1635428513178786

Соопштение во врска со последните изјави во јавноста околу Бучим и Иловица-Штука случајот

Радовиш, 12 октомври 2023 – Како одговор на неодамнешните медиумски содржини за поврзаноста на Бучим со проектот Иловица-Штука, во интерес на вистината и правилното информирање на јавноста во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале формално да обезбедиме фактички корекции како што следува:

  1. Единствената инетракција која матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп  ја имал со Еуромакс Рисорсис во врска со проектот Иловица-Штука е во 2019 година и тоа по пат на јавна понуда.  Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна. Информацијата е достапна на следниов линк:https://solwaygroup.com/2019/04/25/solway-investment-group-offers-euromax-resources-ltd-and-the-ilovica-shtuka-project-a-better-path-forward/ . На 26 Април, 2019 година Еуромакс Рисорсис  го одби овој предлог преку официјално соопштение. Оттогаш, предлогот ја изгуби својата важност и немаше никаква понатамошна комуникација помеѓу Солвеј и Еуромакс Рисорсис. 
  2. Ниту Бучим, ниту пак нејзината матична компанија немаат сопственост, контрола, поврзаност или пак влијание од Русија. Во декември 2022 година, поттикнати од, како што веруваа, неоправданите наводи за „руско влијание“ и „корупција“ поднесени од страна на Американската Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC)  против подружниците на Солвеј во Гватемала и двајца оттогаш веќе поранешни вработени, „одборот на директори на Солвеј започна независна целосна истрага кои исто така меѓу другото го истражуваа и таканареченото „руско влијание“. Независната истрага ја спроведе американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), во соработка со владата на САД, при што истрагата ја водеа искусни и почитувани пензионирани федерални агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД. Истрагата е завршена и резултатите се официјално доставени  до американската влада. Набргу откако владата на САД беше известена за резултатите од истрагата, на санкционираните подружници на Солвеј во Гватемала од страна на американската влада им беше одобрено повторно да започнат со деловните операции во Гватемала и добија дозвола повторно да работат со рудниците. По повеќе од 100 спроведени интервјуа и преглед на терабајти податоци, истрагата јасно заклучи, дека Солвеј Инвестмент Груп нема никаква сопственост, контрола, поврзаност или влијание од Русија.  Ова беше јавно објавено во мај 2023 година и е лесно достапно на Интернет: https://solwaygroup.com/2023/05/22/first-results-of-independent-investigation-show-solway-investment-group-holds-no-russian-connection/
  3. Матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмнет Груп е семејна компанија за рударство и метали со седиште во Швајцарија со проекти во Украина, Северна Македонија, Гватемала, Индонезија и Аргентина. Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин. Солвеј е основан во 2003 година од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Тој се повлече од сите позиции во Солвеј во 2020 година и престана да поседува секаков интерес во компанијата. Компанијата е во сопственост на синовите на основачот, кои се германски државјани без руски врски и без руски пасоши. Солвеј никогаш не бил санкциониран за врски со Русија. Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија.
  4. Ниту Бучим, ниту кои било други подружници на Солвеј Инвестмент Груп не сè и никогаш не биле контролирани од Дмитриј Кудрјаков, поединецот споменат како санкциониран во официјалната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) Дмитриј Кудрјаков долги години имаше раководни позиции во подружниците на Солвеј;   сите негови договори со Солвеј и подружниците беа веднаш прекинати во ноември 2022 година, кога Солвеј дозна за американските санкции по изјавата на OFAC. Со одлука на акционерите на Дмитриј Кудрјаков официјално веднаш беше отповикан од каква било поврзаност со Солвеј и  вклучително и од неговите позции во подружниците. 
IMG-9db815718e76b9c13422d83fa29f4b57-V

Бучим ДОО Радовиш воведе мерки за превенција и заштита од Covid-19 (коронавирус)

Во интерес на јавното здравје и справување со закана од коронавирусот, во согласност со препораките на Светската здраствена организација, Министерство за здравство и Владата на Република Северна Македонија, Бучим ДОО Радовиш презеде низа зголемени мерки за заштита на здравјето и безбедноста на своите вработени. Во целост се почитуваат мерките и препораките од 15-та седница на Владата на РСМ, а се однесуваат на справување со заканата од COVID–19 (коронавирус). 

Со цел подобро справување и спречување на ширењето на вирусот, како и во согласност со мерките на надлежните институции, ве известуваме дека Бучим ДОО Радовиш донесе Одлука за ограничено влегување на надворешни соработници и посетители за периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Коронавирус COVID–19 и ги откажува сите настани, средби, собири, обуки, состаноци, семинари и останати патувања предвидени за времето од овој период. Во рудникот ќе бидат пропуштени надворешни соработници/посетители само за итни и неодложни работи под посебни превентивни услови. Добавувачите кои вршат транспорт на стоки ќе се пропуштат согласно мерките и препораките за заштита под посебни превентивни услови до местото за утовар/истовар по претходно извршена дезинфекција и без директни контакти со вработените. Службата за обезбедување при пропуштање на влезно-излезна капија на надворешни соработници/посетители ги применува сите неопходни превентивни мерки за заштита како дезинфекција на лицата при влегување во друштвото, усни упатства за избегнување на директни контакти со вработените како и непотребни контакти со предмети.

Согласно насоките од 28-та седница на Владата на РСМ и одлуката за дополнување на Одлуката за изменување на забрана и посебен режим за движење на територијата на РСМ, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес, Бучим ДОО Радовиш поднесе образци за издавање на Дозвола за движење на 310 вработени поради вршење на сменска и ноќна работа. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час.

Апелираме за периодот во кој траат заштитните мерки да се користат електронските комуникациски канали за комуникација.

DSCF3849

Јубилејни награди за 15 години непрекината работа во БУЧИМ ДОО Радовиш

Бучим ДОО Радовиш од Јануари 2020 година започна со исплаќање на јубилејна награда на вработените во рудникот кои согласно Колективниот договор ги усполнуваат условите за тоа.

Врз основа на член 113 став 2 од Законот за работни односи, член 35 став 3 алинеја 3 од Општиот Колективен Договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија како и член 26 од Статутот на ДПТУ “БУЧИМ” ДОО – Радовиш, Органот на Управување –Управители донесе одлука на сите вработените во Друштвото со непрекината работа во ефективно траење од 15 години да им се додели јубилејна (парична) награда за 15 години непрекината работа кај ист работодавач.

Основица за пресметување на јубилејната (парична) награда ќе биде во висина на една просечна месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните 3 месеци сметано на денот на исплатата.

Исплатата на паричниот надомест по основ јубилејна парична награда, започна да се применува од 01.01.2020 година при исплата на платата за месецот кој истекол за вработените кои се стеканале со правото на исплата во тој месец. До крајот на година, се очекува да бидат нагарадени околку 210 долгогодишни работници на рудникот.

Ги почитуваме законските норми и трудот на лојалните и вредни вработени соодветно го вреднуваме. Ние ја цениме посветеноста на нашите вработени и свесни сме за одговорноста на работата што ја извршуваат. Вработените се столбот на нашиот успех и грижата за нашите вработени и понатаму ќе продолжи”, истакна  Николајчо Николов, заменик генереален директор на Бучим ДОО Радовиш

KV_Solway 2020MK

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО 4-та СТИПЕНДИСКА МУЗИЧКА ПРОГРАМА НА СОЛВЕЈ

Солвеј повторно им дава можност на младите талентирани ученици за бесплатно учество на меѓународниот музички камп за деца и млади во Салцбург, во летото 2020.

Рудникот “Бучим”, филијала на Групацијата Солвеј Инвестмент во Северна Македонија, го отвори својот годишен повик за стипендиската програма на Солвеј за музичкиот камп. Изборен дел исто така се организира и во градови во Украина и Гватемала, каде што се лоцирани дел од фирмите на Солвеј Инвестмент Груп.

Децата на вработените во Бучим, како и ученици од уметнички групи и образовни институции, поддржани од компанијата, коишто имаат некаков талент во музика, применета уметност, етнички занает, актерство или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да учествуваат во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде од 14 – 17 години.

Образовната стипендиска програма на Солвеј  се состои од изборен дел во два дела и се доделува со заедничка одлука на жирито. Жирито е претставувано од страна на Салцбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Одборот на Групацијата Солвеј Инвестмент. Жирито ќе ја оценува креативноста на кандидатите, нивните уметнички, театарски или музички вештини, како и комуникативните вештини, а не бројот на дипломи или уверенија што кандидатот ги има освоено.

Пријавувањето започнува од 01 декември, 2019. Крајниот рок за поднесување на пријава е 15 јануари, 2020.

Во првиот изборен дел, одбраните кандидати ќе треба да посетуваат 20-неделен курс по англиски јазик, за да стигнат до вториот дел на елиминација, кој ќе биде на крајот од април, 2020 година. Кандидатите ќе се квалификуваат за втората фаза со изработка на креативна видео презентација во времетраење од 90 секунди. Овој пат, видеата мора да бидат снимени на англиски јазик, и кандидатот мора пак да ги презентира и покаже своите способности и таленти во некоја од уметничките дисциплини.

Двајца од најкреативните, најкомуникативните, најспособните и најталентираните финалисти ќе бидат избрани за патување во Салцбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела на Салцбуршкиот музички камп за деца и младинци, кој што ќе се одржи во август, 2020, во Австрија.

Моника Трајанова и Стефан Ефтимов од Радовиш, се финалистите кои ова лето беа дел од музичкиот камп во Салцбург.

За повеќе детали, како и за пријавување за стипендијата за музичкиот камп Солвеј ве молиме посетете ја интернет страницата: 

http://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

Bucim 40_15

БУЧИМ ДОО Радовиш слави 40 години успех

Денес “Бучим” ДОО Радовиш, единствениот рудник за бакар во Северна Македонија, слави 40 години во рударската индустрија и придонес во економијата на земјата, регионот и градот. Официјалната прослава се одржа утрово во рудникот, во присутство на Премиерот на Република Северна Македонија, други почесни гости, партнери и граѓаните на општина Радовиш.

Во 2019 година, Бучим ги одбележува своите 15 години работење во рамките на групацијата Solway Investment Group со седиште во Швајцарија. Уште од своето основање во 1979 година, Бучим ги поздравува сите промени и можности потребни за да се развива, постои и да остане успешен производител, одговорен сосед и одговорен работодавач.

Во текот на изминатите 15 години, Бучим доживеа исклучителен раст и развој. Денес рудникот Бучим е водечки рударски проект и единствен оперативен рудник за бакар во Република Северна Македонија со годишен производствен капацитет од над 40.000 тони бакарен концентрат кој содржи злато.

За да го обезбеди успехот на Бучим, Solway Investment Group, од 2005 година инвестираше над 78 милиони евра во модернизацијата и развојот на рудникот. Бучим константно придонесува за иницијативите за безбедност и здравје при работа, заштита на животната средина и развојот на граѓанската инфраструктура на Бучим, неговиот роден град и соседните општини. Износот на социјални инвестиции во развојот на граѓанската инфраструктура, безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина од 2005 година изнесува околу 5 милиони евра и расте на годишно ниво.

Во своето обраќање, по повод празнувањето на јубилејот, Премиерот на Република Северна Македонија, г-н Зоран Заев рече:” Продолжуваме заедно да работиме на унапредување и развој на рударскиот сектор во Република Северна Македонија како важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите!”

Васил Борутскиј, генерален директор на Бучим ДОО Радовиш: “ И покрај сите проблеми поврзани со добивањето на дозволите, проектот Боров Дол е во тек и ние планираме да ја транспортираме првата руда од рудното тело Боров Дол во погонот за флотација на Бучим пред следниот празник на рударите во 2020 година. Имплементацијата на проектот „Боров Дол“ ќе овозможи продолжување на животниот век на  рудникот најмалку за 10 години со значителни годишни придонеси во буџетите на државата и општините”

Николајчо Николов, заменик директор на Бучим ДОО Радовиш додаде: „Пред четири децении, рудникот се предвидуваше да работи само 17 години, а еве не денес славиме 40 години! Тоа е сведоштво за успешното работење на Бучим. Нашите достигнувања беа импресивни, и сега нашата иднина е најважна за нас.  Чест ни е што ги славиме нашите достигнувања заедно со нашите вработени и партнери. Ова се импресивни 40 години и со нетрепение ги очекуваме наредните 10, за да прославиме 50!”

Во 2018 година компанијата започна проект за отворање на новото рудно тело – Боров Дол, кој ќе овозможи продолжување на ископувањето на бакарнтаа руда до 2030 година и со тоа ќе се максимизира животниот век на експлоатација, флотацијата и другите постоечки објекти во рудникот Бучим.

Беспрекорната репутација на раководството на Бучим, нивната подготвеност да се прилагодат на променливите барања на современиот свет и ефикасна инфраструктура изградена низ годините, отвораат уникатни можности за понатамошна регионална консолидација и заеднички безбеден развој на други рударски проекти, минимизирајќи го влијанието врз животната средина.

Дан Бронштејн, Претседател на одборот на Директори на Solway Investment Group изјави: “40-годишнината на Бучим е совршен повод да се навратиме назад во минатото, но и да погледнеме напред на иднината. Во 2005 година, потребна беше одредена креативност и желба да се соочат со пресметани ризици за да го доведат Бучим до успех. Можам да кажам дека мило ми е што ја искористивме оваа можност пред 15 години и покрај сите технички, социјални и економски предизвици, ги испорачавме нашите ветувања. Би сакал да се заблагодарам на Владата на Северна Македонија, луѓето од Радовиш, вработените во Бучим, нашите партнери и останатите засегнати страни за лојалноста и довербата што ја покажаа во текот на овие години. Верувам дека со такво вклучување и поддршка, заедно ќе имаме многу просперитетни години во иднина.“ 

news1

Млади таленти на Salzburg Festival’s Opera Camp

Млади талентирани радовишани ќе ја претставуваат својата земја на Salzburg Festival’s Opera Camp 2019

Организациониот комитет на Solway Music Fellowship во соработка со Salzburg Festival избра вкупно 6 финалисти од Македонија, Украина и Гватемала кои ќе бидат дел од Opera Camp во Салцбург. Повеќе од 40 креативци, на возраст од 14 – 17 години, изразија интерес за аплицирање за програмата. 39 го продолжија своето патување до славата по завршувањето на првиот круг на елиминација, а само 6 (по 2 од земја) добија целосна стипендија, која ги покрива трошоците за патување и виза, сместување, како и едукативни и забавни активности во Салцбург, Австрија.

Стефан Ефтимов и Моника Трајанова од Македонија, Мигел Тиул и Карлос Гузман од Гватемала, Артур Ардејан и Анастасија Лавренјук од Украина, добија извонредна можност да го доживеат најреномираниот светски фестивал на класична музика учествувајќи на Salzburg Opera Camp за деца и млади. Финалистие ќе поминат една недела (4 август до 10 август), без своите родители, во Schloss Arenberg, каде ќе работат со светски познати едукатори за музика, театарски професионалци, сценски дизајнери и танчери, додека ја поставуваат уникатната верзија на операта “Едип” на Џорџ Енеску, која ќе се изведува на Salzburg Festival. Младите победници ќе присуствуваат на пробата на “Едип” и ќе имаат можност да одат зад сцената. На крајот од неделата, заедно со другите ученсици од кампот, ќе изведат своја верзија на операта пред публика.

39-те избрани кандидати требаше да поминат 24 неделен курс по англиски јазик со цел да стигнат до вториот елиминациски круг. Како нивна последна задача, апликантите мораа да снимат 90-секундно креативно видео во кое на англиски јазик ќе ги изразат своите вештини за презентирање и ќе ги покажат своите таленти во некои уметнички дисциплини. Жирито, претставено од Salzburg Festival, креативниот тим на Opera Camps и претседателот на одборот на Solway Investment Group, ги оцени презентираните видеа врз основа на различни критериуми: креативност, комуникациски вештини, ангажирање во процесот на учење на јазикот, како и нивното ниво на познавање на англискиот јазик.

За своите извонредни академски резултати, желбата за учење и креативен пристап, жирито ги награди Барбара Стојанова од Македонија, Вероника Перепелица од Украина и Диего Раул Цак од Гватемала со специјална награда – еден месец интензивни часови по англиски јазик кои ќе се одржат во Јуни.

Целосната листа на избраните финалисти на Solway Music Fellowship Program може да се види на следните линкови:

Украина

https://solwaygroup.com/musiccamp/ukraine-final-2019/

Македонија

https://solwaygroup.com/musiccamp/macedonia-final-2019/

Гватемала

https://solwaygroup.com/musiccamp/guatemala-final-2019/

Bucim press release

Официјална изјава на “Бучим” ДОО Радовиш

На 13.03.2019 година во 13:30 часот, во рудникот за бакар “Бучим” ДОО Радовиш се случи несреќен случај. За време на извршување на работните должности, работник задолжен за промена на траса од висконапонска линија, почина од струен удар. 

Сите служби што се бараат со закон во таков случај беа повикани на место и извршија увид. По првична информација од службите, причината за смртта е струен удар. Формирана е комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања.

“Бучим” ДОО Радовиш и неговиот сопственик Solway Investment Group го искажуваат своето искрено сочувство до семејството. Во согласност со законите на Република Македонија и според внатрешните протоколи, “Бучим” ДОО Радовиш ќе ги исплати сите надоместоци на семејството на починатиот.

Bucim press release

Официјaлни информации односно починатиот работник во “Бучим” ДОО Радовиш на 6 февруари 2019 година

“Бучим” ДОО Радовиш би сакал да ги разјасни информациите кои беа лажно објавени од страна на медиумите за смртта на еден вработен во рудникот ова утро.

Работникот во Бучим, кој ги извршувал своите должности како возач, почина додека бил на работа утринава, на 6 февруари 2019 година. Во времето на неговата смрт, починатиот работел на местото и паднал веднаш до возилото за кое бил задолжен. Медицински персонал на Бучим веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и е упатен кон Здраствениот Дом во Радовиш, каде е констатирана смрт.

Сите служби што се бараат со закон во таков случај беа повикани на место. Медицинскиот персонал и полицијата ја идентификуваа првичната причина за смрт како природна. На работникот редовно му се вршени рутинските здравствени прегледи согласно законите на Република Македонија. Ќе се формира комисија која ќе ја изврши конечната проценка за причината за смртта во согласност со сите законски барања. Инцидентот не влијаеше на тековните оперативни процеси на рудникот.

“Бучим” ДОО Радовиш и неговиот сопственик Solway Investment Group го искажуваат своето искрено сочувство до семејството. Во согласност со законите на Република Македонија и според внатрешните протоколи, Бучим ќе ги исплати сите надоместоци на семејството на починатиот.

m2

Меѓународниот музички камп за деца и младинци во Салцбург

Tалентирани млади ученици од Радовиш ќе имаат уште една шасна да ја претставуваат Македонија на Меѓународниот музички камп за деца и младинци во Салцбург, во летото 2019.

Рудникот “Бучим”, филијала на Групацијата Солвеј Инвестмент во Македонија, го отвори својот годишен повик за програмата Стипендирање за музичкиот камп Солвеј. Изборен дел исто така се организира и во градови во Украина и Гватемала, каде што се лоцирани дел од фирмите на Групацијата Солвеј.

Децата на вработените во Бучим, како и ученици од уметнички групи и образовни институции, поддржани од компанијата, коишто имаат некаков талент во музика, применета уметност, етнички занает, театар, или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да учествуваат во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде од 14 – 17 години.

Стипендиската програма на Меѓунардониот Солвеј музички камп за кандидатите на младинскиот музички камп, се состои од изборен дел во два дела и се доделува од заедничка одлука на жирито. Жирито е претставувано од страна на Салцбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Одборот на Групацијата Солвеј Инвестмент. Жирито ќе ја оценува креативноста на кандидатите, нивното уметничко, театарско или музичко образование, како и комуникативните вештини, а не бројот на дипломи или уверенија што кандидатот ги има освоено.

Има вкупно 15 слободни места за областа на Радовиш во првиот дел од изборната програма. Пријавувањето започнува на 20 ноември, 2018. Крајниот рок за поднесување на пријава е 20 декември, 2018.

Во првиот изборен дел, одбраните 15 кандидати ќе треба да посетуваат 20-неделен курс по Англиски јазик, за да дојдат до вториот дел на елиминација, кој ќе биде на крајот од април, 2019 година. Кандидатите ќе се квалификуваат за втората фаза со изработка на креативна видео презентација во времетраење од 90 секунди. Видеата мора да бидат снимени на Англиски јазик, и кандидатот мора да ги презентира и покаже своите способности и таленти во некоја од уметничките дисциплини.

Двајца од најкреативните, најкомуникативните, најспособните и најталентираните финалисти ќе бидат избрани за патување во Салцбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела на Салцбуршкиот музички камп за деца и младинци, кој што ќе се одржи во август, 2019, во Австрија.

Во летото 2018, Верче Андонова и Костадин Атанасов од Радовиш ја претставуваа Македонија во Салцбург.

При нивното обраќање на кандидатите за 2019, минатогодишните стипендисти на Солвеј изјавија дека неделата што тие ја поминале во Салцбург била од големо значење за нив, исто како и сите делови од изборниот процес додека да бидат избрани за стипендисти. Тие се стекнаа со вештина и умешност да комуницираат на Англиски јазик.

Тие исто така објаснија дека зборувањето на ист јазик (Англиски) со останатите ученици и ментори во кампот им помогнало да се запознаат подобро со новите познајници, како и да ги зголемат своите креативни вештини.

За повеќе детали, како и за пријавување за Стипендијата за музичкиот камп Солвеј ве молиме посетете ја интернет страницата: 

http://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk