Бучим и Боров Дол за прв пат во своето работење ги отворија вратите за семејствата на вработените и беа домаќини на незаборавниот настан „Дружба со Дедо Мраз“, пружејќи им топло добредојде на дечињата на своите вработени. Настанот се одржа на 30.12.2023 во новогодишниот амбиент на делокругот на Бучим и Боров Дол.
Децата на вработените, со многу насмевки и радости уживаа во доделувањето на новогодишни пакетчиња од страна на Дедо Мраз. Весела и разиграна атмосфера, многу насмевки и дружење, владееше во Боров Дол и Бучим. Повеќе од 70% од вкупниот број на децата на вработените беа присутни на настанот во која уживаа и се радуваа и децата и вработените. Покрај забавните игри со аниматорите, сесиите на фотоштандови, цртање на лице со маскоти и подароци од Дедо Мраз, децата има можност да запознаат нови другарчиња, да создат нови пријателства, а истовремено да се запознаат со дел она што го работат нивните родители, разгледувајќи дел од рударските машините на специјално организираните тури што ги водеа група на вработени волонтери.
Вработените во рудниците заедно одлучуваа за активностите, концептот и идејата на настанот. Беа охрабрени нивните мислења за тоа како треба да се одвива настанот и потенцијалните иновации, воведувајќи нова традиција на славење на празничната сезона на работното место со семејствата. “Дружба со Дедо Мраз“ е светол пример за корпоративната општествена одговорност и вредностите за еколошко, социјално и корпоративно управување (EСГ), оцелотворувајќи го духот на компанија која се грижи за своите вработени и нивните семејства.
“Среќата на децата на нашите вработени е и наша среќа. Негуваме култура на работното место опфаќајќи ја суштината на семејството и заедништвото. Ова беше прв, но не и последен пат кога ќе го обединиме нашето големо семејство за еден заеднички и несекојдневен настан”, изјави Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол
Боров Дол, како општествено одговорна компанија и цврст застапник на принципите на управување во рамките на ЕСГ (еколошко, општествено и корпоративно управување), ги објавува неодамнешнитеактивности за поддршка на локалната заедница за време на празничниот период.
Како дел од својата постојана заложба за поттикнување на одржлив раст и развој на заедницата, рудникот по повод новогодишните празници на боречкиот клуб Бучим Шампиони Конче донирашепатничко возило-комбе. Овој придонес има за цел да ја подобри оперативната ефикасност на клуботи да ги олесни транспортните потреби неопходни за развојот на младите надежни спортисти во Општина Конче. Гестот ја одразува посветеноста на Боров Дол за поддршка на воннаставни активности за децата во регионот.
Заменик управителот на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров, го изрази својот ентузијазам за придонесот, изјавувајќи: „Спортот има моќ да го обликува карактерот и да всади вредни животни вештини. Инвестирањето во развојот на нашата младина е инвестиција во иднината. Имаме за цел да ги поттикнеме младите спортисти да ја следат својата страст со поголема посветеност и да го достигнат својот целосен потенцијал“.
Покрај донацијата на патничко возило на локалниот боречки клуб, рудникот Боров Дол и годинава ја продолжи својата традиција да им донесе радост за време на новогодишните празници на дечињата од социјално загрозените семејства во Општина Конче. Рудникот им подари новогодишни пакетчиња на децата од овие семејства, носејќи топлина и среќа за време на празничната сезона. Исто така беа доделени новогодишни пакетчиња на сите деца во градинката Детска градинка „12 Јули“ во Конче, како и на најмладите членови од боречкиот клуб “Бучим Шампиони Конче’.
“Ние веруваме во создавање вредност не само за нашите акционери, но и за заедниците во кои што работиме. Овие општествено одоговорни активности ја одразуваат нашата посветеност на принципите на ЕСГ и ја нагласуваат нашата определба да направиме позитивно влијание врз општеството”, додаде Александр Раков, управител на рудниците Бучим и Боров Дол.
Следејќи ја традицијата да носат насмевки и искрена радост за време на новогодишните празници, рудниците Бучим и Боров Дол и годинава организираа повеќе празнични донаторски акции во општините во кои што делуваат – Радовиш, Конче и Штип.
Рудниците го одржаа своето веќе традиционално доделување на новогодишни пакетчиња, со тоа што поделија пакетчиња на преку 1200 дечиња. Оваа година, претставниците на Бучим и Боров го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака, детските градинки во Радовиш и Конче, борачките клубови во Радовиш и Конче и различни здруженија и образовни установи. Секое детенце беше израдувано со новогодишни подароци, што е неразделен дел од традицијата на рудниците Бучим и Боров Дол.
Донаторските акции се реализираат со цел поддршка на децата во локалните заедници во кои рудниците делуваат, истовремено создавајќи насмевки и радост во срцата на најмладите жители. Александр Раков, управител на Бучими Боров Дол, изјави: “Деновиве, го почувствувавме вистинското значење на духот на заедницата. Оваа иницијатива не е само традиција за нас, туку и начин на создавање на насмевки на лицата на децата во нашите заедници. Нивната радост е наш успех!’
Ивица Карапетров, заменик управител на Бучим и Боров Дол, додаде: “Искрено сме среќни што можеме да ги обележиме овие празнични дни со подароци за најмалите дечиња. Нивните насмевки се наша најголема награда, а радоста на лицата на децата е најдобар показател дека правиме позитивна промена во општеството“.
Покрај доделувањето на новогодишни пакетчиња за дечињата, рудниците поддржаа и општински новогодишни активности и донираа новогодишни пакетчиња на различни заедници и организации, вклучувајќи ги Општинската организација Црвен крст – Радовиш наменети за намјалите членови од социјално ранливите семејства во Радовиш, на Здружението на турците за хуманитарни и културни активности Кудрет Јашам Дернеѓи и Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ – Штип, како и на децата на социјално ранливите семејства во Општина Конче. Исто така годинава рудниците за општинската активност во Радовиш – Средба со Дедо Мраз секое обезбедија новогодишно пакетче за секое дете, како и за дечињата кои беа дел од Бадниковата литија.
Рудниците Бучим и Боров Дол и во иднина ќе продолжат со оваа традиција, со цел да го обележат празничниот дух и да ги радуваат најмалите жители на локалните заедници.
Како демонстрација на цврстата посветеност кон грижа за заедницата, рудникот Бучим даде значаен придонесе за општина Радовиш со донација на патничко возило со која уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон поттикнување на позитивни промени во заедницата.
Овој филантропски гест има за цел да одговори на потребите на жителите на Радовиш, обезбедувајќи витално решение за предизвиците поврзани со комуникацијата и мобилноста во општината. Донацијата претставува опиплива заложба за партнерство и соработка помеѓу рудникот Бучим и општина Радовиш. Патничкото возило е наменето да им користи на локалните училишта на кои им е потребен превоз за ученици, а воедно ќе служи и како вреден ресурс за културните друштва, невладините организации (НВО) и спортските клубови, олеснувајќи го непреченото патување за нивните различни активности.
Александр Раков, управител на рудниците Бучим и Боров Дол, ја изрази посветеноста на рудникот за благосостојбата и напредокот на Радовиш, велејќи: „Ова возило ја означува нашата посветеност на поддршката на образованието, културата и спортот, а истовремено ја подобрува пристапноста за оние кои се соочуваат со предизвици во транспорт. Среќни сме што придонесуваме за напредокот на Радовиш“.
Официјалнoто примопредавање, кое се одржа на 25.12.2023 година, ја симболизира непоколебливата посветеност на Бучим за поттикнување на посилен и меѓусебно поврзан Радовиш. Оваа иницијатива е усогласена со тековните напори на рудникот да биде одговорен корпоративен граѓанин, активно придонесувајќи за подобрување на заедниците во кои работи.
Рудникот со задоволство ja објавува донaцијата на сосема ново игралиште за децата од Штип. Оваа донација ја одразува посветеноста на компанијата за развој на заедницата и нејзината посветеност кон подобрување на условите во општеството и животот во целост.
Новото детско игралиште, опремено со најсовремени реквизити за индивидуални или игри во група, беше пуштено во употреба на 27 октомври во присуство на граѓани на Штип, градоначалникот на Општина Штип, претставници на локалната самоуправа и претставници на рудниците Боров Дол и Бучим. Вредноста на донацијата е околу 22.000 илјади евра.
„Веруваме дека оваа донација ќе даде свој скромен придонес за разиграни детства на најмладите жители на Штип. Игралиштето е изградено во соработка со Општина Штип, која во рудникот Боров Дол препознарелевантен партнер за соработка и поддршка на општествено корисни проекти како што е детското игралиште,” изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим и Боров Дол
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов се заблагодари за донацијата која е една од потребите на градот и содржина што недостига за правилен детски развој и социјализација на децата, “ Како општествено одговорна компанија Боров Дол се одлучи да донира една ваква содржина за најмалите дечиња кои верувам дека ќе го користат и чуваат. Изразувам благодарност до рудникот Боров Дол кој што се одзва на нашиот повик и кој што допринесе во населба Сењак, најмладите генерации да имаат едно поубаво катче за забава и место за рекреација.”
Рудникот Боров Дол е во постојана соработка со заедниците и својот раст и развој го базира на постојана соработка со заедниците и нејзините жители без разлика дали станува збор за мал локален проект или значаен инфраструктурен објект. Како општествено одговорна компанија во текот на годината реализира проекти значајни и на локално, но и на национално ниво.
“Само со одговорно дејствување можеме успешно да создаваме реални промени во заедниците. Преку нашето работење настојуваме да создаваме трајни вредности и можности за одржлив раст и развој на општеството,” истакна Александр Раков, генерален директор на Бучим и Боров Дол.
Радовиш, 12 октомври 2023 – Како одговор на неодамнешните медиумски содржини за поврзаноста на Бучим со проектот Иловица-Штука, во интерес на вистината и правилното информирање на јавноста во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале формално да обезбедиме фактички корекции како што следува:
Единствената инетракција која матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп ја имал со Еуромакс Рисорсис во врска со проектот Иловица-Штука е во 2019 година и тоа по пат на јавна понуда. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна. Информацијата е достапна на следниов линк:https://solwaygroup.com/2019/04/25/solway-investment-group-offers-euromax-resources-ltd-and-the-ilovica-shtuka-project-a-better-path-forward/ . На 26 Април, 2019 година Еуромакс Рисорсис го одби овој предлог преку официјално соопштение. Оттогаш, предлогот ја изгуби својата важност и немаше никаква понатамошна комуникација помеѓу Солвеј и Еуромакс Рисорсис.
Ниту Бучим, ниту пак нејзината матична компанија немаат сопственост, контрола, поврзаност или пак влијание од Русија. Во декември 2022 година, поттикнати од, како што веруваа, неоправданите наводи за „руско влијание“ и „корупција“ поднесени од страна на Американската Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) против подружниците на Солвеј во Гватемала и двајца оттогаш веќе поранешни вработени, „одборот на директори на Солвеј започна независна целосна истрага кои исто така меѓу другото го истражуваа и таканареченото „руско влијание“. Независната истрага ја спроведе американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), во соработка со владата на САД, при што истрагата ја водеа искусни и почитувани пензионирани федерални агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД. Истрагата е завршена и резултатите се официјално доставени до американската влада. Набргу откако владата на САД беше известена за резултатите од истрагата, на санкционираните подружници на Солвеј во Гватемала од страна на американската влада им беше одобрено повторно да започнат со деловните операции во Гватемала и добија дозвола повторно да работат со рудниците. По повеќе од 100 спроведени интервјуа и преглед на терабајти податоци, истрагата јасно заклучи, дека Солвеј Инвестмент Груп нема никаква сопственост, контрола, поврзаност или влијание од Русија. Ова беше јавно објавено во мај 2023 година и е лесно достапно на Интернет: https://solwaygroup.com/2023/05/22/first-results-of-independent-investigation-show-solway-investment-group-holds-no-russian-connection/
Матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмнет Груп е семејна компанија за рударство и метали со седиште во Швајцарија со проекти во Украина, Северна Македонија, Гватемала, Индонезија и Аргентина. Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин. Солвеј е основан во 2003 година од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Тој се повлече од сите позиции во Солвеј во 2020 година и престана да поседува секаков интерес во компанијата. Компанијата е во сопственост на синовите на основачот, кои се германски државјани без руски врски и без руски пасоши. Солвеј никогаш не бил санкциониран за врски со Русија. Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија.
Ниту Бучим, ниту кои било други подружници на Солвеј Инвестмент Груп не сè и никогаш не биле контролирани од Дмитриј Кудрјаков, поединецот споменат како санкциониран во официјалната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) Дмитриј Кудрјаков долги години имаше раководни позиции во подружниците на Солвеј; сите негови договори со Солвеј и подружниците беа веднаш прекинати во ноември 2022 година, кога Солвеј дозна за американските санкции по изјавата на OFAC. Со одлука на акционерите на Дмитриј Кудрјаков официјално веднаш беше отповикан од каква било поврзаност со Солвеј и вклучително и од неговите позции во подружниците.
Бучим за прв пат учествуваше на Виз Ер Скопски Маратон. Повеќе од 20 вработени учествуваа во тим билдинг трката на 5 километри која се оддржа на 1 октомври 2023 година во рамките на најмасовната спортска манифестација во државата.
Мотивирани од рекреативниот дух за учество на 19 то издание на Скопскиот Маратон, рудникот Бучим го спонзорираше учеството на своите вработени – учесници, а ги поддржа и со опрема за трчање. Како општествено одговорна компанија, посветена кон грижата за своите вработени, Бучим поддржува активности кои го подобруваат физичкото и менталното здравје на вработените, но и кои воедно придонесуваат за зајакнување и хармонизирање на тимот.
Вработените успешно го завршија маратонот и стигнаа до целта, остварувајќи солидни резултати. Целата оваа манифестација на која учествуваа преку 11.000 натпреварувачи беше одлична за подобрување на тимскиот дух и едно прекрасно искуство за вработените во Бучим.
“ Учеството на нашите вработени на овој спортски настан е демонстрација на колективната енергија и ентузијазам во компанијата. Верувам дека учеството на овој маратон ќе прерасне во понатамошна традиција, која ги промовира вредностите на здравиот живот и тимскиот дух меѓу вработените.” – изјави Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол
Радовиш, 25 август 2023 – По повод 28 август- Денот на рударите кој што воедно е и Ден на Радовиш, се организира свечена програма за чествувањето на професионалниот празник на македонските рудари. Одбележувањето започнува на 28 август во делокругот на рудниците со свечената церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а главната прослава ќе биде вечерта во центарот на Радовиш со музички концерт на Каролина Гочева. Како педгрупа ќе настапи бендот South Parк. Концертот почнува во 20 часот.
“Радовиш го слави Денот на рударите и празникот Успение на Пресвета Богородица, заштитничката на македонските рудари, а оваа година за прв пат за радовишани и сите посетители се подготвува вистинско музичко уживање и секако одлична забава и расположение со најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева. Централната прослава ќе се одржи во центарот на Радовиш под покровителство на рудниците Бучим и Боров Дол во соработка со Општина Радовиш. Ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрасниот настан и да уживаат во празникот”, рече градоначалникот Ацо Ристов.
“За прв пат годинава Денот на рударите, ќе биде одбележан со настан во центарот на Радовиш. Празничната традиција ќе ја зачуваме и пред големиот концерт, во делокругот на рудникот ќе се одржи официјална церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а прославата ќе се одржи во Радовиш каде заедно со сите граѓани, рудари и нивните семејства ќе уживаме во концерт на македонски музички ѕвезди” , додаде Александр Раков генерален директор на Бучим и Боров Дол.
Во еден обид да ја искажат својата преданост кон активен начин на живот и заедницата, рудниците Бучим и Боров Дол ја поддржаа иницијативата на здружението на граѓани “Супериор Ранс – Стани, трчај!” кое ја организираше првата трка во Штип.
Оваа иницијатива, во која зедоа учество и вработените во Бучим и Боров Дол претставува уште еден чекор кон зголемување на свеста за значењето на здравиот начин на живот, кој рудниците го негуваат. Во тој дух, вработените заедно со менаџментот корпоративно за прв пат учествуваа на маратон, кој се одржа на 30 април во Штип. На овој спортско-рекреативен настан, вкупно 15 вработени имаа можност за маратонско дружење, каде заедно со менаџмент успешно ја завршија трката „Superior Runs 5k”.
Бучим и Боров Дол, освен што го подржаа настанот, со цел да поттикнат мотивација за спортски вредности и да ја кренат свесноста околу влијанието на физичката активност врз индивидуалното и колективнотото здравје, активно се вклучија во градската трка. Оваа активност не само што го поттикнува здравиот начин на живот на вработените, туку и го зголемува чувството на заедница и тимска работа. Затоа и во иднина, рудниците ќе продолжат да поддржуваат иницијативите кои промовираат здрав и активен начин на живот во заедницата и помеѓу вработените.
Рударската индустрија традиционално се смета за област во која доминираат мажите како работна сила, со малку можности за жените да размислуваат за кариера во овој сектор. Сепак, тој наратив се менува бидејќи се повеќе жени ги пробиваат родовите бариери, а табуата околу традиционалната поделба на машките и женските професии се кршат.
Во последниве години, почна да се засилува учеството на жените во рударската индустрија. Рударството станува се поавтоматизирано, а традиционалните аргументи за секторот во кој доминираат мажи кои се потпираат на стереотипните поими за „машки“ и „женски“ професии изчезнуваат. Како што секторот продолжува да се прилагодува на дигитализацијата и неизбежните промени што тоа ги носи во работа, „културата на работното место и наративите за тоа што е вистинска работа во рудник како и традиционалната слика на „рударот“ создадена во раните индустриски денови кога рударството беше опасна и макотрпна работа, постепено се менуваат. Современото рударство негува родово еднаква култура на работното место од производствените погони до раководни позиции, каде жените играат витална улога во секојдневата работа, уривајќи ги стереотипите и инспирирајќи ја следната генерација женски рудари.
Верче ТрајковМарија Сарафилоска
Марина Санева и Милица Паневска
Во месецот на жената, разговаравме со дел од инспиративните жени рудари во рудниците Бучим и Боров Дол во обид ги охрабриме и другите жени да размислуваат за кариера во рударството и да ги урнат родовите бариери.
Во Бучим моментално работат 43 жени, додека Боров Дол има 19 вработени жени. Ова може да изгледа како мал број, но е значаен во рударската индустрија во која доминираат мажи. Повеќе од 10% од работната сила во Бучим и Боров Дол се жени кои ја докажуваат својата вредност на различни позиции, вклучувајќи машински инженер, геолошки инженер, еколошки инженер, хемиски инженери, оператор во диспечерски центар, директор за финансии, заменик управник на флотација, лабораториски работници, техничари во ПМС група, оператори во одделение за електро одржување, техничари за сорпција во производствена единица лужење итн.
Милица Николова Паневска, инженер-геолог во рудникот Боров Дол, вели дека рударската индустрија нуди работна средина со еднакви можности за професионален развој и се чувствува исполнето што работи во средина каде ја прифаќаат како рамноправен член на тимот. „ Драго ми е што гледам дека перцепцијата се менува, а традиционалната поделба на машки и женски професии се урива“, вели Милица. И покрај тоа што во минатото доживеала родова дискриминација, Милица постигна успех во својата област. „ Во неколку наврати кога конкурирав за работни позиции како геолог добивавав директен одговор дека бараат машки инженери за работа, но сепак не се откажав и се покажа дека сепак има и компании кои на жените им се даваат еднакви можности за развој на кариерата.” вели Милица Николова Паневска, вработена како инженер геолог во рудникот Боров Дол.
Зборовите на Милица нè потсетуваат дека рударската индустрија се менува, станува поинклузивна и им дава сила на жените да ги кршат родовите стереотипи. Позитивен тренд е и фактот што застапеноста на жените во овие компании е на сите хиерархиски нивоа, што укажува дека индустријата станува се поинклузивна и посветена кон промовирањето на родовата еднаквост и отстранувањето на пречките со кои се соочуваат жените.
Милена Дановска, заменик-управник на производствена единица флотација во Бучим како хемиски инженер кој работи во рудник, открива дека рударството дава многу можности за напредување во кариерата, со напорна работа и посветеност секој може да успее без разлика на полот. “Во рударстото има можност за кариерен наоредок, бидејќи самото рударство е развојно. Примарно сум, хемиски инженер, но работам во рударска индустрија во која хемијата наоѓа широка примена. Својата кариера во Бучим ја започнав пред 12 години вработувајќи се во фабриката за производство на бакарен концентрат – лужење како сменски раководител. Заедно со уште 60 работници, бев дел од инженерскиот тим кој учествуваше во изградба на фабриката. Од целиот тим на луѓе кои бевме дел од тој проект, денес скоро сите сме унапредени, на пример јас сега сум заменик- управник на фабриката за збогатување на бакарен концентрат-флотација, така што погонот лужење би го нарекла расадник за квалитетни кадри на рудникот Бучим, каде многу луѓе ја започнаа својата кариера и продолжија со унапредување.” На прашањето за нејзиното искуство како жена која работи во индустрија во која доминираат мажи, Милена нагласи дека само напорната работа и упорноста се неопходни за градење на кариера, но сепак, признава дека родот може да биде значаен предизвик во индустријата. “На жената не и е лесно да се усогласи со динамиката на работата во рударската индустрија, но со многу труд и посветеност со текот на времето, полот неманикакво влијание во работата. Презафатени сме за да мислиме кој е машко, а кој жена, а и носиме униформи, што е уште еден момент кој оддава еднаквост, така што нема значење кој каков пол е на работното место”.
†
Од административни услуги до производствени погони, жените оставаат свој белег во секој аспект од рударското работење во Бучим и Боров Дол. Овие жени се пример за идните генерации жени, а нивните приказни служат како светилник на надеж и инспирација за секој кој некогаш се соочил со родова дискриминација во својата кариера.
Марија Сарафилоска, директор за финансии во Бучим, ги истакнува позитивните промени што се случуваат во рударската индустрија. Откако се приклучи на тимот на компанијата во 2013 година како шеф на план и анализа, таа се искачи низ рангот на позиции во својата област. Нејзиниот пат во кариерата е пример дека жените имаат многу да понудат во однос на лидерството, иновативноста и соработката, а нивниот придонес треба да биде препознаен и ценет во рударската индустрија. “Инспиративно е да се види како жените преземаат повеќе раководни улоги и им се даваат можности и да ги покажат своите способности. Не постои успех и прогрес во работата, без предизвик, независно во која сфера функционираме. Важно е компаниите да ги подржуваат жените во нивните кариери и благодарна сум што сум дел од тим кој го прави токму тоа. Жените имаат многу да понудат во однос на лидерството, иновативноста и соработката и потребно е да се создадат еднакави работни можности за сите.”
Во Бучим и Боров Дол жените не пополнуваат само квоти или позиции. Тие се високо квалификувани и интегрални членови на тимот, кои извршуваат широк опсег на работни места, од ракување со машини до управување со сложени процеси, а нивните приказни се доказ дека дека рударството не е професија само за мажи.
Приказната на Верче Трајков за искачувањето по скалилата во рударската индустрија е доказ дека трудот, посветеноста и истрајноста се вреднувани. Трајков е горда што има еднакви можности за работа и исти услови за работа како и нејзините машки колеги. Почнувајќи како пробар во оделот -флотација , потоа работи како техничар и днес е шеф на лабораторија. Како жена во рударската индустријата, таа ја нагласува важноста на еднаквите можности и услови. Таа вели „ Јас во рударството започнав од најниското скалило за постепено со многу труд,волја, желба за работа, да станам раководител на пмс-лабораторија. Многу е важно дека и ние жените веќе сме рамо до рамо со мажите-имаме еднаква можност за работа и комплетни услови што ни ги нуди самата компанија“.
Како инженер-еколог во рудникот Боров Дол, Марина Санева открива дека работата во рударството може да биде правилен избор за кариера. “ Во рударството има место за сите професии. Оваа индустрија е полна со можности и предизвици кои помагаат да растеме и професионално и лично.” Работењето во рударската индустрија и овозможило на Марина да ја комбинира својата страст за екологијата со нејзината експертиза како инженер. „Горда сум што сум дел од тимот кој е посветен на намалување на влијанието на рударството врз животната средина“,
Современата рударската индустрија развива поразновидна и инклузивна работна сила, но сепак сè уште има значителни дигитални јазови меѓу жените и мажите и тие ќе треба да се решат доколку се остварат нови можности за жените во рударството. Бучим и Боров Дол се одличен пример за тоа како компаниите треба да создадат средина во која жените и мажите имаат еднакви можности за развој на кариерата. Компаниите ги ценат достигнувањата на овие инспиративни жени и се надеваат дека ќе ја инспирираат следната генерација женски рудари да се приклучат на индустријата и заедно да ги рушат родовите стереотипи.