DSCF8463

Бучим и Боров Дол продолжуваат со своите активности за заштита од Ковид-19

Како конструктивни партнери на локалните заедници, рудниците се трудат активно да придонесуваат во борбата со Ковид-19 вирусот. ДПТУ Бучим ДОО Радовиш донираше системи за дезинфекција на возила на ЈП Плаваја – Радовиш. ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш донираше заштитни маски и дезинфекциски средства на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Радовиш, за превентина заштита на жителите на општините Конче и Радовиш.

Овие донации имат за цел да се обезбеди дополнителна заштита на локалните жители и да се намали ризикот на ширењето на вирусот на територијата на општините Радовиш и Конче. Системите за дезинфекција на возилата ќе бидат поставени на двата влеза во градот Радовиш, како дополнителни мерки на претпазливост за да се ограничи изложеноста на вирусот, а заштитните маски и дезинфекциските средства ќе бидат наменети за потребите на жителите на Конче и Радовиш, кои Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Радовиш ќе ги достави на оние семејства на кои им се најпотребни.

Од почетокот на пандемијата, рудниците Бучим и Боров Дол презедoa зголемени претпазливи мерки за заштита на здравјето на своите вработени, истовремено обезбедувајќи деловен континуитет. Во рудниците во целост се применуваат мерките и препораките на Светската здраствена организација, Министерство за здравство и Владата на Република Северна Македонија. За да се намали ризикот, редовно се врши дезинфекција на кабините на технолошките возила, опремата, автобусите и работните простории и на сите вработени им се обезбедуваат редовно дезинфекциски средства и заштитни маски. Дополнително, воведен е ограничен влез за надворешни соработници и посетители, а вработените кои имаат деца на возраст до 10 години и вработените со хронични болести се ослободедни од работните обврски. Откажани се сите настани и состаноци и распоредот на исхрана во ресторанот е промент, сѐ со цел за да избегне собирање на голем број луѓе на едно место во исто време.

Бучим и Боров Дол со задоволство пријавуваат дека помеѓу вработените досега нема пријавено случај на Ковид-19. 

Активностите во компанијата се одвиваат согласно сите препораки, а на вработените им е овозможена безбедна работна средина со сите мерки на претпазливост. Во справувањето со една од најголемите глобални кризи, пандемијата Ковид-19, соработката со заедниците е неопходна. Ние ја препознаваме важноста за поддршка и соработка со нашето општество, особено во едни вакви вонредни услови. Насочени сме кон тоа да придонесеме да се зачува здравјето и безбедноста на нашите вработени и локалните жители и зеднички да ги надминеме предизвиците од кризата со коронавирусот,” истакна Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

Во Боров Дол се применуваат сите заштитни мерки и нашето работење е реорганизирано соодветно со сите претпазливи мерки, со цел да се заштити здравјето на нашите вработени и да се задржи континуитетот на работењето. Подеднакво се грижиме и за општеството во кое што работиме. Грижата за општеството е длабоко втемелено во нашето работење, особено во овие новосоздадени ситуации кои ги предизвика Ковид-19 вирусот,“ додаде Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

DJI_0075

Рудникот Бучим ќе работи сè до отпочнување со работа на рудникот Боров Дол

Рудникот за бакар Бучим ДОО Радовиш, првата половина на 2020 година ја одбележа со завршеток на експолоатација на минерални суровини од рудното тело Чукар 2, согласно предвидениот годишен план за производство.

Во месец јули,  предвиден е планиран застој на производниот процес во рудникот Бучим заради градежни зафати неопходни за изградба на транспортната трака која ќе ги поврзува Боров Дол и Бучим. Во овој месец, околу 40 вработени ќе бидат на одмор, на кои ќе им биде исплатено 70% од целосната плата, согласно претходен заеднички договор. Периодот, воедно ќе биде искористен и за планираниот редовен ремонт на работната единица флотација. Од 1-ви јули до 1-ви август, ќе се извршуваат активности за потребните тековни ремонти на погонот за флотација, со што во истиот временски период ќе се одвиваат и подготовки за понатамошна експлоатација на бакарна руда од рудното тело Северо-Исток 2. 

Врз база на претходно детално спроведени геолошки истражувања, докажано е дека постојат утврдени останати количини на рудни резерви во рудното тело Северо-Исток 2, кои ќе кои осигурат експлоатација и преработка на минералните суровини и непречно работење на рудникот Бучим. 

Истражените рудни резерви ќе овозможат непрекинато одвивање на производниот процес во рудникот до крајот на 2020 година. Претстојниот период, ќе го искористиме за интензивна подготовка за експлоатација на минералните суровини од рудното тело Северо-Исток 2, со што ќе обезбедиме континуитет во производниот процес и оптимална искористеност на бакарната руда во Бучим”, изјави Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

Bucim bird nest

Боров Дол се грижи за биодиверзитетот во регионот

Рудникот за бакар Боров Дол е општествено и еколошки одговорна компанија, која во рамките на своите дејности превзема мерки за намалување на влијанието врз животната средина. Рационалното користење на природните ресурси, заштита на животната средина и зачувување на биолошката разновидност, се дел од одржливиот развој на компанијата.


Рудникот се залага за зачувување на биодиверзитетот околу концесискиот простор на рудникот и за таа цел спроведе активност. Во периодот од 23 – 24.06.2020 година се поставија специјални куќарки за птици (вештачки гнезда) околу концесискиот простор на рудникот Боров Дол. Ваквиот чекор ќе помогне да се надминат основните причини за загуба на биолошката разновидност или евентуалните промени во гнездечките територии на птиците.

Вештачките гнезда, како една од компензациските мерки, се поставени на десет локации околу концесискиот простор на рудникот, на среднонапонски и нисконапонски далекуводи од страна на стручна екипа на EVN Македонија и тоа на потегот с. Ново Село и с. Брест, на потегот населба Дамјан кон зградата на стариот рудник и на потегот полиња во с. Дамјан кон регионалниот пат Штип – Струмица.

Нашата компанија се стреми кон одржливо користење на природните ресури, превеземајќи соодветни пристапи преку употреба на применливи технологии. Со спрoведувањето на оваа активност, ние се стремиме кон зачувување на биодиверзитетот во околината и подобрување на условите во животната средина околу рудникот Боров Дол”, истакна Павел Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

DSCF4122

Бучим работи согласно барањата по меѓународните ISO стандарди

Бучим ДОО Радовиш, единствениот рудник за бакар и злато во Република Северна Македонија успешно ја помина интерната годишна ревизија со која се потврдува работењето на компанијата во согласност со меѓународните стандарди  ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001.

Редовната годишна интерна проверка во рудникот беше спроведена во мај годинава. Проверени се сите точки од барањата на стандардите од страна на сертификационото тело TÜV NORD CER. Извештајот од проверката потврди дека не постои несуогласеност т.е. неисполнување на барањата од стандардите и дека рудникот работи свесно и одговорно, согласно меѓународните водечки стандарди.

За да се обезбеди континуирано подобрување, како и исполнување на барањaта на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018, рудникот строго ги почитува и контролира имплементираните стандарди. Редовно се вршат интерни и екстерни проверки за да се потврди усогласеноста на работењето со меѓународните стандарди.

Рудникот ги користи стандардите за да ги внесе најдобрите светски практики во своите производствени операции и редовно се спроведуваат проверки на системите за квалитет, безбедност и здравје при работа и животна средина. Посветени сме на почитување на ISO стандардите и постојано вложуваме напори во подбрувањето на нашето работење”, истакна Николајчо Николов, заменик генералeн директор на Бучим ДОО Радовиш.

Bucim 12.05.2020

Пролетно пошумување на хидројаловиштето во рудникот Бучим

Со цел да се влијае на понатамошното подобрување на условите во животната средина околу рудникот Бучим, во периодот од 27.04.2020 до 11.05.2020 година, беше успешно извршено пошумување на низводната косина на браната на хидројаловиштето Тополница во рудникот Бучим.  

Во првата етапа на пошумување, засадени се вкупно 900 садници од багрем и 470 садници од аризонски чемпрес, за биолошка рекултивација на хидројаловиштето на рудникот Бучим, на површина од 11.000 м2. Засадените дрвја ја стабилизираат низводната косина на браната и со тоа допридонесуваат за намалување на еолската ерозија, стабилизација на земјиштето, облагородување на површината, прочистување на воздух и подобрување на микроклиматските услови.

Пошумувањето на површината е тековна активност и се извршува редовно секоја година.  До крајот на 2020 година, според годишната програма за пошумување на низводната косина на браната, се планира да бидат засадени уште 2.000 садници од багрем и 1000 садници од аризонски чемпрес на површина од 30.000 м2.

Пошумувањето на низводната косина на браната на хидројаловиштето е наша редовна активност, која секоја година ја спроведуваме, со цел одржување и зголемување на шумите и зелените површини во близина на рудникот. Заштитата на животната средина е важен аспект во нашето работење и ние се трудиме преку сите наши активности да го намалиме влијанието врз животната средина”, изјави Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

Bucim 07.05.2020

СВР- Струмица додели благодарница на рудникот Бучим за поддршка во време на вонредна состојба предизвикана од Ковид-19

Денес беше одбележан празникот „7-ми Мај – Денот на македонската полиција“, со положување цвеќе на спомениците на загинатите бранители во Радовиш и Струмица и доставување на благодарници од страна на полициски службеници на компаниите кои ѝ помогнале на полицијата во спроведување на мерките за заштита од Ковид-19.

Во знак на благодарност за посебен придонес во работата на полицијата, СВР- Струмица додели благодарница на рудникот Бучим, за досегашната успешна соработка и континуирана поддршка на полицијата во справувањето и надминувањето на последиците предизвикани од Ковид-19 вирусот. Благодарницата му беше врачена на заменик генералниот директор на Бучим ДОО Радовиш, Николјачо Николов, од страна на началникот на ОВР – Радовиш, Спасо Трајков.

На сите припадници МВР им го честитам празникот на македонската полиција 7-ми Мај. Во овој исклучително значаен период во борбата за справување со пандемијата, ние како општествено одговорна компанија се трудиме со свој придонес да помогнеме и заеднички да се справиме со кризата”, истакна Николајчо Николов, заменик генералeн директор на Бучим ДОО Радовиш.

Bucim 30.4.2020

Боров Дол создава вредности и можности за жителите на локалните заедници

Вчера, во просториите на општина Радовиш се одржа работна средба со заменик генералниот директор на Бучим, Николајчо Николов, генералниот директор на Боров Дол, Павел Кривинскиј, градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, претседателот на Советот на oпштина Радовиш, Коле Чаракчиев и претставници на Здружението на архитекти и градежни работници „Гардикон“ – Радовиш. 

Отворањето на рудникот Боров Дол ќе овозможи продолжување на ископ на бакарната руда најмалку до 2030, оперативност на постоечките објекти во рудникот Бучим, зачувување на работните места на повеќето вработени и можност за нови работни места, наместо затварање на 40-годишниот рудник Бучим, кој моментално е во завршен процес. 

Стратегијата на компанијата е да се изврши транзиција кон новиот проект, да се зачуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така и да се создадат и нови можности за работа за жителите од локалните општини.

На одржаната работна средба се дискутираше за интензивирање на соработката помеѓу локалните градежни фирми од општина Радовиш и ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш. Новиот рудник ќе ја продолжи работата на рудникот Бучим, која што е општествено и еколошки одговорна компанија и придонесува за одржливиот развој на локалните заедници. Рудниците Боров Дол и Бучим се целосно подржани од својата матична меѓународна компанија – Солвеј Инвестмент Груп, која што е посветена на тоа да влијае позитивно во заедниците каде што работи. 

Нашата улога на општествена одговорност се однесува на сите аспекти на нашето деловно однесување. Ние ги разбираме и интегрираме општествените фактори во нашиот процес на донесување одлуки во сите фази од нашите активности. Бучим има силен фокус на односите со локалната заедница и одржливиот развој“, изјави Никoлајчо Николов, заменик генерален дирeктор на Бучим.

Одговорното општествено работење, вклучувањето на локалната заедница, грижата за животната средина и безбедноста и здравјето при работа се клучни сегменти во нашето работење. Ние ги препознаваме потребите на заедниците и нашата одговорност кон општеството, истовремено е и одговорност кон компанијата на долг рок”, истакна Павел Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

101643927_3057876857583033_7978869060559437824_n

Поддршка за активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Продолжувајќи ги своите активности за придонес во справувањето со Ковид-19 вирусот, рудникот Бучим, со цел да им помогне на најранливите семејства од заедницата, донираше парични средства на Црвениот крст на РСМ.

Финансиските средства во висина од 5.000 евра доделени на Општинска организација Црвен Крст – Радовиш, ќе бидат наменети за потребите на социјално загрозените семејства од општина Радовиш и општина Конче, за полесно справување со новонастанатата ситуација предизвикана од Ковид-19.

Донираните парични средства ќе бидат искористени за изготвување на пакети со основни производи – прехранбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција, кои Општинска организација Црвен Крст – Радовиш, ќе ги достави до социјално најзагрозените семејства од Радовиш и Конче.

Продолжуваме и понатаму со општествено одговорните активности, кои се важен дел од нашето работење. Наша обврска е и во овој тежок период за сите, да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме и да дадеме помош на оние на кои што им е најпотребна и со свој придонес да помогнеме во надминувањето на последиците од коронавирусот”, истакна Никoлајчо Николов, заменик генерален дирeктор на Бучим.

Bucim press release

Годишен извештај за 2019 година – Бучим и Боров Дол

Вкупната количина на преработена руда од Бучим во 2019 година изнесуваше 4,248 милиони тони (101% во споредба со истиот период од 2018 година), со содржина на бакар од 0,184% (94% во однос на квалитетот на преработената руда во 2018 година), злато 0,247 g/t (81 % во однос на квалитетот на преработената руда во 2018 година) што резултираше со производство на 31 226  тони сув бакарен концентрат  (92% во споредба од 2018 година), кој  содржи 6 512 тони бакар (94% во споредба од 2018 година), 593 кг злато (77% во споредба од  2018 година) и 937 кг сребро (92% во споредба од 2018 година). Во 2019 година фабриката за лужење на Бучим произведе 719 тони катоден бакар со квалитет 99,99% (94% во споредба од 2018 година).

Во изминатата 2019 година, рудникот плати данок на добивка на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 1,661 милиони евра (84% во споредба со претходната година). Kомпанијата исплати 1,222 милиони евра за концесиски надоместок за употреба на минерални суровини за 2019 година, од кои 78% се исплатени во буџетот на општина Радовиш и 22% во државниот буџет.

Социјалните придонеси од плата, за изминатата 2019 година, се остварени во износ од 1,657 милиони евра (99% споредно со истиот период од претходната година), при што стапката на наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување е повисока за 0,4%, а на придонесите са здравствено осигурување за 0,1% споредено со истиот период од претходната година.

Просечната месечна плата во 2019 година изнесуваше 534 евра (98% во споредба со претходната година). Во 2019 година на вработените е исплатен регрес за користење на годишен одмор во износ од 106 илјади евра (99% во споредба со претходната година). Во 2019 година, исплатен е и еднократен надоместок во вид на отпремнина на работници кои се стекнале со право на пензија во износ од 14.000 евра. Од јануари 2020 година, компанијата започна со исплаќање на јубилејна (парична) награда на вработените кои имаат непрекинат работен однос со рудникот во ефективно траење од 15 години. До крајот на годината, се очекува да бидат наградени околу 210 работници кои ги исполнуваат условите.

Во 2019 година, компанијата инвестираше 110.000 евра во општествено одговорни практики. Изминатата година, компанијата поддржа спортисти, спортски клубови, млади музички таленти, инвестираше во образовни програми, обезбеди материјална помош на градската болница, обезбеди набавка на потребна опрема и инвентар за училиштата и градинките; учествуваше во поправка на објекти, обезбеди нов систем за греење на пелети за градинка и даде поддршка за развојот на културните програми во локалната заедница.

Во 2019 година, Бучим инвестираше 130.000 евра во областа на безбедноста и здравјето при работа –  набавка на лична и колективна заштитна опрема, средства за лична хигиена, технички преглед на опремата, набавка и сервисирање на ППА, медицински прегледи на вработените, набавка на тековни материјали за безбедност и обука на вработените.

Трошоците за ремонти и одржување во 2019 година изнесуваа 4,035 милиони евра. Планираните трошоци за одржување и поправки на главната технолошка опрема, објекти и градби во 2020 година се во износ од 2,673 милиони евра (59% во споредба со претходната 2018 година).

Во 2019 година, инвестициите за поддршка на производниот капацитет (набавка на опрема, машини, градежништво и сл.) достигнаа до износ од 670.000 евра. Инвестирани се 106.000 евра во програми за заштитна на животна средина, односно во рекултивација на ново изградените површини на хидројаловиште и санација на постоечките, редовен мониторинг на животната средина – површински и подземни води, атмосферски воздух, бучава во животната средина, емисии во воздухот, како и услуги за управување со отпад, и ревизии и проценки на трети лица од областа на животната средина.

Во 2019 година Бучим беше ресертифициран според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015, а во мај 2019 година беше успешно сертифициран со согласност со најновите стандардни меѓународни барања – ISO: 45001: 2018.

Од 10 март 2020 година, компанијата во согласност со мерките од надлежните органи воведе мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.  Ги ослободи од работните обврски вработените кои имаат деца на возраст до 10 години и вработените со хронични болести, воведе ограничен влез за надворешни соработници и посетители, ги откажа сите настани и состаноци и го смени распоредот на исхрана во ресторанот, се со цел за да избегне собирање на голем број луѓе на едно место во исто време. Сите потребни превентивни заштитни мерки се применети, како што се дезинфекција на кабините на технолошките возила, опремата, работните простории и на вработените им е обезбеден потребниот број на антисептици и заштитни маски. Согласно забраната и посебниот режим за движење на територијата на РСМ, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес, претпријатието обезбеди дозволи за движење на 310 вработени за вршење на сменска и ноќна работа.  Дозволата е потврда за правото на движење на вработените додека траат мерките за посебниот режим за движење во услови на воведен полициски час.

Бучим донираше 50.000 евра со цел да помогне во справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија. 40.000 евра се донирани на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство и финансиска помош во висина од 10.000 евра е донирана на сметките на локалните здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица.  450 медицински заштитни маски за лице, се донирани за потребите на локалните институции во општина Радовиш и 150 заштитни одела на Клиничката болница во Штип.

Според планот за производство, во 2020 година е предвидено да се произведе 31 126 тони бакарен концентрат и 675 тони катоден бакар. Процесот на производство на бакарен концентрат во Бучим во 2020 година ќе се одвива според две шеми: производство на бакарен концентрат од концесискиот простор Бучим и од рудното тело Боров Дол. Планираната количина на преработена руда во 2020 година од концесискиот простор Бучим е 2,3 милиони тони, со производство на 15 935 тони бакарен концентрат, кој содржи 3 346 тони бакар и 194,8 кг злато, а од рудното тело Боров Дол се планира да се преработи 1,476 милиони тони руда, кое ќе резултира со производство на 15 191 тони бакарен концентрат, кој содржи 2.938 тони бакар.

Развој на рудникот Боров Дол

Во 2019 година Боров Дол реализираше околу 99,3% од годишниот план за раскривка. Изградбата на главните технолошки објекти започна во првата половина на 2019 година, и истите беа извршени во следниов обем: пристапен пат – 100%; транспортна трака и далноводи од 20 kV, градежни работи-83%, армирано-бетонски работи – 40%; објектот за примарно дробење и затворено складиште за руда, градежни работи – 90%, армирано-бетонски работи – 95%.

Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол во 2019 година изнесуваше 33,6 милиони евра.

Боров Дол, во 2019 година започна со инвестициската раскривка – ископани се 12,8 милиони тони искoпина. Вкупната инвестиција во ископувањето за изминатата година изнесуваше 11,7 милиони евра.

Во 2019 година трошоците на Боров Дол за проектирање на објектите и подготовка на истите за изградба изнесуваа 474.000 евра. За целосната имплементација на транспортната трака преку која ќе се транспортира издробената руда од рудникот Боров Дол до флотацискиот капацитет на Бучим, е ангажирана француската компанија „Techmi”. Системот за транспорт на издробената руда, се очекува да биде готов во септември 2020 година, а објектот за примарно дробење, од страна на изведувачот  „Metso Minerals“, се очекува да биде изграден во јули 2020 година.

Во 2019 година, Боров Дол инвестираше вкупно 14,1 милиони евра во набавка на потребната опрема. Рудникот во текот на  изминатата година склучи договори за набавка на подвижна опрема со Komatsu, Caterpillar, Epiroc и Sandviks.

Вкупниот износ на инвестицијата на Боров Дол во градежните работи во 2019 година изнесува 6,3 милиони евра.  Во текот на втората половина од  2019 година, по добивањето на дозволата за изградба на трасата за транспортната трака и далновод од општина Радовиш, рудникот започна со изградбата на трасата која што ќе ги поврзува Боров Дол и Бучим, како и објектот за примарно дробење каде што ќе биде поставена опремата за примарно дробење. Патот кој го поврзува Боров Дол со регионалниот пат беше комплетно изграден кон крајот на 2019 година.

Во 2019 година, Боров Дол, започна со процедурата за добивање на градежна дозвола за изградба на рударскиот комплекс:  извршена е пренамена на земјиштето во концесија за градежни цели, добиена е дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за промена на речните корита со цел заштита на површинските води, донесен е архитектонско-урбанистичкиот план на концесискиот простор од страна на Министерството за транспорт и врски на РСМ.

Во март, 2019 година, Боров Дол склучи договор со Комерцијална банка АД Скопје за одобрување на дологорчен кредит во износ од 25 милиони евра, од кои 14,8 милиони евра беа искористени за финансирање на договорите со Metso Mineral и Techmi, како и за инвестициската раскривка.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен од Боров Дол во 2019 година е 893 евра, споредено со просечната исплатена нето-плата од 585 евра во рударската индустрија во Република Северна Македонија во 2019 година, и со просечната нето-плата од 410 евра во државата.

Во текот на првото тримесечје од 2020 година, компанијата продолжи со активностите за исполнување на своите цели за отпочнување со работа на Боров Дол, кој ќе го продолжи животот на постоечкиот рудник Бучим. На почетокот на второто тримесечје од 2020 година, Боров Дол доби дозвола за градба од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и според планот ќе стартува со производство во септември 2020 година.

Според планот во 2020 година, Боров Дол планира да ископа 12,728 милиони тони материјал, од кој 1,729 милиони тони руда, со просечна содржина на бакар од 0,303% и 0,268 g/t злато. Во 2020 година според планот Боров Дол ќе произведе 2.938 тони бакар во концентрат и 184 кг злато во концентрат.

Вкупните инвестиции во 2020 година се очекува да бидат 35.757.000 евра од кои:

– Проектирање и административни процедури – 667.000 евра;

– Изградба – 12,1 милиони евра;

– Опрема – 15 милиони евра;

– Раскривка – 8 милиони евра.

Бучим ДОО Радовиш и Боров Дол ДООЕЛ Радовиш

Бучим ДОО Радовиш, е единствениот рудник за бакар во Република Северна Македонија. Рудникот за бакар е лоциран во близина на општина Радовиш и е најголемиот локален работодавец во регионот, кој целосно е посветен на своите социјални и еколошки одговорности.

Боров Дол ДООЕЛ Радовиш е единственото ново развиено рудно тело во РСМ во изминатите 40 години, преку кое ќе се продолжи работењето на постојниот рудник Бучим, ќе се зачуваат работни места и ќе се продолжи придонесувањето за регионалната и државната економија.

Од почетокот на 2005 година, рудникот Бучим е во сопственост на меѓународната компанија Солвеј Инвестмент Груп, која му обезбеди на рудникот долгорочна иднина. Групација го превзеде рудникот победувајќи на меѓународниот тендер на владата.

Nikolajco Nikolov

НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ: “Најтешките последици од коронавирусот по нашата држава ќе бидат врз економијата”

Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот за бакар Бучим ДОО Радовиш, претседател на МАР-Македонска асоцијација на рударите, e гостин во денешното интервју за istokpress.mk на тема „Како работат и што мислат познатите стопанственици во време на коронавирус и ограничено движење“.

Г-дин Николов, како во рудникот Бучим се одвива работата кога имаме пандемија на една мошне заразна болест?

-Ќе потенцирам дека Бучим сеуште е единствениот рудник во нашата држава кој се бави со ископ и преработка на бакарна руда од која се добива бакар и злато. Ова го нагласувам со цел да потенцирам дека имаме точно определен и дефиниран предмет на работа, така да работењето и резултатите се определени и во услови кога владее веќе добро познатиот вирус COVID-19. Од друга страна, продажбата на нашиот готов  производ (бакарен концентрат и катоден бакар) се одвива со одредени  но решливи потешкотии. Цената на берзата е релативно ниска, но сеуште поволна, особено ако се земе во предвид дека во овој кризен период цената на електричната енергија и нафтата на светската берза значитело паднаа, а тие се значителна компонента во цената на чинење на готовиот производ. Одтука, платите на сите вработени редовно се исплаќаат со сите давачки.

Може ли да се извлече констатација дека и во ова тешко време работите во рудникот стојат добро?

-Апсолутно. Добрата организација во рудникот, како и нагласените погодности овозможија во овој многу критичен период Бучим да оствари релативно високо производство и реализација во месеците март и април годинава. Во комбинатот ги превзедовме и ги превземаме сите потребни мерки за спречување на ширењето на вирусот COVID-19 и благодарение на дисциплината и мерките до сега немаме заболени, додека во градот Радовиш има регистрирано четири случаи на заболени кај кои, после завршената самоизолација, тестовите се покажаа негативни.

Во многу наши стопански колективи, големи, средни или мали сеедно, сопствениците говорат за намалување на платите поради нереализираното производство како резултат на коронавирусот. Како вие постапувате во овие моменти кон вработените?

-Во овој период, согласно одлуките и упатствата на Владата на РСМ ние се потрудивме максимално да ги испочитуваме правата на вработените по основ на отсуства од работа поради потребите за нега на деца до десет години. Но, сакам да нагласам дека тука имаме и малку среќа затоа што бројот на ваквите случаи не е така голем зашто поголемиот број на вработени кај нас се мажи, а нашите вработени имаат мал број на мали деца до десет години. Кај нас нема никакво намалување на платите и во таа смисла сè си е во границите на нормалата.

Мислам дека на почетокот кога се јави вирусот имавте проблеми со продажбата на бакарниот концентрат во друга држава?

-На почетокот беше така. Ние бакарниот концентрат го продаваме во Бугарија, а во почетокот имавме одредени проблеми, но благодарение на добрите и брзи мерки на надлежните органи, особено на царината, здравството и полицијата ова прашање се надмина и сега немаме проблеми, освен потребата за дисциплинирано и правилно однесување на возачите и превозниците.

Еден број луѓе и во самоизолација знаат да си го осмислат животот, други пак се жалат дека им станало неиздржливо. Како Вие ги поднесувате тие моменти?

-За себе сакам да кажам дека постојано имам малку време и никогаш не ми е досадно. Почуствував голема корист од тоа што имав малку повеќе време да се посветам на семејството и на себе. Во Скопје живеам во куќа со мал двор и најголем дел од времето го користам да го средувам дворот. Најмногу се релаксирам со садење цвеќиња, затоа што сме во пролетен период, навечер гледам телевизија за да ги дознаам најновите информации, читам и се одмарам. Семејното кафе со сопругата Биљана ми прави посебно задоволство, затоа што кафето секогаш е причина за дружење и убави семејни разговори.

Во кои услови го одржувате Стручниот колегиум. Ги почитувате ли мерките на претпазливост…

-Стручниот колегиум заседава секое утро. Тоа е неопходно заради квалитетна контрола на работата и сумирање на резултатите од производството. Со колегиумот раководи генералниот директор Васил Борутскиј. Се придржуваме до препораката за дистанца. Колегиумот е и прилика да се видиме, да се прашаме за здравјето со кое овие месеци сите сме опседнати. Но, сега, поради новите мерки за социјална дистанца, ние преминавме на онлајн состаноци, а искуството ни покажа дека и така можеме да функционираме зашто сè си се одвива беспрекорно. Во светот тоа е нормално, но ние во Бучим можеби сме поконзервативни и ги претпочитаме личните и физичките контакти. Доволно се познаваме меѓу себе и од погледот можеме да оценим кој како е. Јас лично ваквите контакти ги почитувам и ги сметам за корисни. Носењето на маски кај нас е обврзувачко за сите,така да најновата мерка за обавезно носење на маски за нас нема да биде некоја посебна новост.

Огромен број луѓе денес коментираат за коронавирусот, речиси сите знаат сé за оваа зараза. Кое е Вашето мислење по ова прашање?

-Не се сметам за стручен да дадам стручна оцена и мислење за коронавирусот, тоа треба да им го оставиме на епидемолозите, но секако дека си имам мислење засновано на она што го читам и осознавам. Факт е дека коронавирусот е едно од најстрашните заболувања во последните 100 години кој се појави во светот и доби светски размери. Ако е точнно тоа што го читаме дека COVID – 19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот од фамилијата на Коронавирус, првично откриен во Кина во декември  2019 година, како и податокот дека овој вирус е створен уште во  2015 година од страна на научници и претставува еден вид  биолошко оружје, тогаш не е јасно како побегна од контрола и се претвори во светска пандемија.

Како нашите здравствени власти се справуваат со ситуацијата. Задоволни сте или…

-Државата и здравствените власти постапуваат правилно, јас сум оптимист и сметам дека ако вака продолжиме здравствениот проблем ќе биде надминат, иако ниту јас ниту било кој друг сеуште не знаеме кога точно тоа ќе се случи. Мене како стопанственик особено ме загрижува економската состојба и сметам дека тоа ќе биде најтешкото прашање. Нашата економија е слаба, недоволно организирана и со недоволно јасно потенциран потенцијал, поединечно и заеднички. Сигурно е дека ќе имаме значителен пад на економијата, а ми се чини дека немаме точно одредена стратегија како ќе се справиме со истата. Луѓето ги трошат и онака малите финансиски залихи и за мене особено страшна е можноста да дојде до социјалното незадоволство и немири. Ме загрижи прогнозата дека како последица на пандемијата во светот се очекуваат нови 250 милиони бедни и гладни луѓе. Од тие причини сметам дека нашата влада, без разлика на тоа кога ќе бидат изборите на ова прашање треба да му даде приоритет.

Аплаузите за медицинските работници ни целиот свет, што тие вам ви говорат?

-Мое лично мислење е дека COVID – 19 покрај лошите и тешки работи ќе допринесе да извлечеме некои поуки. Низ целата историја на човештвото докторите биле близу до светите луѓе и се поистоветувале со светците. Спасениот живот на човекот за семејството било и è голем дар. Модерниот, електронски живот не одалечи од реалниот живот.За нас стана нормално еден фудбалер, тенисер, боксер или друг врвен спортист да заработува милионски суми. Докторите станаа неважни. Но да се потсетиме што му рекол Берија на Сталин во екот на најголемата моќ и диктатура на Сталин:  „Стари, сега сфатив дека само две работи во животот не можат со пари да се купат, а тоа се здравјето и љубовта“. И ние денес почнавме да разбираме дека здравјето не можеме да го купиме, но докторите можат да ни помогнат да оздравиме. Од тука секоја чест на медицинскиот персонал кај нас и во светот кои своето здравје го заложија за другите. Секоја чест и јас, како и светот, за нивното благородно дело, преку ова интервју им посветувам најсилни аплаузи.

Ќе се смени ли нешто драмаатично во светот по крајот на пандемијата?

-Јас сметам дека после COVID-19 во светот ништо нема да биде како порано. Ниту човештината, ниту здравјето, ниту бизнисот, ниту богатството. Ако природата и природните законитости ги создала некоја сила, тоа не значи дека ние имаме право да се однесуваме крајно небрежно, уништувачки и расипнички. Можеби оваа е една од последните опомени која ја добиваме, без разлика на тоа кој и како го створил овој вирус. Дали и тоа е „Божја промисла“ и опомена да се опаметиме. Да почнеме не само да земаме од природата туку нејзе и да и даваме, и тоа минимум соодветно колку земаме, односно повеќе да даваме отколку што земаме  и тоа секој и секаде. И електронскиот развој треба да успори. Мора да сфатиме дека сите ние немаме резервна варијанта, планетата земја е нашиот единствен дом. И што е најважно: ниту животот, ниту умирањето нема да ни биде лесно и едноставно. Да даде Господ Бог следната лекција да не биде така тешка и брзо како оваа.

Бучим беше еден од поголемите донатори на финансиски средства и помагала за справување со пандемијата. Кој Ви е мотивот за постојани донации?

-По повод епидемијата од COVID-19 и светската пандемија, ние како Бучим во согласност со Солвеј Инвестмент Груп, кој е наш сопственик, како општествена одговорна фирма, на светскиот ден на здравството дониравме 50.000 евра во фондот за здравство на РСМ. Од оваа сум се определивме 10.000 евра да донираме на Здравствените домови во Радовиш, Штип и Струмица. Ја користам приликата да го нагласам големото задоволство кои овие здравствени институции го искажаа во однос на нашата помош. Ние како Бучим и Солвеј тоа го правиме бидејки сметаме дека покрај другото тоа е и наша обврска затоа што користиме добра-минерални суровини кои и припаѓаат на луѓето и природата.


http://www.istokpress.mk