DND_0241 2

Резултати од работењето на Бучим и Боров Дол во текот на 2020 година

Бучим ДОО Радовиш 

Производствени резултати

Во 2020 година рудникот Бучим преработи 4,17 милиони тони руда (98% во споредба со  2019 година), со содржина на бакар од 0,172% (93% во однос на квалитетот на преработената руда во 2019 година) и  злато 0,197гр/т (80 % во однос на квалитетот на преработената руда во 2019 година). 

Рудникот Бучим произведува концентрат на бакар што содржи злато и сребро и чист катоден бакар.

Вкупното производство на сув бакарен концентрат во 2020 година изнесуваше 28 484  тони (91% во споредба од 2019 година), што содржи  5 903 тони бакар (91% во споредба од 2019 година), 448 кг злато (76% во споредба со 2019 година) и 862 кг сребро (92% во споредба со 2019 година). Фабриката за лужење на Бучим и во текот на 2020 година работеше ефикасно и постигна производство на 722 тони катоден бакар со квалитет 99,99% (100 % во споредба со 2019 година).

Трошоците за ремонти активности и одржување на производствените постројки и технолошката опрема во текот на изминатата година достигнаа до 3,8 милиони евра (97% во споредба со 2019 година). 

Во 2020 година рудникот започна со модернизација на производствениот процес за постигнување повисоки стандарди во производството. Инвестираше 550 илјади евра во набавка на новa NP дробилкa, која што ќе овозможи зголемување капацитетот на производство, автоматизирана и подобра контрола на процесот и намалена потрошувачка на електрична енергија. 

Вкупната вредност на инвестиционата програма, вклучувајќи ги и трошоците за заштита на животна средина, изнесуваше 1,24  милиони евра (113% во споредба со 2019 година).

Финансиски резултати 

Во изминатата 2020 година, Бучим делуваше во насока на остварување на своите цели и задачи и оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 15 милиони евра (92% во споредба со остварениот резултат во 2019 година).

Рудникот плати данок на добивка на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 1,5 милиони евра (92% во споредба со 2019 година). 

За концесискиот надоместок за употреба на минерални суровини за 2020 година, исплатени се 1 милион евра од кои 78% во буџетот на општина Радовиш и 22% во буџетот на РСМ.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во 2020 година изнесуваше 564 евра (106% во споредба со 2019 година). Во 2020 година, социјалните придонеси од плата,  се остварени во износ од 2,12 милиони евра (128% споредно со 2019 година). Додатоците за регрес за користење на годишен одмор, еднократен надоместок во вид на отпремнина на работници кои се стекнале со право на пензија и јубилејна (парична) награда на вработените  кои имаат непрекинат работен однос со рудникот во ефективно траење од 15 години, изнесуваа  220.500 евра.   

Перформанси на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG)

Во 2020 година, вкупните ESG инвестиции достигнаа износ од 472 илјади евра.

Еколошка посветеност

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина најголемо е учеството на трошоците за следењето на состојбата на хидројаловиштето (39%), потоа за  рекултивација на низводната косина на браната на хидројаловиштето (32%), редовен мониторинг на животната средина согласно А-ИЕД (23 %), постапување со отпад ( 4%) и ревизии и проценки oд трети лица од областа на животната средина (2 %) . 

Во 2020 година, проектите насочени кон заштита на животната средина вклучуваа реконструкција на системот за повратна – рециркулациона технолошка вода и изработка на проект за изградба на преливен канал. Започнати се активностите за расчитување и подготовка на земјените површини и имплементацијата на проектот ќе продолжи во тековната 2021 година. 

Квалитетот на воздухот во Бучим се следи на три мерни станици преку 24-часовни идикативни мерења на PM10 честичките. Во текот на 2020 година, нема забележано надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот.

Рудникот Бучим по реализација и исполнување на обврските од оперативниот план, годинава од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби А – Интегрирана еколошка дозвола.

Општествена одговорност

Општествено одговорните практики, како една од главните карактеристики на компанијата и врвен приоритет во својата оперативна агенда, продолжија со силен интензитет и во текот на 2020 година. Бучим обезбеди поддршка за развојот на културните и спортските друштва, предучилишните, училишните, културните, јавните и здравствените институции во општина Радовиш.

Во 2020 година, исто така рудникот продолжи да ги обезбедува со техничка вода околните села Тополница и Бучим. Вкупно, за време на извештајниот период, за ова намена се испорачаа околу 50 илјади м³ вода.

Рудникот активно се вклучи во борбата за справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија и покрај донирањето на заштитна опрема, додели и парични средства на Министерство за здравство, на здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица и на Општинска организација Црвен Крст во Радовиш. 

Безбедност и здравје

Во 2020 година, Бучим продолжи да работи во насока кон осовременување и континуиран развој на системот на безбедност и здравје при работа. Обезбедена е лична и колективна заштитна опрема за вработените, како и средства за лична хигиена.  Извршен е технички преглед на опремата и спроведени се редовни и навремени сервисирања. Исто така успешно се реализирани и обуки на 111 вработени, за подобрување на знаењета и свесноста за БЗР со конкретни резултати – без сериозни повреди и смртни случаеви за време на извештајниот период.

ISO стандарди

Во 2020 година Бучим беше ресертифициран според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015, со што се потврди работењето на компанијата во согласност со меѓународните стандарди и дека работи според водечките принципи за свесно, одговорно и одржливо управување со природните ресурси.

Развој на Боров Дол

Компанијата комплетно се посвети на извршување на сите задачи и успешно ги реализираше поставените планови за претстојното отпочнување на работа на рудникот Боров Дол.

Во 2020 година Боров Дол во потполност ја реализираше изградбата на технолошките објекти. Завршена е изградбата на транспортната лента, објектот за примарно дробење и затворено складиште за руда. Инфраструктурните објекти и помошните згради се релизирани во обем од 95%, со состојба на 31 декември 2020 година.

Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол достигна 69,5 милиони евра.

Боров Дол инвестираше 29,9 милиони евра во набавка на нова опрема и потроши 19,5 милиони евра за раскривка на рудното рело. Во 2020 година, Боров Дол ги заврши сите градежни работи, кои што достигнаа вредност од 17,1 милиони евра.

Клучни инвестиции во 2020 година

10,7 милиони евра за градежни работи (168 % во споредба со 2019 година).

14,6 милиони евра за набавка на потребна опрема (103 % во споредба со 2019 година).

7,9  милиони евра за раскривка (67% во споредба со 2019 година).

Производствени показатели во 2020 година

Во 2020 година, Боров Дол продолжи со инвестициската раскривка, при што се ископани 10 милиони тони искoпина (12,7 милиони тони во 2019 година). 

Перформанси на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG)

Вкупните ESG инвестиции во 2020 година изнесуваа 75.400 евра. Средствата беа наменети за извршување на следниве активности:

Животна  средина

Компанијата континуирано го следеше биодиверзитетот и квалитетот на животната средина во областа на концесијата. Покрај тоа, како дел од својата програма за усогласување, Боров Дол вклучи ревизии и проценки од страна на независни експерти од областа на животната средина, со цел да се следат потенцијалните ефекти и да се направат подобри еколошки одлуки за спречување на несаканите влијанија и подобрување на условите и состојбата со животната средина, како и осигурување на високо ниво на заштита на животната средина. Во текот на 2020 година, за да се зачува биолошката разновидност во околината, Боров Дол постави специјални куќарки за птици (вештачки гнезда) на повеќе локации околу концесискот простор.

Во 2020 година нема пријавено инциденти или сознанија за загадување на животната средина во концесисикиот простор  на  Боров Дол. 

Во првото тримесечје од 2021 година, Боров Дол доби А-Интегрирана еколошка средина, а до крајот на годината компанијата планира да ги имплементира меѓународните системи за управување со квалитет и управување со животната средина според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015.

Општествена одговорност

Во текот на 2020 година, Боров Дол постави нов систем за греење во локалната градинка во општина Конче, осигурувајќи дека се обезбедени сите потребни услови за современ и безбеден престој во градинката за најмладите жители. Со цел да се помогне реализирањето на наставата од далечина и да се овозможат еднакви можности за учење за сите деца,  Боров Дол набави таблети и обезбеди годишна интернет конекција за учениците од социјално загрозените семејства во Конче. Компанијата,  исто така поддржа и реставрација на 200 години стара црква во Радовиш, со цел да се зачува културното наследство за идните генерации и помогна во реконструкцијата на локалната патна мрежа во Конче, овозможувајќи полесно и побезбедно патување на локалното население. За да се осигури заштита и да се намали ризикот од ширењето на Ковид-19 вирусот,  Боров Дол обезбеди заштитни маски и антисептици за локалните жители.

Безбедност и здравје

Во текот на 2020 година, во Боров Дол нема пријавено сериозни повреди или смртни случаи при работа. 

За време на извештајниот период, вкупно 60 работници, од 101 вработени, беа дел од обуките во областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР). Основните обуки беа насочени кон обучување на вработените за оперативно и безбедно ракување со новата опрема. Компанијата ги изврши сите потребни механички и електрични тестирања на работната опрема и објектите.

DCIM100MEDIADJI_0007.JPG

Боров Дол е посветен на одржлив и еколошки развој

На 1-ви март 2021 година, oд страна на акредитирана лабораторија во присуство на надлежните органи од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршени се мерења на површински води по испуст во реципиент. Земени се примероци од водата во површинскиот водотек Пенлив Дол, притока на реката Крива Лакавица, при што  резултатите од извршените анализи покажаа дека индустриската отпадна вода која што се генерира во животната средина од рудникот Боров Дол е во граница на дозволените параметри.  

Водите од површинскиот коп на Боров Дол и водите од одлагалиштето, пред да бидат испуштени во површинскиот тек Пенлив Дол се третираат соодветно во пречистителна станица т.е. водите се подложени на третмани, при што технолошката вода по прочистувањето се испушта во површинскиот водотек Пенлив Дол. 

Нашата компанија е одговорна и отворена за соработка со сите надлежни институции на државно и локално ниво, претставници на граѓански здруженија и локалното население и сметаме дека наша должност е да се однесуваме одговорно кон животната средина и општеството во кое што работиме. Константно ги следиме сите аспекти на животната средина, редовно вршиме мониторинг  и  ги превземаме сите неопходни мерки за елиминирање на можните влијанија врз непосредната и пошироката околина на рудникот Боров Дол,” изјави Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Рудникот Боров Дол врши мониторинг на воздухот, изворите на емисии, отпадни води, подземни и површински води, бучава и почва и извештаите редовно ги доставува до надлежниот орган за животна средина. Како дел од планот за одржлив развој, Боров Дол до крајот на 2021 година планира воведување на системите за управување со квалитет и управување со животната средина според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015 и ќе започне со континуирано засадување на багреми на соодветни локации за да ја минимизира прашината од рударските активности.

Резултати од лабoраториска анализа од мостри земени на 1-ви март 2021 година:

DCIM100MEDIADJI_0004.JPG

Рудникот за бакар Боров Дол доби А – Интегрирана еколошка дозвола

Согласно Законот за животната средина на РСМ, по утврдувањето и увидот над исполнетоста на потребните услови за добивање на еколошка дозвола предвидена со законските и подзаконските акти, Министерството за животна средина и просторно планирање издаде А – Интегрирана еколошка дозвола на рудникот за бакар “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш.

А-ИЕД е во согласност со утврдените стандарди за заштита на животната средина, во која што се вклучени условите за работа, задолженијата, мерките и активностите кои што треба да земат предвид за заштита на животната средина, засновани на употребата на најдобрите достапни техники. 

Дозволата ги идентификува и опишува сите активности на инсталацијата кои што се опфатени со дозволата. Со неа се уредува работата на рудникот во делот на заштита на животната средина, како и следењето на развојот на најдобрите достапни техники кои што се релеванти за работењето на рудникот и барањата во однос на еколошките стандарди кои што треба да се воспоставуаат, применуваат и одржуваат, со цел да се намалат негативните влијанија врз околината.

“Заштитата на животната средина е еден од нашите врвни приоритети во текот на целиот животен циклус на рудникот. Рудникот Боров Дол ги почитува глобалните и националните еколошки прописи и закони и е проектиран и развиен за споредување на рудничките активности користејќи ги најдобрите достапни методи во индустриското производство, со цел да обезбеди минимално влијание врз животната средина и одржливо користење на природните богатства,” изјави Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

KV_Solway_Festival_2021_

ПОКАЖИ ГО СВОЈОТ ТАЛЕНТ – НОВ ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ НА @CREATIVE.FELLOWSHIP

Рудниците Бучим и Боров Дол, објавуваат отворен повик за пријавување на учесници во новата дигитална стипендиска програма, која што се спроведува во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал, поддржана од матичната компанија на рудниците – Солвеј Инвестмент Груп. 

Ажурираниот формат на образовната програма @ creative.fellowship е продолжение на претходната иницијатива за млади таленти која се спроведува  од 2017 година. Оваа година иницијативата го проширува географскиот опсег и покрај талентираните кандидати од Радовиш и Конче, можност за аплицирање имаат и младите талентирани деца од Штип.

Во 2021 година, како одговор на предизвиците од пандемијата Ковид-19, организаторите ги прифатија неодамнешните трендови и целосно ја редизајнира претходната програма за млади таленти, усвојувајќи го неформалното и стручно образование преку призмата на уметноста и новите технологии и креираше нова интерактивна програма прилагодена на дигиталното време, која што ќе се одвива преку платформите Zoom, WhatsApp, Miro и Notion и популарните социјални мрежи Instagram и TikTok.

Поради пандемијата со Ковид-19 и глобалните ограничувања за патување, посетата на оперскиот камп во Салцбург не е сигурна и затоа организаторите ја поставија целта, виртуелно да го донесат оперскиот камп до талентите. 2021 генерација на учесници ќе имаат можност да бидат дел од новиот дигитален формат на образовната програма, во која што покрај изучувањето на англискиот јазик, воведена e и уметничка академија со интерактивни часови по историја на уметноста и тринеделени мастер клас часови по музика, современ танц и движења, предводени од уметнички професионалци од Салцбуршкиот фестивал. Ова ново дополнување на програмата им овозможува на учесниците да  се поврзат со врвни уметнички професионалци кои ќе им го пренесат нивното искуство и  ќе ги научат како да бидат најдобри во она што го прават.

2021 CreativeFellowship претставува уникатна прилика, преку која што тинејџерите имаат можност да го покажат својот извонреден талент и добиваат шанса да бидат дел од еден голем меѓународен уметнички проект. Програмата има за цел да ги поттикне младите генерации да го развиваат својот потенцијал, да ги унапреди нивните вештини и знаења и да ги  поддржи во патот кон нивниот успех.

Креативните талентирани деца од Радовиш, Конче и Штип кои што имаат музички талент, актерски или танцувачки способности или пак цртаат, фотографираат или дизајнираат т.е. сите оние кои поседуваат каков било талент во која било област можат да се пријават да бидат дел од интернационалната онлајн образовна програма и да се здобијат со сертификат за завршен курс по англиски јазик, серификат за завршен курс по историја на уметност од iTunes University, специјализирани обуки предводени од експерти од Слацбуршкиот фестивал, викенд патување со посета на културните инситуции во Скопје, а само еден од нив – победникот, добива персонализирано патување во Салцбург и индивидуална обука со еден од менторите од стипендиската програма на Салцбуршкиот фестивал (во случај на законски ограничувања за патувања, патувањето ќе биде одложена или ќе се  реализира онлајн).

Пандемската 2020 година беше предизвик за програмата, која што  ѝ ја принуди трансформација на програмата во платформа за онлајн образование. Победниците од 2020 година ќе го имаат ветеното патување до Салцбург, кога интернационалните патување повторно ќе биде возможни и кој било од поранешните учесници е добредојден да се приклучи во новиот дигитален формат на програмата.

Повикот е отворен за сите млади креативни ентузијасти од Радовиш, Конче и Штип на возраст од 14 до 17 години. 

Вкупно 15 учесници од Северна Македонија имаат можност да бидат дел од стипендиската програма, а крајниот рок за пријавување е 8 февруари 2021 година.

За подетални информации, посетете ја веб страницата:

www.solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

AC1CE365-755B-4413-96A9-A41A2A2235CA

Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака. 

Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим. 

Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим. 

WhatsApp Image 2020-12-25 at 23.46.30

Насмевки и радост за најмладите жители на Радовиш и Конче

Во своето долгогодишно постоење, рудникот Бучим како општествено одговорна компанија, одобрувала многубројни спонзорства и донации на голем број граѓански организации и државни институции, а тоа ќе продолжи да го прави и во иднина во рамките на своите можности.

Оваа година, над 1.000 новогодишни пакетчиња беа подарени на детската градинка “Ацо Караманов” во Радовиш, на детската градинка “12-ти Јули” во Конче, на децата на вработените во рудниците Бучим и Боров Дол, на децата во домот за згрижување на деца без родители Емануел, на децата на членовите на здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност – Радовиш и на корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака. Рудниците Бучим и Боров Дол, исто така донираа и новогодишни пакетчиња на Општинската организација Црвен крст – Радовиш и на Здружението на турците за хуманитарни и културни активности Кудрет Јашам Дернеѓи.

Донациите во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, кои веќе прераснаа во традиција, имаат за цел да донесат насмевки и радост за најмладите и да им ги развеселат Новогодишните празници на децата.

“Новогодишните празници се моменти кога имаме радост, спокој, кога имаме љубов и дарувања. За најмалите овие мали подароци имаат големо значење, бидејќи без нив празниците не се комплетни и ние се трудиме да направиме празниците да бидат убави за секого,” изјави Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

 “Новогодишните пакетчиња се вистинска радост за најмалите дечиња. Важно е да им ги разубавиме празниците на децата, кои се најзначајни за секое општество и да создадеме насмевки и убави празнични моменти,” додаде Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

DSCF4530

Бучим и Боров Дол вложуваат постојано во локалните заедници

Рудниците Бучим и Боров Дол уште еднаш ја покажаа својата корпоративна одговорност на дело и направија чекор повеќе кон подобрување нa условите во установата за предучилишно образование  за децата во општина Конче.

Вредноста на вкупната донација изнесува  9.120 евра од кои 3.450 евра се обезбедени од рудникот Бучим, со кои се набавија инвертер клима уреди, додека останите 5.670 евра се од рудникот Боров Дол со кои ќе се обезбеди енергетски ефикасно греење на пелети. 

Со овие донации во детската градинка „12-ти Јули”, која е многу потребна на локалната заедница, ќе бидат овозможени сите потребни услови за современ, безбеден и безгрижен престој во градинката на најмалите жители на општина Конче. Минатата година рудникот Бучим донираше финансиски средства со кои целосно се уреди и огради дворот на градинката.

Најдобрата инвестиција е инвестиција во иднината, а тоа се децата. Ме радува тоа што што ги подобривме условите во градинката и им овозможивме на дечињата предучилишно образование во адекватни услови, како на сегашните генерации така и на многу други кои ќе дојдат по нив,” изјави Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим. 

Нашите активности секогаш се водат во корист на општеството и се стремиме кон решавање на прашањата кои претставуваат заедничка загриженост. Ќе поставиме систем за греење со кој во студените зимски денови ќе се обезбедат потопли простории за престојот на децата, “ истакна Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

WhatsApp Image 2020-11-18 at 22.09.47

Бучим со признание за посебен придонес за развојот на Радовиш

Општина Радовиш, по повод празникот 6-ти Ноември – 76 години од ослободувањето на Радовиш, на рудникот Бучим му додели признание за особен придонес за развојот на градот.

На празникот на градот 6-ти Ноември, општина Радовиш им ги додели престижните шестоноемвриски плакети и признанија на генералниот директор на рудникот Бучим, Василиј Боруцкиј и заменик генералниот директор на Бучим, Николајчо Николов, кои со својот труд, долгогодишната соработка и вложувањето во заедницата придонесоа за развојот и афирмацијата на општина Радовиш.

Рудникот Бучим ја поддржува заедницата и општеството во целина. Општествената одговорност е темелот на сите наши активности и нераскинлив дел од секој сегмент на нашето работење. Преку континуирана поддршка се стремиме да овозможиме поквалитетен и подобар живот на сегашните и идните генерации,” изјави Василиј Боруцкиј, генерален директор на Бучим.

Континуирано, почнувајќи уште од првата година на рестартирањето на рудникот Бучим, вложуваме во локалната заедница со цел да придонесеме за развој на општеството и да останат вредни дела за попросперитетна иднина на сите. Ова признание нѐ прави горди и особено среќни што заедницата во која што работиме ја препознава нашата посветеност и претставува уште еден поттик да продолжиме со нашите активности кои придонесуваат за развојот на општеството,” истакна Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

DSCF8262

Донација на ИКТ опрема за реализација на онлајн настава

Рудниците Бучим и Боров Дол донираа соодветна современа ИКТ опрема на учениците и основните училишта во Радовиш, Конче, с. Ораовица и с. Ињево, во висина од 8.400 евра за да се обезбеди непречено функционирање на образовниот систем во овие вонредни ситуации и услови предизвикани од вирусот КОВИД-19, во кои наставата ќе се одвива преку далечинско учење.

Со цел да се помогнат учениците и училиштата што е можно поуспешно да се справат со ситуацијата настаната од пандемијата, Боров Дол набави таблети и обезбеди достап до интернет за учениците од ООУ “Гоце Делчев” од социјално загрозените семејства од општина Конче, додека пак Бучим донираше компјутерска опрема за потребите на основните училишта “Крсте Петков Мисирков” – Радовиш, “Кирил и Методиј” – с. Ораовица и “Орце Николов” – с. Ињево.

Со оваа донација, рудниците придонесуваат за обезбедување на услови за реализирање на наставата од далечина и услови за учениците да можат да ја следат онлајн наставата во тековната учебна година.

Поддршката на образованието е дел од нашата социјална политика и ние постојано инвестираме во развојот на оваа област, со цел да им помогнеме на младите да се развиваат и образуваат, обезбедувајќи поддршка на училштата кога и да имаат потреба, а особено сега, во време на корона кризата кога им е најпотребно,” изјави Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

Образованието е важен сегмент за развојот на општеството и ние ја препознаваме важноста за поддршка и соработка со нашето општество и свесно ги идентификуваме областите на кои што е потребно да се фокусираме. Имајќи ги предвид настанатите промени во одвивањето на наставните програми и фактoт, дека има ученици кои немаат дигитални уреди и интернет пристап за следење на онлјан наставата, обезбедивме техника која е неопходна за одржување на задолжителната онлајн настава и создадовме еднакви услови за учење за сите деца, ” истакна Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Screen Shot 2020-09-22 at 15.17.35

Бучим доби А – Интегрирана еколошка дозвола

Рудникот за бакар ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш по реализација и исполнување на обврските од оперативниот план, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби А – Интегрирана еколошка дозвола.

Со добивањето на интегрираната еколошка дозвола, се покажува дека рудникот Бучим ги задоволува сите стандарди на локално и светско ниво и целосно се обврзува да ги почитува и следи барањата од државата во однос на еколошките стандарди кои треба да се исполнуваат и неговата подготвеност за преземање на сите потребни мерки за да се сведи на минимум влијанието врз животната средина. 

Доделувањето на А – Интегрираната еколошка дозвола е резултат на имплементираниот оперативен план на рудникот и примената на највисоките стандарди за заштита на животната средина која рудникот ќе продолжи да ги применува и во иднина. Во оваа еколошка дозвола се опфатени и наведени сите услови за работа на рудникот за одржување на највисоко ниво на контрола на можното негативно влијание на компанијата врз животната средина. Одредени и проценети се условите за работење на рудникот предвидени со македонското законодавство, почнувајќи од најдобрите достапни техники за работа, начинот на вршење на мониторинг,  контрола на процесот на производство, управување со отпадот, па сè до затварање и конзервирање на инсталацијата.

А-Интегрираната еколошка дозвола е потврда за нашите досегашни напори и вложувања во областа за заштита на животната средина, усогласеност со стандардите, а воедно претставува и гаранција дека и понатаму ќе продолжиме со примена на највисоките стандарди за заштита на животната средина, “ истакна Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.