WhatsApp Image 2024-05-31 at 13.17.33 (4)

За Денот на пролетта засадени 1.500 садници околу рудникот Боров Дол

Четириесет посветени волонтери, вработени во рудниците Боров Дол и Бучим за Денот на пролетта засадија 1.500 садници, пошумувајќи површина од приближно 9.000 квадратни метри околу рудникот Боров Дол. Оваа иницијатива е дел од стратегија за животна средина на рудникот Боров Дол, преку која со активно вклучување на вработените во акциите за пошумување, компанијата поттикнува култура на поздрава животна средина и ангажман за развојот на  заедницата.

Александар Раков, управител на рудниците Боров Дол и Бучим, ја истакна важноста од тековните еко-акции, велејќи: “Во Боров Дол и Бучим, еколошката одговорност и принципите на ЕСГ вредностите се длабоко вградени во нашето работење. Оваа иницијатива за садење дрвја е дел од нашите континуирани напори за позитивно влијание врз животната средина и заедницата. Планираме уште една акција за садење дрвја наесен.  Нашата цел е да создадеме одржлива и просперитетна иднина”.

Марина Санева, инженер за животна средина во Боров Дол: „Пошумувањето е од витално значење за одржување на еколошката рамнотежа и подобрување на биолошката разновидност. Оваа акција е јасна демонстрација на нашата посветеност за одржлив развој и нашиот проактивен пристап кон грижата за животната средина. 

Еко-акциите на рудниците се дел од годишна агенда, одразувајќи ја посветеноста за минимизирање на влијанието врз животната средина, вклученоста вработените во иницијативите на компанијата и одговорното работење. Овие иницијативи не само што го зачувуваат биодиверзитетот и ги обновуваат природните живеалишта, туку и ја подигнуваат свеста за грижата за животната средина, како кај вработените, така и кај локалните заедници.

Набавка на електрична енергија

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ и ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш, имаат потреба да склучат Договор со компанија за набавка на електрична енергија. Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда. 

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со следните услови и критериуми.

Повеќе за тендерот

MacedonianFacebook Event copy

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ ТАЛЕНТИ: КРЕАТИВЕН ПРЕДИЗВИК

КРЕАТИВЕН ПРЕДИВИК: КАЖЕТЕ им на вонземјаните ШТО НЕ ПРАВИ ЛУЃЕ?

Истражете ја богатата таписерија на животот и „длабочините на човечкото срце“ создавајќи одлични уметнички дела за книгата на човештвото.

КНИГАТА НА ХУМАНОСТА

Хуманоста е особина да се биде љубезен, внимателен и сочувствителен кон другите.

Хуманоста е нешто што не можете да го научите насилно, таа доаѓа од внатре. Концептот на љубов и грижа за другите луѓе е прашање на емоции и чувства. Кога можеме да ја изразиме нашата хуманост преку љубов, добрина и позитивна интеракција со другите луѓе, стануваме посреќни, поздрави и подобри луѓе.

КРЕАТИВЕН  ВОВЕД

Замислете дека сте член на екипажот на вселенски брод кој штотуку извршил итно слетување на непозната планета. На вашиот вселенски брод му требаат некои поправки, а на вашата екипа и треба засолниште, вода и храна. Група локални жители ви приоѓаат со љубопитност и претпазливост. Вашите членови на екипажот доаѓаат од сите можни етнички потекла, земји и верувања. Заедно верувате дека сите луѓе се дел од поголем универзум и можат да сплотат и заеднички едни со други да живеат  како дел од една раса – човечката раса. За да ја објасните причината за вашето пристигнување и да побарате помош, треба давоспоставите комуникација со локалните жители. Вашиот единствен начин на комуникација со домаќините е визуелизација: цртање, скицирање, снимање, фотографирање, колажирање, дигитални слики итн.

Ајде да создадеме заедно книга за човештвото што можете да им ја претставите на вашите нови вонземски пријатели!

Изберете една тема и кажете им на вонземјаните преку вашите уметнички дела какви традиции, свети места, историски знаменитости или културни обележја имате во вашиот регион поврзани со следните теми:

Љубов

Еден од даровите на човечките суштества е нашата способност да сакаме. Ги сакаме нашите семејства. Ги сакаме нашите пријатели. Ја сакаме нашата заедница, нашата нација и нашиот свет. Како ја славите љубовта во вашата култура? Како ги прославувате браковите? Дали има некои посебни костими, украси за домот, ора или храна што е конкретно поврзана со свадбените прослави?

Дали имате свети места каде што можете да одите за да оставите мали знаци на љубовта како обоени ленти, потпишани катанци, посебен вид на цвеќе…

Дали во басните од вашиот регион имате некое самовилско суштество или вештерка што може да помогне да се маѓепса предмет на восхит или напротив да ослободи некого од љубовта?

Љубезност

Љубезноста е она што не прави луѓе и ја дефинира нашата хуманост. Љубезноста вклучува правење добри дела за да им се помогне на другите луѓе. Љубезноста како сила нè прави дарежливи и сочувствителни кон другите. 

Како избирате да покажете љубезност?

Дали некој ви направил нешто добро?

Кога размислувате за тоа што значи за вас љубезноста, кои зборови или постапки ви паѓаат на ум?

Како се чувствувате кога некој е љубезен кон вас?

Каква боја е ова чувство?

Социјална интелигенција

Социјалната интелигенција е способност на една личност да ги разбере и управува односите со другите луѓе. За да бидеме социјално интелигентни, треба да бидеме свесни за нашите сопствени мотиви и емоции, како и да знаеме за чувствата и желбите на другите. Социјалната интелигенција ја зголемува нашата човечност. 

Во вашата култура кои традиции, ритуали или емоции се поврзани со свадби, погреби, раѓања, победи или загуби? 

Кои традиционални игри се играат за време на празниците во вашата култура? Што значи да се биде пријател? Како ги поздравувате вашите пријатели? Дали се ракувате, се гушкате, се поклонувате или се бакнувате во образ?

Технички барања:

Сликарство, фотографија, илустрација/цртеж, дигитална слика

Прифатени се и дигитални цртежи (мин. резолуција од 300 dpi). 

A4 29,7 x 21,0 cm 3508 x 2480 пиксели

A3 42,0 x 29,7 cm 4961 x 3508 пиксели

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

За да се квалификуваат, учесниците треба да бидат на возраст од 11 до 18 години. Испратете ги вашите уметнички дела до 22 март 2024 година на е-адреса art@creativefellowship.org

Уметноста треба да ја промовира визијата на креаторите за тоа што го прави човекот човек и да ги следи креативните кратки упатства. Секој поднесок го разгледува персоналот за да се увери дека е соодветно и не промовира омраза, расизам, сексизам или насилство.

Ќе бидат избрани 40 уметници кои ќе учествуваат на хуманитарната изложба на тема „КНИГАТА НА ХУМАНОСТА“. 14 најдобри дела ќе бидат избрани со онлајн гласање и ќе бидат вклучени во Календарот за добротворни уметнички дела за 2025 година.

Секој учесник на изложбата ќе добие отпечатен календар за 2025 година со објавување на 14-те најдобри дела, избрани при отвореното онлајн гласање на профилот на Instagram @creative.fellowship.

Апликациите се прифаќаат до 22 март 2024 година.

Јавно онлајн гласање:

22 март – 29 март, 2024 

1 јуни 2023 година – објавување на победниците и промоција на онлајн изложба

Добротворна изложба 15 јули – 3 август, 2024

Партнери: Монте Јазично училиште (Бразил), Атитуде Студиос Виена (Австрија), Побужски Фероникел (Украина), Општина Радовиш (С.Македонија), Дијалог училиште Ле Сали (Франција), Театар Студио Молиер (Австрија)

Според Афшан Кан, регионален директор на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија,

речиси две третини од украинските деца се раселени внатре или преку граница како бегалци. Децата бегалци, раселени и мигранти често страдаат од „повредена самодоверба и намалена културна гордост“. Веруваме дека преку уметничките проекти Creative Fellowship и нашите соработници можеме да ја подигнеме свеста за актуелната хуманитарна криза и дадеме морална поддршка за децата и младите во ризик. Со вклучување на децата и младите во уметничкиот предизвик КНИГА НА ХУМАНОСТА на меѓународно ниво, ние би сакале да промовираме храброст и инспирација, да промовираме нови познанства и да инспирираме желба за подобар живот меѓу оние кои треба да бидат поддржани.

Изложбата Ready-to-Print може да биде отпечатена од која било институција (училиште, студио за танц, театар или дури и фризерски салон!) насекаде во светот за да се покаже солидарност со младите луѓе кои живеат живот во предизвикувачки ситуации.

*ВО ПОДДРШКА НА РАСЕЛЕНИ ДЕЦА

WhatsApp Image 2024-02-20 at 11.17.14

Рудникот Бучим донираше ИТ опрема за поддршка на мисијата на Донирај компјутер

Рудникот Бучим се приклучи на иницијативата „Донирај компјутер“, демонстрирајќи ја својата посветеност на принципите на животната средина, социјалното и корпоративното управување (ESG) со донација од 250 парчиња на ИТ опрема.

Хуманитарната акција на „Донирај компјутер“, се фокусира на собирање на половни компјутери и опрема, нивно обновување и дистрибуирање до граѓаните од ранливите категории. Покрај помагањето на социјално загрозените поединци, организацијата укажува поддршка и на образовните институции. До денес, тие имаат позитивно влијание на над 2.500 поединци и 30 училишта низ целата земја. Покрај ова, во поправањето на донираната опрема активно учествуваат и ученици од средните училишта, со што на младите им се нуди можност за стекнување на практични вештини. 

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол, ја изрази посветеноста на компанијата за оваа социо-хуманитарна кауза, изјавувајќи: „Нашето учество во иницијативата на „Донирај компјутер“ ја претставува нашата посветеност за искористување на технологијата за општествено добро, промовирање на дигиталната писменост и поттикнување на инклузивен раст во заедниците на кои им служиме. Донација од околу 250 парчиња ИТ опрема, вклучувајќи компјутерски куќишта, монитори, лаптопи, тастатури, печатачи, скенери, рутери за WIFI и многу повеќе, е опиплива манифестација на нашата посветеност на поддршката на иницијативата на Донирај компјутер на дигитална инклузија за децата во Македонија“.

„Донирај компјутер“ е непрофитна, невладина организација која се труди секое семејство во Македонија да има пристап до барем еден компјутер. Препознавајќи ја суштинската улога на компјутерите во учењето, организацијата поправа и донира искористена, но оперативна компјутерска опрема, со примарен фокус на поддршка на децата од социјално ранливи средини.

Преку овој придонес, Бучим се надева дека ќе придонесе кон исплнување на пошироката цел на „Донирај компјутер“ да го премости дигиталниот јаз во Македонија. Иницијативата се стреми да ги зајакне децата обезбедувајќи им ги потребните алатки за учење, нагласувајќи дека компјутерот не е луксуз, туку клучен образовен ресурс.

Преземање на неопасен отпад

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ и ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш, имаат потреба да склучат Договор со компанија за преземање на неопасен отпад.

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда.

Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со следните услови и критериуми

Повеќе за тендерот

Калибрација на ваги

12.02.2024

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ и ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш, имаат потреба да склучат Договор со компанија за калибрација на ваги.

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда. Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со следните услови и критериуми

Повеќе за тендерот

Снабдување со гориво

05.02.2024

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ и ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш, имаат потреба да склучат Договор со компанија за снабдување со гориво.

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди до ДПТУ Боров Дол на е-адреса tender@borovdol.mk за да биде направен избор на најповолна понуда. Сите заинтересирани страни што ќе достават понуда, треба да бидат запознаени со следните услови и критериуми

Повеќе за тендерот

PIC_8170

Бучим со традиционалната хуманитарна акција: Дарување за среќни Божиќни празници

Како продолжение на многугодишната божиќна традиција, Бучим и годинава ги посвети празничните  денови на дарување према социјално ранливите жители од локалната заедница. 

Во првите денови од 2024 година, Бучим реализираше соработка за хуманитарни цели со Општина Радовиш и Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Радовиш. Оваа  хуманитарна акција поттикната од рудникот се спроведува веќе четврта година е со цел да им се помогне на граѓаните за време на божиќните празниците. Бучим како општествено  одговорна компанија се труди да им ја збогати трпезата на граѓаните од социјално ранливата категорија, со тоа што донираше на 100 смејства пакети со прехранбени продукти и намирници за подготвување на храна. Пакетите беа распределени од страна на претставници на Општина Радовиш,  Црвен крст Општинска организација Радовиш и претставници на Бучим и Боров Дол, до оние семејства на кои им се најпотребни.

Ова традиционална акција е израз на нашата грижа кон заедницата. По повод на Божиќните празници го посетивме семејствата од социјален ризик и  им доделивме пакети со прехранбени производи за да можат да го прослават празникот со полна трпеза. Рудникот Бучим и понатаму ќе продолжи да ги помага оние семејства на кои им е навистина потребна помош.” изјави Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол.

WhatsApp-Image-2024-01-12-at-03.25.31-5

Во пресрет на новогодишните празници, рудниците Бучим и Боров Дол ги отворија вратите за децата на вработените

Бучим и Боров Дол за прв пат во своето работење ги отворија вратите за семејствата на вработените и беа домаќини на незаборавниот настан „Дружба со Дедо Мраз“, пружејќи им топло добредојде на дечињата на своите вработени.  Настанот се одржа на 30.12.2023 во новогодишниот амбиент на делокругот на Бучим и Боров Дол.

Децата на вработените, со многу насмевки и радости уживаа во доделувањето на новогодишни пакетчиња од страна на Дедо Мраз. Весела и разиграна атмосфера, многу насмевки и дружење, владееше во Боров Дол и Бучим. Повеќе од 70% од вкупниот број на децата на вработените беа присутни на настанот во која уживаа и се радуваа и децата и вработените. Покрај забавните игри со аниматорите, сесиите на фотоштандови, цртање на лице со маскоти и подароци од Дедо Мраз,  децата има можност да запознаат нови другарчиња, да создат нови пријателства, а истовремено да се запознаат со дел она што го работат нивните родители, разгледувајќи дел од рударските машините на специјално организираните тури што ги водеа група на вработени волонтери. 

Вработените во рудниците заедно одлучуваа за активностите, концептот и идејата на настанот. Беа охрабрени нивните мислења за тоа како треба да се одвива настанот и потенцијалните иновации, воведувајќи нова традиција на славење на празничната сезона на работното место со семејствата. “Дружба со Дедо Мраз“ е светол пример за корпоративната општествена одговорност и вредностите за еколошко, социјално и корпоративно управување (EСГ), оцелотворувајќи го духот на компанија која се грижи за своите вработени и нивните семејства.

Среќата на децата на нашите вработени е и наша среќа. Негуваме култура на работното место опфаќајќи ја суштината на семејството и заедништвото. Ова беше прв, но не и последен пат кога ќе го обединиме нашето големо семејство за еден заеднички и несекојдневен настан”, изјави Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол

Линк до видео со инсерти од настанот: https://youtu.be/4RdMyXLw2Pg

WhatsApp-Image-2024-01-12-at-03.14.37

Боров Дол ја продолжи традицијата на новогодишни донации во општина Конче

Боров Дол, како општествено одговорна компанија  и цврст застапник на принципите на управување во рамките на ЕСГ (еколошко, општествено и корпоративно управување), ги објавува неодамнешнитеактивности за поддршка на локалната заедница за време на празничниот период. 

Како дел од својата постојана заложба за поттикнување на одржлив раст и развој на заедницата, рудникот по повод новогодишните празници на боречкиот клуб Бучим Шампиони Конче донирашепатничко возило-комбе. Овој придонес има за цел да ја подобри оперативната ефикасност на клуботи да ги олесни транспортните потреби неопходни за развојот на младите надежни спортисти во Општина Конче. Гестот ја одразува посветеноста на Боров Дол за поддршка на воннаставни активности за децата во регионот.

Заменик управителот на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров,  го изрази својот ентузијазам за придонесот, изјавувајќи:  „Спортот има моќ да го обликува карактерот и да всади вредни животни вештини. Инвестирањето во развојот на нашата младина е инвестиција во иднината. Имаме за цел да ги поттикнеме младите спортисти да ја следат својата страст со поголема посветеност и да го достигнат својот целосен потенцијал“.

Покрај донацијата на патничко возило на локалниот боречки клуб, рудникот Боров Дол и годинава ја продолжи својата традиција да им донесе радост за време на  новогодишните празници на дечињата од социјално загрозените семејства во Општина Конче. Рудникот им подари новогодишни пакетчиња на децата од овие семејства, носејќи топлина и среќа за време на празничната сезона.  Исто така беа доделени новогодишни пакетчиња на сите деца во градинката Детска градинка „12 Јули“  во Конче, како и на најмладите членови  од боречкиот клуб “Бучим Шампиони Конче’. 

Ние веруваме во создавање вредност не само за нашите акционери, но и за заедниците  во кои што работиме. Овие општествено одоговорни активности ја  одразуваат нашата посветеност на принципите на ЕСГ и ја нагласуваат нашата определба да направиме позитивно влијание врз општеството”, додаде Александр Раков,  управител на рудниците Бучим и Боров Дол.