Како дел од програмата за стипендирање на млади таленти за музичкиот камп воведена од матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал, рудникот продолжува со поддршката на млади креативни жители на Радовиш и Конче.
Вложувањето во заедницата и нејзините граѓани, е една од главните цели на компанијата. Општествено одговорните иницијативи на Бучим се насочени кон подобрување на животот на луѓето кои живеат во заедниците во кои рудникот работи. Ние помагаме во многу различни области од животот, вклучително и образованието и развојот на младите, културата, спортот и уметноста.
Друга важна цел на социјалните активности на Бучим, е да ги негува наредните генерации на креативни таленти. Ова го правиме со создавање на контакт помеѓу новите таленти и реномирани меѓународни институции за култура, а вооедно и ги поттикнуваме и спонзорираме со учество во меѓународната програма на Солвеј за стипендии на музичкиот камп.
Десетгодишната радовишанка Јана Јованова, е премлада за да учествува во стипендиската програма, но сепак зад себе бележи бројни меѓународни успеси иако само три години свири на пијано. Таа има многубројни настапи, први награди, специјални награди и титула лауреат на државни и меѓународни натпревари, меѓу кои и на меѓународниот натпревар Антонио Вивалди во Виена. Досега има добиено над 20 први награди, а воедно е и најмладиот уметник досега кој се здбоил со “Шестоноемвриско признание” со златна плакета за посебни достигнувања во областа на културата и уметноста и афирмација на општина Радовиш.
Во изминатите години, рудникот Бучим и потпомогна за нејзините учества на неколку меѓународни натпревари, на кои младата пијанистка со својата изведба го докажа својот потенцијал. Оваа година, Бучим и обезбеди дигитално пијано, кое ќе и овозможи на Јана да продолжи да вежба и да се движи напред кон своето музичко патување.
„Поддржувајќи ги младите и амбициозни таленти во нашите локални заедници, ја стимулираме нивната способност за напредок и да послужат како пример за другите. Јана е пример за музички надарен млад човек со огромен потенцијал да стане реномиран уметник. Драго ни е што имаме можност да и обезбедиме соодветен инструмент и да одиграме барем мала улога во исполнувањето на сонот на една исклучителна млада талентирана личност.“- истакна Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш.