Creative Fellowship 30

НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ ВАШАТА ШАНСА ДА СТАНЕТЕ ПРОФЕСИОНАЛЕН ТАНЧЕР

Иницијативата @creative.fellowship (CFI), едукативна активност, која се спроведува во Северна Македонија од 2017 година во соработка со рудникотБучим Радовиш, како дел од глобалната програма за млади таленти, овој пат нуди помош за македонскиот кандидат, кој што ќе биде  поканет на аудиција во Ballettakademie der Wiener Staatsoper.

Оваа еднократна помош ќе биде обезбедена за еден апликант, официјално поканет од Ballettakademie der Wiener Staatsoper да учествува на аудицијата на 12 март 2023 година во Виена и ќе покрие авионски билет во економска класа Скопје – Виена – Скопје , едно ноќевање во хотел со две ѕвезди како и личен асистент за време на посетата. Аудицијата на Ballettakademie der Wiener Staatsoper е само со покани.

За да се квалификуваат за оваа возбудлива можност, кандидатите треба да се на возраст од 17 до 20 години и да имаат професионално танцувачко образование со фокус на класичниот балет. За да бидат поканети на аудицијата, кандидатите требада го испратат своето CV, фотографија и видео линк од нивниот перформанс , класично и современо соло до г-дин Калум Хести, балет мајстор на Jugendkompanie во Callum.Hastie @wiener-staatsoper.at најдоцна до 24 февруари 2023 година.

Jugendkompanie of Ballettakademie der Wiener Staatsoper обезбедува сеопфатна програма за обука на своите членови, давајќи им најмногу две сезони за да ги усовршат своите вештини и да стекнат драгоцено сценско искуство во тесна соработка со Wiener Staatsballett. Танчерите добиваат дополнителна обука, индивидуално тренирање и редовни можности за настап во продукциите на Винер Штатсбалет. Како член на Jugendkompanie, студентот ќе добие паушален надоместок од 650,00 евра месечно за покривање на трошоците.

За да аплицира за CFI, избраниот кандидат треба да го испрати своето/нејзиното барање со доказ за официјална покана за аудиција од Ballettakademie der Wiener Staatsoper на info@creativefellowship.org Апликациите ќе се разгледуваат на база по прв дојден – прв услужен.

Не ја пропуштајте оваа прилика која се случува еднаш во животот да се тестирате за договор за обука на една од водечките светски балетски академии. Прикажете го вашиот талент, добијте врвна обука и стекнете драгоцено сценско искуство на Ballettakademie der Wiener Staatsoper.

Иницијативата Creative Fellowship (CFI) се води во соработка со рудникот Бучим Радовиш со поддршка на Solway Investment Group. Програмата го подобрува развојот на основните животни вештини и компетенции кои ја поттикнуваат креативноста, како и го стимулираат квалитетот, иновативноста и препознавањето на работата на младите луѓе. Стипендијата ги поддржува овие млади луѓе во остварувањето на нивниот креативен потенцијал, а со тоа придонесува за подобрување на квалитетот на животот во локланите зедници.

311823079_648714130048990_544778602962625635_n

Бучим ДООЕЛ Радовиш ја зајакнува својата посветеност за раст на заедницата со најновата поддршка за инфраструктурен развој на општина Конче

ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш со својата најнова иницијатива во Конче ја продолжува својата заложба за одржлив развој на заедницата. Минатата година компанијата започна слична иницијатива во градот Радовиш, а овој нов проект е втор од ваков вид. Со донација од 10.000 м3 тампон од дробен камен, во вредност од приближно 40.000 евра, Бучим обезбедува витална поддршка за локалните инфраструктурни проекти.

Тампонот ќе се користи за подобрување на локалните улици, подобрување на пристапот до домовите и подобрување на комуникацијата и поврзувањето меѓу населените места. Посветеноста на рудникот Бучим за одржлив развој на заедницата се рефлектира во оваа донација, која позитивно ќе влијае на животите на жителите во областа.

Во Бучим се стремиме да бидеме одговорни корпоративни граѓани и горди сме што позитивно влијаеме на заедниците во кои работиме“, рече Олег Чусовитон, генерален директор на Бучим ДООЕЛ Радовиш. „Нашата донација на тампон е опиплив израз на нашата посветеност за одржлив развој на заедницата и сме горди што ги поддржуваме општините во нивните напори за подобрување на локалната инфраструктура”.

Оваа нова иницијатива од Бучим се надоврзува на тековната посветеност на компанијата за општествена одговорност, одржливост и развој на заедницата. Со донирање на дробен камен – тампон оза локални инфраструктурни проекти, рудникот Бучим ја демонстрира својата посветеност на растот и развојот на заедницата.

322382806_1873698229636832_1398782152869338424_n

Bucim and Borov Dol Bring Holiday Cheer to Local Communities

During the Christmas season, copper mines Bucim and Borov Dol demonstrated their generosity and goodwill by spreading holiday cheer to the local communities. The mines began their charitable efforts by visiting kindergartens in Radovish and Konce, where they donated Christmas packages to the children. They also brightened the holidays for the users of the Daily Center for People with Intellectual Disabilities Poraka, as well as the youngest members of the wrestling clubs Bucim at Radovish and Bucim Shapmioni in Konce, bringing joy and happiness with New Year’s gifts. Also donated New Year’s packages to charitable organizations, including the Municipal Red Cross,  the Kudret Jasham Derneghi Turkish Association for humanitarian cultural activities, and the charity organization Ikram.

During this special time of year, the mines ensured that no one was left out by distributing over 1,000 Christmas packages to the community’s youngest members and the children of employees.

As part of their contribution to the festive season, Bucim mine organized a Christmas program with music and a Christmas bazaar in Radovish. The mine also helped decorate the city with holiday lights and ornaments, adding to the cheerful and festive atmosphere.

The managers of Bucim and Borov Dol expressed their excitement to give back to their communities during the holidays. Oleg Chusovitin, General Manager of Bucim, stated, “We are thrilled to bring the holiday spirit to our community and make a positive impact in the lives of the children and residents. We hope our contributions will make their holidays a little brighter and bring joy to their hearts.

Ivica Karapetrov, Deputy General Manager of Borov Dol, commented, “As a responsible member of the community, we believe it’s important to give back and spread the joy of the holiday season. We are proud to support the local organizations and families, and we look forward to continuing our efforts to make a difference in our community.

Bucim and Borov Dol mines are committed to excellence and community involvement, and their charitable efforts during the holidays reflect their dedication to making a positive impact in the lives of their neighbors. Bucim and Borov Dol mines are devoted to the sustainable development of their communities and continue to expand their efforts to make a positive impact on the lives of their neighbors. Their charitable activities during the holiday season are just one example of their ongoing commitment to excellence and community involvement.

Soopshtenie mk web 1x1 mobile version-1

Соопштение во врска неодамнешните прилози објавени во вестите на ТВ 24

Радовиш, 30 ноември 2022 – По прегледувањето на видео прилозите од вестите на Телевизија 24, на новинарите Стојанчо Мицевски и Александар Тодески со наслови „Еден од двајцата директори на рудникот Бучим на црната листа на САД“ објавен на 26.11.2022 година и „ Кудрјаков стои во Централниот регистар на Бучим, од фирмата велат дека е разрешен “ објавен на 28 ноември 2022 година, Ве молиме погледнете ги подолу изнесените фактичките корекции точка по точка. По разгледувањето, со почит бараме истото да се коригира во јавната евиденција и записите. Ги задржуваме сите права.

Тврдење

Еден од двајцата директори на рудникот Бучим во Радовиш на црната листа на САД – Стејт департментот го сомничи Димитри Кудрјаков  за руско влијание и коруптивни шеми во Гватамала. Од Бучим велат дека тој е суспендиран. Официјално Кудрјаков се уште фигурира како управител на Бучим.

Одговор

Дмитриј Кудрјаков веднаш беше суспендиран на 18 ноември 2022 година, датумот кога Солвеј дозна за американските санкции. Одлуката за неговото отповикување од функцијата управител е доставено до Бучим за понатамошна обработка во Централниот регистар на Северна Македонија, чија постапка за промена трае до 5 работни дена. Соодветно на тоа, беа спроведени сите потребни постапки за неговото разрешување, а на 29 ноември беше извршена промената во Централниот регистар.

Тврдење

Дмитриј Кудрјаков е претставен како водач на руските операции на Солвеј во Гватемала, кој заедно со белоруската државјанка Ирина Литвињук со години воделе шеми за поткуп, поддршка на корупција, злоупотреба на државни средства, во кои биле вклучени политичари, судии и владини претставници.

Одговор

Повторуваме дека Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија. Уште на 3 март 2022 година, Солвеј јасно го искажа својот став против војната во Украина и најави повлекување од своите единствени два инвестициски и оперативни проекти во Русија кои претставуваат помалку од 10% од глобалните операции на Солвеј.  

Подружниците на Солвеј, рудникот за никел во Гватемала (CGN), фабриката за преработка на метал Пронико во Централна Америка, Гватемала (Pronico), не сè и никогаш не биле контролирани од  споменатите санкционирани физички лица. Овие ентитети и Солвеј не се во сопственост, поврзани или во соработка со претставници на руската влада.

Само еден од двајцата менаџери, кои што се санкционирани од САД, беше вработен во Северна Македонија и истиот веднаш е суспендиран на 18 ноември 2022 година, како и што е наведено погоре. Нагласуваме дека санкцијата на САД се однесува само на подружниците во Гватемала и не упатува на никаква активност во Северна Македонија. Солвеј под итно ангажираше адвокати и надворешни истражители да ги истражат наводите во санкциите и прави независна ревизија од врвот до дното и од дното до врвот на организацијата и  системите за усогласеност против корупцијата. Солвеј има нулта толеранција за мито, корупција или каков било начин на кршење на законите во државите  каде што работи Солвеј.

Вработените, службениците и директорите на Бучим и Боров Дол ја сфаќаат оваа одлука многу сериозно и веруваат во строго почитување на сите владини прописи и закони во своето деловно работење.  Преку американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), ние целосно соработуваме со владата на САД. Активно се истражуваат фактите и околностите кои довеле до наводното однесување на сега веќе суспендираниот вработен поврзани со неговото санкционирање и се преземаат мерки со цел да се обезбеди целосно усогласување со санкциите и истрага за кое било од наводното однесување наведено во санкциите.

Тврдење

Од Солвеј преку Бучим, нивната подружница во Македонија за ТВ 24, велат дека Кудрјаков  од 18 ноември, кога и бил ставен на листата на санкции веќе не е во работен однос во Групацијата и нејзините подружници.

Одговор

Нагласуваме дека Солвеј Инвестмент Груп не е санкциониран  и е во тесна соработка со надлежните органи во САД во процесот за транспарентно решавање ова прашање што е можно поскоро.  Со одлука на акционерите на Бучим, Дмитриј Кудрјаков официјално беше отповикан од каква било поврзаност со Бучим, вклучително и од неговата претходна позиција на управител на Бучим. Официјалните промени во тековната состојба на Друштвото беа направени на 29-ти ноември.

Тврдење

Наведено е дека не е даден одговор на прашањето дали Кудрјаков оперирал од Северна Македонија. (Одговор на прашањето дали Кудрјаков оперирал од Македонија, не добивме.) 

Одговор

Дмитриј Кудрјаков работи во Северна Македонија од јуни 2021 година. Tој беше постојано во Гватемала и почна периодично да престојува во Северна Македонија дури од август 2021 година. Неговиот престој во Северна Македонија беше помалку од 180 дена во текот на годината.

Тврдење

Се споменува неодамнешната средба со претседателот на Стопанската комора  на Северна Македонија и претседателот на Македонската асоцијација за рударство, во врска со енергетската криза. Во наративот се споменува дека Дмитриј Кудрјаков ги водел преговорите во името на Бучим и Боров Дол. 

Одговор

Засега не се презентирани докази што предизвикуваат сомнеж. Солвеј ќе го истражи секое прашање што ќе му биде доставено внимание што вклучува несоодветно однесување. Високата цена на струјата е главното прашање за сите производствени капацитети во Северна Македонија. Изнаоѓањето решение за прифатлив опсег на цени на електричната енергија во овој момент е главна задача за секоја компанија. На овој начин Бучим, како главен потрошувач на електрична енергија во производниот процес на Бучим и Боров Дол, заедно со претседателот на Стопанската комора како водечка комора во Македонија и Здружението на рударство на Македонија ги бараат сите можни решенија за намалување на цената на електричната енергија што е вообичаена практика на соработка ширум светот.

Тврдење

Публикации за историјата на истражувачката мрежа ОЦЦР и наводи поврзани со банкарски трансфери од 1,9 милијарди американски долари со естонски банки.

Одговор

Извештајот подготвен од адвокатската фирма „Клифорд Ченс“ укажува дека на почетокот Клифорд Ченс започнал да ги истражува сите сметки доделени на жители кои не се во Естонија и на оф-шор компании. Компаниите споменати во написите можеа да бидат посочени како компании со висок ризик со првичната истрага според овие критериуми. Колку што знаеме ниту една од овие компании или акционерите не беа вклучени во конечниот извештај на Клифорд Шанс.

Тврдење

Кудрајков не е непознат во рударскиот сектор во Македонија, тој бил генерален директор на рудникот САСА од 2006 година  кога сопственик на рудникот беше фирмата Солвеј  Инвестмент Груп, актуелниот сопственик на Бучим. Во земјава се враќа минатата година, како економски директор на Бучим, откако претходно бил делегиран во Гватемала, за каде е и осомничен со белоруската државјанка Ирина Литвињук воделе повеќе шеми за руско влијание, а во кое според Стејт депарментот биле вклучени  и политичари, судии и владини претставници.

Одговор

Дмитриј Кудрјаков беше назначен за управител на Бучим во јуни 2021 година. Неговата област на одговорност вклучуваше само технолошки прашања на рудникот, а тој никогаш не бил “економски директор” на Бучим. Неговата одговорност како управител на Друштвото е наведена во членовите од Законот за трговските друштва на Република Северна Македонија и е опишана во Договорот за основање на Бучим која е јавен документ и е достапна во Централниот регистар на Северна Македонија.

OFAC-Department-of-Treasury-837-x-399

Соопштение во врска со неодамнешната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) 

Како одговор на неодамнешната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведените санкции насочени кон наводното руско учество во рударскиот сектор во Гватемала, во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале да го изјавиме следното:

Солвеј Инвестмент Груп („Солвеј“) швајцарска семејна компанија, вклучувајќи ги сите подружници, вработени, службеници и директори ја сфаќаат оваа одлука многу сериозно и веруваат во строго почитување на сите владини прописи и закони во своето деловно работење. Солвеј целосно соработува со Владата на САД преку својата американска адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP). Активно се истражуваат фактите и околностите кои довеле до наводното однесување на двајцата, сега веќе суспендирани вработени, према кои се насочени воведените санкции. Би сакале да напоменеме дека према Солвеј не се воведени санкции и притоа планираме транспарентно да го решиме ова прашање што е можно поскоро. Исто така, потенцираме дека санкционираниот субјект Мајаникел (Mayaniquel) не è и никогаш не бил дел од Солвеј Инвестмент Груп. 

Подружниците на Солвеј, рудникот за никел во Гватемала (CGN), фабриката за преработка на метал Пронико во Централна Америка, Гватемала (Pronico), не сè и никогаш не биле контролирани од споменатите санкционирани физички лица. Овие ентитети и Солвеј не се во сопственост, поврзани или во соработка со претставници на руската влада.  Лицата, кон кои се воведени санкции,  Дмитриј Кудрјаков и Ирина Литвињук кои долги години имаа раководни позиции во подружниците, веднаш се суспендирани од нивните работни позиции во очекување на исходот од истрагата од страна на надворешен правен бранител.

Нагласуваме дека Солвеј Инвестмент Груп не е предмет на неодамнешната одлука на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведените санкции насочени кон руското учество во рударскиот сектор во Гватемала и не е субјект кој спаѓа во рамки на наложените санкции.

Повторуваме дека Солвеј не е руска компанија и нема никакви деловни односи со Русија. Уште на 3 март 2022 година, Солвеј јасно го искажа својот став против војната во Украина и најави повлекување од своите единствени два инвестициски и оперативни проекти во Русија кои претставуваат помалку од 10% од глобалните операции на Групацијата и легално го заврши овој процес. Ве молиме слободно контактирајте не за какви било изјави, коментари, прашања или појаснувања.

Линк до објавата на Солвеј Инвестмент Груп: https://solwaygroup.com/2022/11/18/in-response-to-the-recent-statement-by-the-us-department-of-the-treasury/

Soopshtenie mk web 1x1 mobile version-1

Бучим и Боров Дол го рестартираат процесот на производство

Радовиш, 2октомври 2022 – Почнувајќи од 25.10.2022 (вторник) ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш и ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција.  

По скоро двомесечна пауза, по поволната промена на пазарот на електрична енергија, рудниците се враќаат во редовен работен режим. Паралелно на ова, рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година.

Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги започнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX)  ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците, за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите,” – изјави Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

PHOTO-2022-10-10-15-13-48

Делегација на СКСМ и МАР во посета на рудниците Бучим и Боров Дол

Во рамки на денешната посета, раководството на рудниците, Дмитриј Кудрјаков и Олег Чусовитин управители на Бучим и заменик управителот на Боров Дол, Мануел Виана остварија средба со Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески и со претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Ивица Талевски.

За време на средбата се разговараше за тековната состојба поврзана со енергетската криза и проблемите со кои се соочуваат двата рудника. Раководството на рудниците  истакна дека доколку цената на електричната енергија биде под 250 евра за мегават час, рудниците се подготвени за десетина дена повторно да го рестартираат производството и да ги вратат на работа сите работници. Во спротивно рудниците нема да почнат со производство до октомври следната година, за кога и е предвидено да се завршат инвестициските проекти.

Претседателот на Комората Бранко Азески истакна дека двата рудника кои влегуваат во групата на 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија и се наоѓаат на слободниот пазар, се значајни за македонската економија. „Бучим и Боров Дол вработуваат вкупно 674 работници и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општини Конче, Штип и Радовиш.Само во последните три години инвестирале над 90 милиони евра. Во моментов се прави модернизација на производствениот процес во Бучим и изградба на фотонапонска централа за производство на електрична енергија, со што ќе се постигне намалување на зависноста од цената на електричната енергија на отворениот пазар. Разговаравме темелно за сите отворени прашања, кои што во оваа криза можат да обезбедат предвидливост и во рамките на Македонската асоцијација за рударство, со усогласени ставови и работејќи на политики кои што ќе го одржат овој сектор. Сите предлози ќе ги пренесеме до надлежното министерство и до Владата“, истакна Бранко Азески.

На состанокот од страна на раководството на рудниците беше споделена загриженоста од кризната состојба со енергијата, при што беше нагласено дека државата има податоци за загубите на рудниците, но и за добивките што ги носат Бучим и Боров Дол кон државниот буџет и кое е значењето на рудниците за граѓаните и за државата.

Ние не се откажуваме, инвестираме во два капитални проекти. Направено е максимално намалување на трошоците. Специфичната потрошувачка на електрична енергија е намалена за 13%, но сепак не можеме да работиме профитабилно и покрај сите наши напори и без поддршка од владините институции нема да успееме. Покрај цената на струјата зголемени се и останатите трошоци. Неопходни се заеднички сили, со цел да опстанеме и да продолжиме да придонесуваме кон социјалниот и економскиот развој на регионот и државата”, изјави Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Повеќе детали за одржаната средба во видеото на линкот – https://www.youtube.com/watch?v=BxIKlDg2R_M

IMG_5877

Боров Дол во соработка со Институтот за биологија на ПМФ започна со интегрална евалуација на состојбата на езерото Мантово 

Согласно општествената политика и политиката за заштита на животната средина, рудникот Боров Дол како партнер на Општината Конче, на сопствена иницијатива започна со реализација на првата фаза од истражувањето на езерото Мантово, со цел подетално да се испита состојбата на квалитетот на водата во езерото, да се утврди причината за масовната појава на развиток на цијанобактерија или поточно сино-зелена алга Aphanizomenon klebahnii, како и да се препорачаат мерки за заштита на водите од загадување.  

Во текот на годината, во повеќе наврати извршени се теренски инспекциски надзори од страна на ДЖИС, при што констатирано е дека не постои истек на води од рудникот Боров Дол во езеро Мантово, како и прашина во воздухот од активностите на рудникот. Извршени се повеќе детални испитувања на примероци од почвата и водата од брана Мантово од страна на  акредитирани лаборатории, при што утврдено е дека нема надминување на граничните вредности. Притоа, во населба Мантово, покрај редовниот мониторинг на квалитетот на воздухот во околината на рудникот, дополнително од страна на акредитирана лабораторија на две мерни места во урбаната средина на населбата Мантово беше извршен и 24 часовен мониторинг во текот на еден месец на бучава, вибрации и квалитет на воздухот, при што исто така не беше забележано надминување на граничните вредности и загадување предизвикано од активностите на Боров Дол. Извештаите со податоците за сите спроведени испитувања се доставени како до надлежните институции, така и до Општина Конче, а воедно и презентирани пред претставници од граѓанскиот сектор.

Сепак, земајќи ја предвид состојбата на езерскиот екосистем Мантово и потребата од поддршка на Општина Конче во решавање на  главните тековни еколошки проблеми со кои истата се соочува, Боров Дол ангажираше стручни лица од Институтот за биологија на ПМФ, за да се извршат продлабочени анализи на водата и седимент од езерото Мантово и да се утврдат причините кои ја предизвикуваат појавата на алгите во езерото. 

Во првата фаза од истражувањето, согласно европските еколошки стандарди и најдобри достапни практики,извршен е детален увид на теренот, земени  се примероци од води и седимент од 5 различни локации од дното на езерото и изработен е план за понатамошни теренски активности. Втората фаза од мониторингот на акумулацијата Мантово ќе се спроведе во пролетниот период од 2023 година, со крајна цел да се генерираат податоци од различни временски услови и да се добијат исцрпни резултати од истражувачките активност, кои значително ќе придонесат во изведувањето на завршните заклучоци.

Боров Дол, како општествена одговорна компанија ќе продолжи со поддршка за подобрување на животната средина и понатамошен социјален и економски развој на Општина Конче.

Езеро Мантово, мерни локации од земени примероци на 23.09.2022
Male worker with bulldozer in sand quarry

Бучим и Боров Дол објавуваат привремен прекин на процесот на производство

Радовиш, 28 август 2022 – Во пресрет на професионалниот празник на рударите како и големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на рударите, рудниците за бакар Бучим и Боров Дол на своите вработени и на сите колеги во рударската индустрија им го честитаат Денот на рударите – 28 Август.

По повод празникот, за посветеноста на рударите кон нивната работа и во знак на благодарност за вложениот труд, сите 674 вработени добија парични награди, а на најдобрите 27 рудари од страна на менаџментот им беа врачени плакети и специјални парични награди за нивниот особен придонес помеѓу двата празника. На општините Радовиш и Конче, чествувајќи го Денот на рударите и потврдувајќи ја својата заложба за континуирана, конструктивна и колаборативна соработка во насока кон развој на заедниците,   рудниците доделија донација во висина од по 5.000 евра, кои општините ќе ги искористат за реализација на проекти од областа на културата и инфраструктурата. 

Оваа година е година на голем предизвик во работата на целата индустрија и економија во меѓународни рамки. Уште од почетокот на енергетската криза и порастот на цените, она што се исправи како најголем предизвик пред компаниите е издржаниот опстанок на пазарот. Поради новата ситуација, погодени од енормниот пораст на цената на електричната енергија, голем дел од компаниите во индустријата го стопираат производството поради нерентабилност и нестабилност. Но и во вакви моменти, рудниците Бучим и Боров Дол сепак ќе продолжат со веќе отпочнатиот инвестиционен циклус, што значително ќе придонесе во подобрувањето на перформансите на компанијата.  И покрај актуелните услови, инвеститорите и менаџментот на Бучим и Боров Дол посветено работеа на тоа да се најде решение како рудниците да продолжат да работат, при што донесено е одлука да се продолжи со реализирање на капиталните инвестиции и во наредниов период интензивно да се работи на модернизација на производниот процес во рудникот Бучим и отпочнување на инвестициско вложување во обновливи извори на енергија. 

За таа цел почнувајќи од 01 септември 2022 година, Бучим и Боров Дол ќе прекинат со процесот на производство на определен период во кој што е планирано да се завршат двата капитални инвестициони проекти, а имено:

  • целосна замена на флотомашините со нова опрема, која што е дизајнирана и изработена од светски реномираната компанија Метсо Оутотек, со што рудникот Бучим ќе има најсофистицирана опрема за обработка на бакарна руда и производство на бакарен концентрат. Проектот за модернизација започна да се реализира уште од септември 2021 година, притоа, во наредниот период се очекува испораката на опремата;
  • изградба на фотонапонска централа за производство на електрична енергија, со што ќе се постигне намалување на зависноста од цената на електричната енергија на отворениот пазар. Во текот на месец јануари, 2022 година, компанијата започна со реализација на активности во рамките на овој проект. 

За време на реализирањето на овие капитални инвестиции, ќе се продолжи со континуираните геолошки истражување, каде што до денешен ден се евидентирани дополнителни количини на руда кои што ќе го продолжат животниот век на рудниците за дополнителни 5 до 7 години. Исто така, несомнено е дека текот на привремениот застој, рудниците ќе се придржуваат и ќе ги исполнуваат своите обврски согласно издадените А-интегрирани еколошки дозволи‚ ќе се врши мониторинг, а воедно ќе се разгледуваат можности за унапредување на намалувањето на влијанието на рудниците врз животната средина.

Во текот на привремениот прекин со производство вработените  ќе бидат платени согласно законските прописи во РСМ, при што  дел од вработените ќе бидат задолжени за тековното одржување на опремата, а во текот на инвестиционите зафати, вработените ќе бидат дополнително ангажирани зависно од потребата.

Претстојниот период на привремениот застој, рудниците ќе го искористат за ефикасна и брза реализација на стратегиските одлуки во однос на инвестициските проекти.  Целта на компанијата е одговорно вложување во корист на сегашните и идните генерации, преку подобрување на производствените перформанси, подобрување на условите за работа на рударите и одржлив развој на заедниците и покрај опкружувањето полно со предизвици. Долгорочно гледано, овие инвестиции освен што ќе го продолжат социјалниот и економскиот развој на регионот и државата, ќе придонесат и за динамизирање на „зелениот” раст и развој, максимизација на производството и развој на одржливи работни места. 

unnamed

Поддршка за развој на локалната инфраструктура во Општина Радовиш

Бучим ја потврдува својата заложба за унапредување на одржливот развој на локалната заедница преку поддршка на општината во инвестиции за реконструкција и изградба на локална патна инфраструктура.

На 22 јуни 2022 година, препознавајќи ги потреби на заедницата ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш и Општина Радовиш потпишаа договор за донација на 10.000 м3 тампон од дробен камен за поддршка на инфраструктурни проекти во Радовиш, во вредност од  околу 40.000 евра.

Во текот на претстојниот период, рудникот Бучим ќе овозможи на Општина Радовиш тампон од дробен камен наменет за реализација на инфраструктурни проекти во општината, со што ќе се овозможи изградба и доуредување на локалните улици за подобри услови и олеснета пристапност на жителите до нивните домови и  воедно ќе се придонесе за подобрување на комуникацијата помеѓу населените места, како и околните населени места во регионот, што е од посебно значење за жителите и развојот на општината. 

Како партнери на локалната заедница, фокусирани сме кон обезбедување вредност за општеството и се залагаме за поддршка и реализација на проекти кои што се насочени кон подобрување на квалитетот на живеење на жителите на локалните заедници. Веруваме дека преку својата општествена одговорност може да придонесеме во подобрувањето, унапредувањето и во развојот на заедницата во која што делуваме. Преку поддршката на овој проект за реконструкција и изградба на локална патна инфраструктура ќе се овозможи поврзување на населените места во Радовиш, а со тоа ќе им се овозможи повисок и поквалитетен животен стандард на жителите, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот,” – изјави Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.