Радовиш, 24 април 2026
Претставници на синдикалната организација од рудникот Бор, Zijin Bor Copper, Република Србија, остварија работна посета на ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш, насочена кон размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу двете страни.
Во рамки на посетата, преку состаноци и теренски активности беше овозможен увид во организацијата на работните процеси, примената на мерките за безбедност и здравје при работа, како и во практиките на синдикално делување.
Програмата опфати работен состанок со презентација на работењето на Бучим, по што следеше обиколка на работните капацитети. Делегацијата се запозна со техничките процеси, опремата, условите за работа и примената на мерките за безбедност и здравје при работа.
Во текот на разговорите беа отворени прашања поврзани со правата и обврските на работниците, безбедноста и здравјето при работа, како и актуелните предизвици во рударскиот сектор, при што беа разгледани конкретни пристапи и решенија во работењето.
Ваквиот вид на соработка придонесува за размена на знаења и унапредување на добрите практики во рударството, со фокус на подобрување на безбедноста, работната организација и вкупните услови за работа.
Посетата претставува дел од воспоставената соработка помеѓу синдикалните организации во рударскиот сектор, во која е вклучена и синдикалната организација Бучим при СИЕР, насочена кон размена на искуства и унапредување на практиките.
Оваа соработка отвора можности за понатамошна размена на знаење, зајакнување на партнерствата и континуирано унапредување на работните стандарди.





