Pavel Krivinskij

Павел Кривинскиј: “Во Боров Дол вложуваме 60 милиони евра, рудникот ќе стартува во месец септември, оваа година”

Интервју со Павел Кривинскиј, генерален директор на рудникот за бакар “Боров Дол”, кој зборува за инвестициите, одвивањето на работите во услови на пандемија, за тоа како ќе се транспортира рудата до рудникот „Бучим“, за благодатот кој ќе го имаат општините Конче, Штип и Радовиш…

Беше планирано Боров Дол да стартува кон средината на оваа година. Дали работите се движат во една таква насока?

– Изминатата 2019 година, бевме целосно насочени кон остварување на оваа цел и сме целосно фокусирани и работиме во насока за исполнување на планираниот временски период за отпочнување со работа. Во 2019 започнавме со инвестициската раскривка и реализиравме околу 99,3% од годишниот план за раскривка. Изградивме пат до рудникот, започнавме со градежните работи на трасата која ќе ги поврзува Боров Дол и постоечкиот Бучим, објектите за примарно дробење и затвореното складиште за руда на Боров Дол. Сите наши активности продолжуваат и според планот за развојот на рудникот, септември 2020 година е месецот во кој треба да започнеме со работа. Во овој проект вложуваме околу 60 милиони евра.

Дали коронавирусот предизвика застој на работните активности кое и предизвикало пролонгирање на почетокот на работата на Боров Дол?

 –  Безбедноста и здравјето на нашите вработени ни е приоритет и ние ги применуваме сите превентивни и заштитни мерки. Во овие тешки услови на епидемија, работењето на рудникот Боров Дол се одвива непрекинато. Стабилно ги спроведуваме своите цели, а изведувањето на работните активности е прилагодено според моменталните воведени мерки, услови и препораки од надлежните институции. Поради непредвидливоста на ситуацијата, ние сеуште не можеме да дадеме сигурна проценка на влијанието на моменталните услови врз нашето работење, но засега немаме отстапувања од предвидениот план.

Во која фаза е изградбата на транспортната трака преку која ќе се транспортира рудата од Боров Дол до Бучим како важен дел од целиот проект?

–  Клучен дел од проектот Боров Дол e изградба на транспортна трака,  која ќе служи за пренос на издробената руда од Боров Дол до веќе постоечките капацитети на Бучим за преработка и складирање на руда. Покриената транспортна трака, долга 7 км, претставува современо инженерско решение, кое го ограничува ширењето на прашина и го сведува загадувањето на воздухот на минимум.  Сите подготвителни работи за изградба на транспортната трака се завршени, односно пробиена е трасата и очекуваме во скоро време отпочнување на градежните работи за поставување на носечката конструкција на транспортната трака, која во септември годинава треба да биде целосно изградена и оперативна.

Инвеститорот на Боров Дол и Бучим е еден, но Боров Дол е посебен стопански субјект. Зошто Боров Дол се издвои од целината на Бучим?

–   Носител на дозволата за геолошко истражување е правното лице ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш, а со тоа, самата концесија за експлоатација и дозволата на експлоатација е на правното лице ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш.

На Денот на рударите, воедно и денот кога Бучим ги одбележа своите два значајни јубилеи, претседателот на Одборот на директори на Солвеј Инвестмент Груп, г-н Бронштејн, изјави дека тие купувале пропаднати рудници, ги доведувале до работно ниво па ги продавале, но Бучим не е, и нема да биде на продажба. Дали истото се однесува и за Боров Дол, затоа што тие еден без друг не можат?

– Нашата матична компанија – Солвеј Инвестмент Груп ги препознава уникатните можности за инвестирање преку кои можат да направат значително и позитивно влијание врз производниот процес и врз регионот во кој работат. Смело ги прифаќа предизвиците, успешно ги менаџира амбициозните проекти и работи на зголемување на нејзините минерални резерви и капацитетот за производство. Отворањето на рудникот Боров Дол е со цел продолжување на работниот век на Бучим. Рудникот Боров Дол ќе овозможи продолжување на ископ на бакарната руда најмалку до 2030, оперативност на постоечките објекти во рудникот Бучим, зачувување на работните места на повеќето вработени и можност за нови работни места, наместо затварање на рудникот. Бучим без Боров Дол нема иднина, а ниту пак Боров Дол без Бучим.

Концесискиот простор на Боров Дол, припаѓа 4% на Радовиш, над 40% на Штип и 56% на општина Конче. Споменавте дека ќе се отвараат нови работни места, дали работниците ќе се примаат од општините согласно процентот на територијата која Боров Дол ја зафаќа во секоја од нив?

– Општините Конче, Штип и Радовиш, ќе имаат удел во експлоатацијата и преработката на рудата, а со тоа секоја општина може да смета на финансиска добивка врз основа на концесијата. Повеќето од вработените во Бучим ќе бидат префрлени во новиот рудник, но и ќе се создаваат нови работни можности за жителите од соседните општини. Според планот, се очекува бројот на вработени да изнесува околу триста луѓе. Воедно, при избор на идните добавувачи на Боров Дол ќе се земат во предвид фирмите кои работат општините Конче, Штип и Радовиш. Нашата цел е, преку нашето работење, да го поддржиме економскиот развој на општините, како и да им обезбедиме одржлив развој, кој во иднина нема да зависи само од рудникот.

Колку луѓе во моментов работат на подготовката на Боров Дол и од кои профили се тие…. Останувате ли на информациите дека со Боров Дол се продолжува векот на Бучим за најмалку уште 10 години?

– Во моментот, во периодот на подготовка на рудникот, работат дваесет извршители од различен профил: администрација и инженери, а исто така инволвирани се и многу домашни и странски изведувачи. Предвидениот животен век на рудникот Боров Дол, моментално е проценет на 10 години, но постојат можности за негово продолжување и понатаму кога ќе бидат истражени нови резерви од рудното тело. Рудникот Боров Дол содржи докажани и проспективни резерви од околу 40 милиони тони руда со 0,26% бакар и 0,20 г/т злато.

На што во моментов сте најмногу посветени?

–  Целосно сме посветени на изградбата на рудникот и сите наши активности се насочени кон скорото отворање на рудникот. На почетокот на месецот, добивме дозвола за изградба на рударскиот комплекс Боров Дол, од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија, и веќе започнавме реализација на изградбата на потребните објекти.

http://istokpress.mk/9119-2/
Borov dol April 2020

Рудникот Боров Дол планира да започне со работа во септември 2020

Министерството за транспорт и врски на РСМ издаде дозвола за изградба на рударскиот комплекс Боров Дол. Со добивањето на градежната дозвола, рудникот ќе почне со изградба на објектите и според планот ќе стартува со работа во септември годинава.

Боров Дол ќе го продолжи работниот век на Бучим најмалку до 2030 година и ќе придонесува за локалните заедници во три општини – Конче, Штип и Радовиш. Овие три општини ќе имаат удел во експлоатацијата и преработката на рудата, а со тоа секоја општина може да смета на финансиска добивка врз основа на концесијата.

Со новиот проект се зачувуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така се создаваат и нови работни можности за жителите на соседните општини. Според планот, се очекува вкупно 307 рудари да бидат вработени во новото рудно тело. Проектираниот животен век на рудникот во моментов се проценува на 10 години, со можност за понатамошно продолжување на работата на рудникот.

Со цел да се минимизира потенцијалното влијание врз животната средина, според планот за развој на инфраструктурата, Боров Дол ќе ги користи веќе постоечките објекти на Бучим за преработка и складирање на руда, а ископаната руда ќе се транспортира преку покриена транспортна трака долга 7 км. На новото рудно тело, во соработка со македонската градежна компанија ДГ Бетон АД Скопје, ќе се гради изливен базен од површински коп, пречистителна станица, брана и акумулација, административна зграда со ресторан и амбуланта, бензиска пумпа и улична инфраструктра. Вкупната цена на проектот Боров Дол се проценува на 60 милиони евра.

„Со добивањето на градежната дозвола, практично можеме да почнеме со реализација на изградба на потребните објекти. Во ова време на економско забавување, сепак веруваме дека ќе успееме да го обезбедиме временскиот распоред на проектот и рудникот Боров Дол ќе започне со работа според планот, во септември 2020 година.”– истакна Павел Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

WhatsApp Image 2020-06-25 at 10.17.52

БУЧИМ ДОНИРАШЕ 50.000 ЕВРА ЗА ПОДДРШКА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ НА РСМ

Бучим ДОО Радовиш, како општествено одговорна компанија, со цел да помогне во справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија, донесе одлука за донирање на финансиска помош како поддршка на здравствениот систем на РСМ во вредност од 50 илјади евра во денарска противвредност.

Паричните средства во износ од 40 илјади евра ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство и финансиска помош во висина од 10 илјади евра ќе биде донирана на сметките на локалните здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица.

Во изминатиот период, рудникот  донираше и медицински заштитни маски за заштита на здравјето на вработените во Полициската станица, Здравствениот дом и Противпожарната служба во општина Радовиш, на вработените во ЈП Плаваја – Радовиш, на Oпштинската организација Црвен крст – Радовиш и на ПЗУ Адора Медик Радовиш. Вкупно 450 медицински заштитни маски за лице, беа донирани за потребите на локалните институции во општина Радовиш и 150 заштитни скафандери на ЈЗУ Клиничка болница – Штип, кои во борбата за зачувување на јавното здравје се најизложени на ризикот од коронавирусот.

Во овој исклучително тежок период за сите нас и предизвикот со кој се соочуваме, неопходно е да помогнеме онаму каде што е потребно со придонес кој е од исклучително значење за справување и брзото надминување на кризата. Во рудникот Бучим се применуваат сите превентивни мерки доставени од надлежните органи, бидејќи како и досега, безбедноста и здравјето на нашите вработени е наш приоритет и суштина на сето она што го правиме” – Никoлајчо Николов, заменик генерален дирeктор на Бучим.

IMG-9db815718e76b9c13422d83fa29f4b57-V

Бучим ДОО Радовиш воведе мерки за превенција и заштита од Covid-19 (коронавирус)

Во интерес на јавното здравје и справување со закана од коронавирусот, во согласност со препораките на Светската здраствена организација, Министерство за здравство и Владата на Република Северна Македонија, Бучим ДОО Радовиш презеде низа зголемени мерки за заштита на здравјето и безбедноста на своите вработени. Во целост се почитуваат мерките и препораките од 15-та седница на Владата на РСМ, а се однесуваат на справување со заканата од COVID–19 (коронавирус). 

Со цел подобро справување и спречување на ширењето на вирусот, како и во согласност со мерките на надлежните институции, ве известуваме дека Бучим ДОО Радовиш донесе Одлука за ограничено влегување на надворешни соработници и посетители за периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Коронавирус COVID–19 и ги откажува сите настани, средби, собири, обуки, состаноци, семинари и останати патувања предвидени за времето од овој период. Во рудникот ќе бидат пропуштени надворешни соработници/посетители само за итни и неодложни работи под посебни превентивни услови. Добавувачите кои вршат транспорт на стоки ќе се пропуштат согласно мерките и препораките за заштита под посебни превентивни услови до местото за утовар/истовар по претходно извршена дезинфекција и без директни контакти со вработените. Службата за обезбедување при пропуштање на влезно-излезна капија на надворешни соработници/посетители ги применува сите неопходни превентивни мерки за заштита како дезинфекција на лицата при влегување во друштвото, усни упатства за избегнување на директни контакти со вработените како и непотребни контакти со предмети.

Согласно насоките од 28-та седница на Владата на РСМ и одлуката за дополнување на Одлуката за изменување на забрана и посебен режим за движење на територијата на РСМ, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес, Бучим ДОО Радовиш поднесе образци за издавање на Дозвола за движење на 310 вработени поради вршење на сменска и ноќна работа. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час.

Апелираме за периодот во кој траат заштитните мерки да се користат електронските комуникациски канали за комуникација.

28.02.2020

Поддршка за реконструкција на црковниот храм “Свети Пророк Илија” во Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол, како општествено одговорни компании, одговараат на потребите на општеството и допридонесуваат за развојот на локалните заедници.

Како дел од својата политика за одржливост и програмата за зачувување на културното наследство, Бучим и Боров Дол се вклучија во помагањето за реконструкцијата на храмот „Свети Пророк Илија“ во Радовиш, кој датира од првата половина на 19 – ти век. На одржаната донаторска средба, во организација на МПЦ-ОА Брегалничка епархија,  рудникот Бучим, заедно со рудникот Боров Дол,  донираа 7.000 евра за реновирање на црковниот храм кој е изграден пред повеќе од 200 години и има културно и историско занчење за регионот.

Ние ја препознаваме важноста да допридонесуваме за развојот на локалната заедница и со нашето работење, се стремиме и паралелно да и помагаме на заедницата. Возобновувањето на црковниот храм е доглорочна, одржлива придобивка за регионот кој го задржува културното наследство за многу идни генерации.” – изјави Николајчо Николов заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш.

Павел Кривинскиј, управител на Боров Дол “Вложувањето во заедницата е нераскинлив дел од секој сегмент на нашето работење.  Задоволство ни е што се приклучивме кон поддршка на овој проект за зачувување на најстариот црковен храм во Радовиш, кој ќе биде од полза за жителите на општината

IMG_4350 Bucim

Бучим ДОО Радовиш доби награда за долготрајното членство во Стопанската комора на Македонија

По повод одбележувањето на деведесет и осум годишнината на Стопанската комора на Македонија, на 19.02.2020 година, беа доделени награди и признанија на компании-членки кои со своите активности ја обележаа 2019 година и кои долги години придонесуваат за коморското работење и за развојот на македонското стопанство.

На одбележувањето на 98-та годишнина од постоењето на Комората, рудникот Бучим беше одликуван со „Награда за долгогодишна активна членка на Стопанската комора на Македонија“. Наградата, која претставува официјално признание на бизнис заедницата за придонесот на рудникот Бучим кон развојот на македонското стопанство, му беше врачена на заменик генералниот директор на Бучим ДОО Радовиш, г-дин Николјачо Николов.

Рудникот Бучим постојано се труди и прави напори преку своите инвестиции и активности да допридонесува за развојот на македонското стопанство. Афирмацијата за работењето и придонесот на рудникот, од страна на бизинс заедницата, нам ни дава уште поголем поттик за понатамошно работење, инвестирање и подобрување на македонската економија.” истакна Николајчо Николов, заменик генералeн директор на Бучим ДОО Радовиш.

Рудникот Бучим, како долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, активно е вклучен во работата на Македоснката асоцијација на рударството – МАР, како и во работата на органите на Комората.

Настанот се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје, во присуство на претставници на стопанството, претставници на државните институции и на дипломатскиот кор.

jung-und-jeder-jugendprogramm-salzburger-festspiele

Стипендиската програма на Бучим е дел од проект номиниран за интернационална образовна награда FEDORA

Салцбуршкиот фестивал во 2020 година ја одбележува првата сезона во која стипендиската програма на Бучим и Солвеј – Solway Creative Fellowship, е вклучена во новата програма на фестивалот – Jung&jede*r, која минатата недела беше номинирана за FEDORA образовна награда.

Стипендиската програма – Solway Creative Fellowship е воведна во 2016 година, кога матичната компанија на рудникот Бучим – Solway Investment Group влезе во партнерство со Салцбуршкиот фестивал и стана официјален спонзор на оперските кампови за деца и млади во Салцбург.

Во текот на изминатите години, од 2016 година, над 60 млади талентирани ученици од Радовиш и Конче учествуваа во образовната стипендиска програма на Солвеј. Секоја есен, рудникот Бучим објавува јавен повик за млади таленти, кои би сакале да продолжат да ги развиваат своите таленти, да учат англиски јазик и да бидат дел од меѓународен оперски камп, каде заедно со деца од целиот свет изведуваат оперска претстава. Стипендиската програмата Solway Creative Fellowship е насочена кон поддршка и проширување на идните перспективи на младите талентирани деца со интегрирање на нивните национални културни искуства во меѓународен контекст.

Минатата недела, Европската културна и филантропска мрежа, FEDORA, објави дека програмата на Салцбушкиот фестивал – Jung&jede*r, е влезена во потесен избор за FEDORA образовна награда – признание за креативен и иновативен проект кој истовремено ја поттикнува и социјалната интеграција помеѓу учесниците.

Воодушевени сме што програмата во која индиректно е вклучен Бучим, е номинирана за образована награда. Поддршката на проект кој е признат на пан-европско ниво докажува дека Бучим е на вистинскиот пат во неговите напори да влијае позитивно на одржливиот развој на локалните заедници во кои работи компанијата.” – изјави Никоjачо Николов, заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш.

За FEDORA

FEDORA е Европска културна и филантропска мрежа и иницијатива, избрана од страна Европската комисија која е поддржана од финансиската програма “Креативна Европа“. Ова финансирање и овозможи на иницијатива да отвори Европска платформа која поддржува уметнички иновации во операта и балетот преку приватно финансирани награди. Наградите на FEDORA се признание за новите таленти и идеи во операта и балетот кои ќе ја обликуваат иднината на овие уметнички форми.

Bucim 01.02.2020

Бучим продолжува да ги поддржува младите таленти од локалните заедници

Како дел од програмата за стипендирање на млади таленти за музичкиот камп воведена од матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал, рудникот продолжува со поддршката на млади креативни жители на Радовиш и Конче.

Вложувањето во заедницата и нејзините граѓани, е една од главните цели на компанијата. Општествено одговорните иницијативи на Бучим се насочени кон подобрување на животот на луѓето кои живеат во заедниците во кои рудникот работи. Ние помагаме во многу различни области од животот, вклучително и образованието и развојот на младите, културата, спортот и уметноста.

Друга важна цел на социјалните активности на Бучим, е да ги негува наредните генерации на креативни таленти. Ова го правиме со создавање на контакт помеѓу новите таленти и реномирани меѓународни институции за култура, а вооедно и ги поттикнуваме и спонзорираме со учество во меѓународната програма на Солвеј за стипендии на музичкиот камп.

Десетгодишната радовишанка Јана Јованова, е премлада за да учествува во стипендиската програма, но сепак зад себе бележи бројни меѓународни успеси иако само три години свири на пијано. Таа има многубројни настапи, први награди, специјални награди и титула лауреат на државни и меѓународни натпревари, меѓу кои и на меѓународниот натпревар Антонио Вивалди во Виена. Досега има добиено над 20 први награди, а воедно е и најмладиот уметник досега кој се здбоил со “Шестоноемвриско признание” со златна плакета за посебни достигнувања во областа на културата и уметноста и афирмација на општина Радовиш.

Во изминатите години, рудникот Бучим и потпомогна за нејзините учества на неколку меѓународни натпревари, на кои младата пијанистка со својата изведба го докажа својот потенцијал. Оваа година, Бучим и обезбеди дигитално пијано, кое ќе и овозможи на Јана да продолжи да вежба и да се движи напред кон своето музичко патување.

Поддржувајќи ги младите и амбициозни таленти во нашите локални заедници, ја стимулираме нивната способност за напредок и да послужат како пример за другите. Јана е пример за музички надарен млад човек со огромен потенцијал да стане реномиран уметник. Драго ни е  што имаме можност да и обезбедиме соодветен инструмент и да одиграме барем мала улога во исполнувањето на сонот на една исклучителна млада талентирана личност.“- истакна Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш.

DSCF3849

Јубилејни награди за 15 години непрекината работа во БУЧИМ ДОО Радовиш

Бучим ДОО Радовиш од Јануари 2020 година започна со исплаќање на јубилејна награда на вработените во рудникот кои согласно Колективниот договор ги усполнуваат условите за тоа.

Врз основа на член 113 став 2 од Законот за работни односи, член 35 став 3 алинеја 3 од Општиот Колективен Договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија како и член 26 од Статутот на ДПТУ “БУЧИМ” ДОО – Радовиш, Органот на Управување –Управители донесе одлука на сите вработените во Друштвото со непрекината работа во ефективно траење од 15 години да им се додели јубилејна (парична) награда за 15 години непрекината работа кај ист работодавач.

Основица за пресметување на јубилејната (парична) награда ќе биде во висина на една просечна месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните 3 месеци сметано на денот на исплатата.

Исплатата на паричниот надомест по основ јубилејна парична награда, започна да се применува од 01.01.2020 година при исплата на платата за месецот кој истекол за вработените кои се стеканале со правото на исплата во тој месец. До крајот на година, се очекува да бидат нагарадени околку 210 долгогодишни работници на рудникот.

Ги почитуваме законските норми и трудот на лојалните и вредни вработени соодветно го вреднуваме. Ние ја цениме посветеноста на нашите вработени и свесни сме за одговорноста на работата што ја извршуваат. Вработените се столбот на нашиот успех и грижата за нашите вработени и понатаму ќе продолжи”, истакна  Николајчо Николов, заменик генереален директор на Бучим ДОО Радовиш

PIC_2699

Новогодишни пакетчиња за најмлaдите

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници рудникот Бучим им ги честиташе претстојните празници на најмалите со пригодни новогодишни пакетчиња.

Грижата за општеството и за заедницата отсекогаш се биле дел од фокусот на компанијата. Во текот на целата година рудникот активно спроведуваше голем број на општествено одговорни практики и донации, но како и секоја година, со особено задоволство годината ја завршува со доделување на над илјада новогодишни пакетчиња.

Во последната недела од годината и оваа година, традиционално рудникот Бучим подарува новогодишни пакетчиња на дечињата од детската градинка “Ацо Караманов”, на децата на вработените во рудникот Бучим, на децата во домот за згрижување на деца без родители Емануел и на корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака. Рудникот Бучим исто така додели и новогодишни пакетчиња на Општинската организација Црвен крст – Радовиш и на Здружението на турците за хуманитарни и културни активности Кудрет Јашам Дернеѓи за децата од социјално загрозени семејства од општина Радовиш и општина Конче.

Празниците се одлична прилика да создадеме повеќе радост и незаборавни моменти за секој од нас. Ова е наша традиционална новогодишна активност која со задоволство ќе ја продолжиме и се надеваме дека и во иднина ќе успеваме да придонесуваме за детската радост во овој период од годината.” –  Никoлајчо Николов, заменик генерален дирeктор на Бучим