отпад: 2.720 кг
  • Кабаст отпад: 5.188 кг
  • Друг вид отпад: 176.061 кг

Вкупно собран отпад: 301,504 кг

Врз основа на меморандумот меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Национални шуми и Мен енд Маунтен, Владата на нашата земја ќе посвети по 1 дрво на секои 10 килограми на собраниот отпад за време на GENERALKA WEEKEND во рамки на нивните годишни планови за пошумување се до 2031 година. До денес се пошумени повеќе од 100.000 дрвја благодарение на заложбата на народот на Македонија.

Реализацијата на GENERALKA WEEKEND се должи и благодарение на поддршката од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, кои придонесуваат во оваа акција уште од 2021 година. 

Како и во последните години, Шпаркасе Банка и Нула Отпад се официјални партнери на акцијата, а годинава им се придружија и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. И повторно како и досега Црвен крст се погрижи за безбедноста на сите учесници на GENERALKA WEEKEND 24.