WhatsApp Image 2024-12-25 at 05.50.09

„Дружба со Дедо Мраз“ – Градење традиции преку семејни вредности и одговорно работење

На 21 декември 2024 година, рудниците Бучим и Боров Дол го одржаa настанот „Дружба со Дедо Мраз“, кој ги обедини вработените и нивните семејства во празничен и инспиративен амбиент. Настанот, кој вклучи интерактивни активности за децата, креативни работилници и новогодишни подароци, претставуваше пример за тоа како корпоративната општествена одговорност може да биде дел од секојдневното работење создавајќи незаборавни моменти за сите присутни.

„Дружба со Дедо Мраз“ покажа како компаниите кои ги вреднуваат своите луѓе, создаваат традиции кои ги рефлектираат заедничките вредности за инклузивност и одржливост. Активната улога на вработените во организацијата на настанот дополнително ја потврди посветеноста на рудниците кон ЕСГ принципите.  

Во духот на одржливото и општествено одговорно работење, компаниите покажаа како семејните вредности можат да се интегрираат во корпоративната култура. Ова е само почеток на нови традиции кои ќе ја одразуваат нашата визија за заедништво и одржливост,“ истакна Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол.

Дружба со Дедо Мраз“ беше повеќе од празничен собир – тој беше пример за тоа како една компанија може да создаде долготрајно позитивно влијание врз своите вработени и заедницата. Активната вклученост на вработените во организацијата на настанот покажа како практиките на корпоративна одговорност и инклузивност ги зајакнуваат меѓучовечките односи и довербата внатре во компаниите” – додаде Кристина Крстева, заменик управител за одржлив развој

Преку вакви иницијативи, Бучим и Боров Дол остануваат посветени на создавање позитивно опкружување за своите вработени и нивните семејства, истовремено поставувајќи нови стандарди за корпоративна одговорност во регионот. 

WhatsApp Image 2024-12-12 at 22.26.23 (1)

Бучим и Боров Дол учесници на The Economist MeetUp – The World Ahead 2025

На 11 декември 2024 година, во хотелот Holiday Inn во Скопје, се одржа второто издание на конференцијата „The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“. Бучим и Боров Дол ја истакнаа својата посветеност кон одржлив развој и корпоративна општествена одговорност, учествувајќи на панелот „Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници“.

Панелот, модериран од Катерина Јордановска Манева, менаџер за маркетинг и односи со јавноста во Кроација Осигурување, го нагласи значењето на човечкиот капитал и локалните заедници како основа за одржлив раст. Говорниците д-р Катерина Бошевска, извршна директорка на Еос Матрих, Кристина Крстева, заменик управител за одржлив развој на Бучим – Боров Дол, и Жана Базби, психолог и бизнис консултант од Лондон, дискутираа за стратегии за корпоративна општествена одговорност, како и за улогата на образованието, обуките и поддршката на локалните иницијативи во создавањето инклузивно и просперитетно општество. Дискусијата покажа дека некои компании во Македонија веќе применуваат сериозни стратегии за инвестирање во заедницата и достигнување на глобалните ЕСГ стандарди, но се уште социјалниот аспект е занемарен, особено во делот на благосостојба и грижа за ментално здравје за вработените.

Изјава од Кристина Крстева, заменик управител за одржлив развој на Бучим – Боров Дол „Компаниите преку вложувањето во заедниците придонесуваат за развој на општеството и ја покажуваат својата општествена одговорност. Тие обезбедуваат раст и таму каде што можностите се ограничени.Со основањето на една компанија, се отвораат нови работни места, што е првиот видлив позитивен ефект. Но, она што често останува незабележано е влијанието врз развојот. Купувањето од локалното население ги поттикнува малите и микро компании да се развиваат. Технолошкиот напредок создава нова побарувачка, што им овозможува на локалните бизниси да станат независни и самостојни. Инвестициите го поддржуваат овој круг на одржлив развој, каде што секој сегмент од економијата придонесува за напредокот на другите.„Бучим-Боров Дол“ е одличен пример за примена на ЕСГ принципите, особено во вложувањето во едукацијата на своите вработени. Преку успешно комбинирање на традиционалното и современото, компанијата покажува како одговорното работење и одржливоста можат да станат дел од корпоративната култура.“

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“ е настан што обедини лидери и визионери за споделување идеи и стратегии за иднината. Како учесници, Бучим и Боров Дол уште еднаш ја потврдија својата улога како двигатели на позитивни промени и долгорочен просперитет.

WhatsApp Image 2024-12-09 at 19.17.17

Movember со Бучим и Боров Дол: Посветени на свеста за здравјето

Во рамките на глобалната иницијатива Movember, чија цел е подигање на свеста за машкото здравје, рудниците Бучим и Боров Дол организираа едукативно предавање за своите вработени, на тема машко здравје. Настанот беше одржан од страна на медицински лица кои ја истакнаа важноста на раната превенција, редовните здравствени прегледи, како и за важноста на здравите животни навики.

„Здравјето на нашите вработени не е само предуслов за успешна работа, туку е и основа за одржлива иднина. Како компании кои се грижат за своите вработени, Movember активноста ни овозможува да го подигнеме нивото на свесност за машкото здравје и да поттикнеме превентивни активности. Со овие активности обезбедуваме поддршка и ја зајакнуваме грижата за нашите вработени, што претставува наша посветеност и обврска“истакна Александр Раков, управител на рудниците Бучим и Боров Дол.

Настанот привлече голем интерес кај вработените, со активна дискусија и можност за индивидуални консултации со медицински професионалци. Рудниците Бучим и Боров Дол се посветени на континуирана едукација и активности за унапредување на здравјето на своите вработени, преку редовни здравствени прегледи, внатрешни програми за поддршка и иницијативи кои поттикнуваат здрав животен стил.

„Здравјето на нашите вработени е основа за одржливата иднина на нашите компании и заедницата во која работиме. Movember е само една од многуте активности што ги реализираме во рамките на нашите општествено одговорни практики,“ додаде заменик управителот за одржлив развој, Кристина Крстева

Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија за корпоративна општествена одговорност, преку која рудниците Бучим и Боров Дол продолжуваат да придонесуваат за создавање позитивни промени во општеството.

WhatsApp Image 2024-12-12 at 21.31.57

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Во пресрет на овогодишнениот The Economist MeetUp – Светот во 2005 и учеството на Бучим ДООЕЛ на оваа важна конференција за деловниот свет , разговараме со Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол, кој ни открива како овие рудници го обликуваат рударскиот сектор во Македонија. Со долгогодишно искуство и посветеност на одржливоста и иновациите, компанијата е движечка сила во економскиот развој на регионот. Разговараме за предизвиците и достигнувањата во 2024 година, клучните проекти и иницијативи, како и визијата за иднината на рударството во Македонија. Карапетров го споделува проектите што го обликуваат идниот правец на компанијата и ги открива  плановите за одржливо рударство кое ќе одговори на глобалните стандарди и очекувања.

Како би ја опишале 2024 година во контекст на постигнувањата и предизвиците со кои се соочивте како компанија?
Карапетров: 2024 година беше период на значајни промени и развој за рудникот Бучим. Успеавме да ја одржиме стабилноста на производствените процеси, при што особено внимание посветивме на одржливоста и усогласувањето со најновите меѓународни стандарди. Иако се соочивме со предизвици, како што се волатилноста на цените на металите на светските берзи, зголемените оперативни трошоци и потребата за замена на застарената опрема и традиционалните начини на работење, нашата стратегија за оптимизација на процесите и одржливо управување со ресурсите ни овозможи не само да го зачуваме позитивниот економски ефект, туку и да започнеме иницијативи за модернизација на технологијата и процесите. Оваа година беше значаен чекор кон усогласување со глобалните трендови и поставување на стабилни темели за идниот развој на компанијата.

Кој проект или иницијатива би ја истакнале како најзначајна за 2024 година и какво е нејзиното значење за идниот развој на компанијата?

Карапетров: 2024 година ја одбележаа неколку значајни проекти кои се клучни за идниот развој на рудникот Бучим . Еден од клучните проекти е дефинирање и отпочнување на проектните работи за изградба на новата производствена единица за преработка на руда – флотацијата. Оваа капитална инвестиција, вредна над 10 милиони евра, е значаен чекор кон модернизација на нашите производствени процеси. Новата флотациска фабрика, која користи најсовремени технологии, ќе ни овозможи оптимизирано искористување на рудата и усогласување со највисоките стандарди за одржлив развој. Очекуваме изградбата и отпочнување со пробната работана фабриката во текот на следната година, што ќе биде клучен момент за идниот раст на компанијата.

Во 2024 година отпочнато е со раскривка на ново рудно тело во рудникот Бучим – Северо-Исток, кое се планира да се заврши во 2025 година и ќе придонесе за обновување на рударските работи за експлоатација на минерални суровини во Бучим, кои беа запрени во 2021 година.

Исто така, како многу важен проект  треба да се потенцира  отпочнување на геолошките истражување на нови рудни резерви во самиот рудник Бучим.  Доколку  се потврдат истражувањата, тоа би можело да го зголеми животниот век на рудникот Бучим.

Паралелено работиме и на  реализација на неколку  проекти кои се насочени кон подобрување на животната средина и унапредување на производствените процеси. Овие иницијативи вклучуваат контрола и намалување на прашината, оптимизација на управувањето со хидројаловиштето преку изградба на ефикасни пулповоди за транспорт на флотациската јаловина, како и набавка на софистицирана филтер-преса за подобрување на квалитетот на конечниот производ – бакарниот концентрат. Ваквите решенија ја намалуваат еколошката трага на компанијата и овозможуваат повисоко ниво на ефикасност и усогласеност со ЕСГпринципите (еколошко, општествено и корпоративно управување).

Овие проекти не само што ја истакнуваат нашата заложба за иновации и одржливи практики, туку ја потврдуваат нашата стратегиска визија – да го трансформираме Бучим во пример за современо, одговорно рударство, способно да одговори на глобалните стандарди и предизвиците на иднината.

Кои трендови и предизвици сметате дека ќе имаат најголемо влијание врз рударската индустрија во 2025 година?


Карапетров: 2025 година ќе биде годинанатрансформација на рударската индустрија, со доминантни трендови насочени кон технолошки иновации и засилена еколошка одговорност. Современиот рударски сектор се наоѓа пред значајни предизвици кои бараат суштински промени и интеграција на иновативни пристапи.  Ова подразбира примена на најсовремени практики кои се фокусираат на максимално искористување на корисните компоненти од рудата, безбедно одлагање и управување со отпадот од преработката на руда, како и унапредена еколошка одржливост. Дополнително, одговорното управување со исцрпените копови преку комплетна рекултивација станува основен принцип на индустријата. 

Очекуваме значителен напредок во примената на дигитални технологии за оптимизација на производствените процеси и нивно управување, како и зголемена интеграција на обновливи извори на енергија, што ќе игра клучна улога во намалувањето на јаглеродниот отпечаток. Компаниите ќе мораат да ги спроведат ЕСГ стандардите за одржливо инвестирање,  што преставува императив на модерното рударство во светски рамки.  За Бучим и Боров Дол, усогласувањето со овие стандарди, кои ги опфаќаат одговорното еколошко, општествено и корпоративно управување, не е само обврска, туку и стратешка можност за современ развој и напредок. 

Од друга страна, индустријата ќе се соочи со сериозни предизвици, вклучувајќи геополитичка нестабилност во светот, особено во Европа, што ќе доведе до флуктуации на светските пазари на метали, како и зголемени барања за усогласување со построги еколошки и регулаторни стандарди. Овие предизвици ќе наложат значителни инвестиции во истражување, напредни технологии и постојан развој на човечкиот капитал. Нашиот пристап останува проактивен, со цел не само да ги надминеме овие предизвици, туку и да создаваме вредности кои ќе ги задоволат потребите на сегашните генерации, обезбедувајќи одржливо и одговорно искористување на природните ресурси, притоа зачувувајќи ги можностите и потенцијалите за идните генерации.

Кои се клучните стратешки приоритети на Бучим и Боров Дол за 2025 година?


Карапетров: Во 2025 година, нашата стратешка визија ќе биде насочена кон суштинскипромени и модернизација. Примената на најдобрите достапни техники и практики ќе ни овозможи да ги унапредиме производствените процеси, да го намалиме еколошката отпечаток и да ги усогласиме сите аспекти на нашето работење со највисоките меѓународни стандарди за одржливост.

Главниот фокус ќе биде изградбата и отпочнување на работата на новата фабрика за преработка на руда, што ќе овозможи зголемена ефикасност во производството, автоматизација на процесите и усогласување со највисоките индустриски стандарди. Паралелно, значителни средства ќе бидат инвестирани водеталните геолошките истражување во Бучим и Боров дол за откривање на нови рудни резерви во склоп на концесиите. Дополнително ќе бидат направени инвестиции во замена на опремата на Бучим со нова, технолошки усовршена опрема. Во делот на управување со производните процеси, се планира отпочнување на работа на центарот за следење на производствените процеси, каде што од една точка ќе може да се следи и да се реагира во секоја од фазите на производство.

Свесни за клучната улога на човечкиот капитал, ќе продолжиме со организирање на обуки, стипендии и програми за зголемување на квалификациите на нашите вработени, со што ќе ја зајакнеме конкурентноста и иновативниот капацитет на компанијата. Покрај тоа, остануваме посветени на поддршката на локалната заедница преку спроведување на инфраструктурни и образовни иницијативи кои долгорочно ќе придонесат за општествено-економскиот напредок на регионот.

Особен акцент ќе биде ставен на развој на студија за одлагање и управување  со отпадот од преработката на руда која се планира да се изработи во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ и реномирани меѓународни партнери. Со овој проект ќе се овозможи продолжување на животот на работата на флотациската фабрика во Бучим, а воедно ќе придонесе кон намалување на влијанието врз животната средина  средина кое се поврзува со хидројаловиштата. Проектот претставува иновативен и одржлив пристап кој ги заменува застарените методи за одлагање на флотациска јаловина со напредни, еколошки прифатливи решенија.

Со јасно дефинирана визија за иднината, нашата цел е да ги поставиме Бучим и Боров Дол како пример за современо и одговорно рударство, кое ги надминува традиционалните пристапи и поставува нови стандарди во индустријата. Преку примена на иновации и одговорно управување со ресурсите, веруваме дека можеме да го трансформираме рударскиот сектор во еден одржлив и прогресивен модел кој одговара на предизвиците на модерното време.

07.12.2024г.

https://faktor.mk/ivica-karapetrov-zamenik-upravitel-na-rudnicite-buchim-i-borov-dol-usoglasuvanjeto-so-esg-standardite-e-nasha-strateshka-opredelba-za-sovremen-razvoj-i-napredok-

WhatsApp Image 2024-12-12 at 21.00.14

Бучим и Боров Дол – Партнери на Генералка Викенд: Успешно засадена Сончева Гора 2024

Бучим и Боров Дол, како дел од своите заложби за одржлив развој, се приклучија како горди партнери на еколошката акција „Генералка Викенд“, поддржувајќи ја иницијативата за пошумување под името „Сончева Гора“.

Ивица Карапетров, Заменик управителот на Бучим и Боров Дол истакна: „Од самиот почеток ја препознавме важноста на „Генералка Викенд“ како иницијатива која обединува заедницата за да придонесе кон зелена и одржлива иднина. Горди сме што како компании можеме да бидеме дел од оваа приказна и заедно со партнерите и волонтерите да покажеме дека со заеднички напори можеме да создадеме позитивни промени за нашата животна средина. Нашето учество е уште еден доказ за нашата посветеност кон заштитата на природата и подигнување на еколошката свест.“

„Генералка Викенд“ е најголемата еколошка акција во земјата, организирана од „Мен енд Маунтен“, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање и стратешките партнери од бизнис заедницата.

На денешниот настан, кој вклучуваше пошумување на „Сончева Гора“, учествуваа над 150 волонтери, меѓу кои и тимовите од Бучим и Боров Дол. Со својот пример, тие ја истакнаа важноста на заедничкиот труд и колективниот ангажман за создавање зелена иднина.

Со вакви акции, за само четири години во рамки на проектот, се засадени над 125.000 дрвја и собрани 915.000 килограми отпад, покажувајќи ја моќта на колективниот ангажман и одговорноста кон природата.

WhatsApp Image 2024-11-29 at 16.11.49

Успешно реализирана акција за пошумување „Сончева Гора“ во соработка со „Man and Mountain“ и Општина Радовиш

Со голема радост ја објавуваме успешната реализација на акцијата за пошумување „Сончева Гора“, која се одржа на 29 ноември 2024 година во Радовиш. Оваа иницијатива беше реализирана во партнерство со Man and Mountain и Општина Радовиш и претставува значаен чекор кон нашата заедничка визија за создавање позелена, поздрава и поодржлива иднина.

Клучни моменти од акцијата:

  • Број на засадени дрвја: 300 садници на јавор (Acer pseudoplatanoides) и липа (Tilia cordata), донирани од Бучим и Боров Дол.
  • Локации на засадување: Паркови и јавни површини низ Радовиш, како и детски паркови во околните населени места: с. Калуѓерица, с. Сулдурци, с. Воиславци, с. Ињево, с. Ораовица, с. Подареш, с. Покрајчево и с. Злеово.
  • Учесници: Над 50 волонтери, вклучувајќи претставници од „Man and Mountain“, ученици од локалните училишта, членови на заедницата и вработени во  рудниците Бучим и Боров Дол.
  • Клучна локација: „Сончева Гора“ – симболична зона на кејот „8ми Септември“, каде беа засадени 100 дрвја од страна на вработените во Бучим и Боров Дол како дел од посветеноста за урбана регенерација.

„Сончева Гора“ не само што промовира засадување на дрвја, туку и ја истакнува важноста на заедничката одговорност кон природата и заедницата. Оваа иницијатива е дел од ЕСГ стратегијата на рудниците Бучим и Боров Дол. Со зголемување на зелените површини во Радовиш и околните населени места, целиме кон долгорочно подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на биодиверзитетот и создавање пријатни јавни простори за нашите сограѓани.

Изразуваме голема благодарност до „Man and Mountain“ и Општина Радовиш за нивниот ентузијазам, посветеност и соработка. Благодарност и до сите волонтери кои беа дел од оваа иницијатива.

Заедно, засадуваме иднина!

WhatsApp Image 2024-11-07 at 20.09.25

Естонска делегација во посета на Боров Дол: фокус на одржливото рударство

На 6-ти ноември 2024 година, рудникот за бакар Боров Дол беше домаќин на делегација од Република Естонија, како дел од програмата на за размена на знаења и искуства во областа на рударството. Делегацијата беше составена од  претставници од Министерството за клима, Одделот за минерални ресурси и Геолошкиот завод на Естонија, како и  претставници од Геолошкиот завод на Република Северна Македонија и претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Посетата беше фокусирана на запознавање со македонските практики за експлоатација на минерални суровини, техничките стандарди и регулативите што ги применува рудникот Боров Дол.

За нас, оваа посета претставува значаен чекор во зацврстувањето на меѓународната соработка и во промовирањето на нашите одржливи рударски практики. Гостите од Естонија покажаа голем интерес за технолошките и еколошките аспекти на нашиот рудник, што само потврдува дека Боров Дол е еден од водечките рудници во регионот,“ изјави Заменик управителот на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров

Посетата заврши со продуктивна дискусија за идни можности за соработка, со посебен акцент на развојот на одржливи рударски практики и примена на иновативни технологии.

WhatsApp Image 2024-11-07 at 19.31.42

Бучим добитник на највисокото општинско признание – „6-ти Ноември“ награда на Општина Радовиш

Со гордост и благодарност, Бучим го објавува добивањето на највисокото општинско признание – плакета „6-ти Ноември“ за особен придонес во развојот на Општина Радовиш. Ова значајно одликување, која е симбол на најголемата почит и признание од страна на локалната заедница, претставува круна на повеќедецениска работа и вложувања во општината.

Плакетата „6-ти Ноември“ е повеќе од признание – таа е доказ за длабоката врска и партнерство меѓу рудник Бучим и заедницата на Радовиш. Преку континуирани инвестиции во развојот на инфраструктурата, образованието, културата и спортот рудникот постојано работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

На свечената академија, Заменик управителот на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров изјави:

“Доделувањето на оваа плакета е највисока потврда за нашата мисија да бидеме столб на развојот на Општина Радовиш. Секоја успешна заедница се гради на темели на меѓусебна соработка, доверба и поддршка, а ова признание ни дава уште поголема мотивација да продолжиме со нашите проекти кои ќе донесат долгорочни придобивки за општината. Благодарни сме на Општина Радовиш за оваа чест и ветуваме дека ќе останеме посветени на заедницата и во иднина.”

Рудникот Бучим останува посветен на принципите на одржлив развој и корпоративна општествена одговорност. Во иднина, ќе продолжи да ги поддржува локалните иницијативи, да вложува во иновации и да создава нови можности кои ќе го зацврстат економскиот и социјалниот просперитет на Општина Радовиш.

WhatsApp Image 2024-11-07 at 20.36.33

Рудниците Бучим и Боров Дол потикнуваат инклузивност и еднакви можности за сите

Рудниците Бучим и Боров Дол реализираа иницијативата за поддршка на лицата со интелектуална попреченост, организирајќи посета на 02 октомври 2024 година, во рамки на која 15 корисници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Радовиш, заедно со придружници, имаа можност да се запознаат со рударските активности и инфраструктурата на рудникот Боров Дол .

Оваа посета е значаен чекор кон промоција на инклузивно општество, со што рудниците Бучим и Боров Дол ги демонстрираат своите заложби за прифаќање на различностите и обезбедување еднакви можности за сите членови на заедницата. Целта на оваа иницијатива е да се подигне јавната свест за важноста на интеграцијата на лицата со интелектуална попреченост како рамноправни и активни членови на заедницата.

Членовите на ПОРАКА Радовиш беа запознаени со различни аспекти од рударските активности, со што се поттикнува нивната интеграција и вклучување во општеството. Тие ја посетија машинската работилница, копот на рудникот Боров Дол, како и административниот објект каде што им беше организирана презентација за рударските активности. Во текот на посетата, посетителите добија и лична заштитна опрема за безбедно разгледување на рудникот.

„Нашата мисија не се ограничува само на економскиот развој; ние градиме заедници кои нудат еднакви шанси за секој поединец. Поддршката на лицата со интелектуална попреченост е составен дел од нашата визија за одржлив развој, што вклучува почитување и прифаќање на различностите. Преку оваа иницијатива, сакаме да испратиме порака дека сите сме одговорни за создавањето на инклузивно општество, кое ќе ги прифати и вреднува сите свои членови. Веруваме дека со ваквите активности не само што ја зголемуваме свеста за важноста на инклузијата, туку и поттикнуваме конкретни чекори за создавање средина каде што сите имаат еднакви можности за учество.” изјави Заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетеров

Рудниците Бучим и Боров Дол остануваат посветени на поддржување на иницијативи кои промовираат инклузија, еднаквост и поттикнуваат долгорочен одржлив развој, со цел градење заедница која го прифаќа секој свој член, обезбедувајќи рамноправност, почит и можности за сите.

Линк до видеото: https://youtu.be/-_nfc6T5rQc

WhatsApp Image 2024-08-29 at 09.24.57

Радовиш: Денот на македонските рудари одбележан со поддршка за рударите и заедницата

Во организација на рудниците Бучим и Боров Дол, беше одржана свеченост по повод Денот на македонските рудари, 28-ми август. Настанот, кој се одржа во присуство на бројни гости, пријатели и соработници, ја одбележа значајната улога на рударите во развојот на македонската индустрија и економија.

На свеченоста, присутните беа потсетени на историското значење на Денот на рударите, кој е во чест на Штрајкот на рударите од Лојане во 1929 година, симболизирајќи ја борбата за права и единството на македонските рудари. Овој ден ги поврзува старите и новите генерации, акцентирајќи ја важноста на зачувување на традициите и корените на македонското рударство.

Во своето обраќање г-дин Ивица Карапетров, Заменик управител на Бучим и Боров Дол, истакна дека, и покрај предизвиците со кои се соочиле во изминатиот период, рудниците остануваат стабилни и одржливи компании, со визија за светла иднина. Карапетров нагласи дека секој рудар е од суштинско значење за успех на компанијата и заедницата.

Посебен момент од свеченоста беше присуството на младите геонаучници кои неодамна постигнаа извонреден успех на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO 2024, одржана во Пекинг, Кина. Овие млади таленти ја претставија Македонија на светската сцена, враќајќи се дома со еден сребрен и шест бронзени медали. Рудниците Бучим и Боров Дол се особено горди што ги поддржуваат и промовираат овие млади умови.

Настанот беше исто така искористен за собирање донации за Сандра Дејановска Крастев, мајка на две малолетни деца од Радовиш која боледува од редок вид на рак, како и за реконструкција и поддршка на Манастирот Св. Јован Претеча во село Слепче. Оваа иницијатива уште еднаш ја потврди посветеноста на рудниците Бучим и Боров Дол кон локалната заедница.

По повод Денот на македонските рудари, сите рудари добија парични награди, а на 21-те најдобри вработени им беа доделени повисоки парични бонуси како признание за нивната извонредна работа.

Вечерта продолжи со концерт во центарот на Радовиш, каде присутните уживаа во настапите на Игор Џамбазов, Гуру Харе бенд и легендарните Црвена јабука, заокружувајќи ја прославата со музика и заедништво.

Рудниците Бучим и Боров Дол ја истакнаа својата поддршка кон рударите, младите таленти и заедницата. Честит Ден на македонските рудари! Среќно!