На 11 декември 2024 година, во хотелот Holiday Inn во Скопје, се одржа второто издание на конференцијата „The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“. Бучим и Боров Дол ја истакнаа својата посветеност кон одржлив развој и корпоративна општествена одговорност, учествувајќи на панелот „Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници“.
Панелот, модериран од Катерина Јордановска Манева, менаџер за маркетинг и односи со јавноста во Кроација Осигурување, го нагласи значењето на човечкиот капитал и локалните заедници како основа за одржлив раст. Говорниците д-р Катерина Бошевска, извршна директорка на Еос Матрих, Кристина Крстева, заменик управител за одржлив развој на Бучим – Боров Дол, и Жана Базби, психолог и бизнис консултант од Лондон, дискутираа за стратегии за корпоративна општествена одговорност, како и за улогата на образованието, обуките и поддршката на локалните иницијативи во создавањето инклузивно и просперитетно општество. Дискусијата покажа дека некои компании во Македонија веќе применуваат сериозни стратегии за инвестирање во заедницата и достигнување на глобалните ЕСГ стандарди, но се уште социјалниот аспект е занемарен, особено во делот на благосостојба и грижа за ментално здравје за вработените.
Изјава од Кристина Крстева, заменик управител за одржлив развој на Бучим – Боров Дол „Компаниите преку вложувањето во заедниците придонесуваат за развој на општеството и ја покажуваат својата општествена одговорност. Тие обезбедуваат раст и таму каде што можностите се ограничени.Со основањето на една компанија, се отвораат нови работни места, што е првиот видлив позитивен ефект. Но, она што често останува незабележано е влијанието врз развојот. Купувањето од локалното население ги поттикнува малите и микро компании да се развиваат. Технолошкиот напредок создава нова побарувачка, што им овозможува на локалните бизниси да станат независни и самостојни. Инвестициите го поддржуваат овој круг на одржлив развој, каде што секој сегмент од економијата придонесува за напредокот на другите.„Бучим-Боров Дол“ е одличен пример за примена на ЕСГ принципите, особено во вложувањето во едукацијата на своите вработени. Преку успешно комбинирање на традиционалното и современото, компанијата покажува како одговорното работење и одржливоста можат да станат дел од корпоративната култура.“
„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“ е настан што обедини лидери и визионери за споделување идеи и стратегии за иднината. Како учесници, Бучим и Боров Дол уште еднаш ја потврдија својата улога како двигатели на позитивни промени и долгорочен просперитет.