1635428513178786

Известување за настанат дефект во Бучим

Радовиш, 22.10.2021 – Денеска, во 08:45 часот, во рудникот Бучим се случи дефект на капак на цевковод, кој што предизвика краткотрајно истекување на мала количина на флотациска јаловина во Тополничка река.

Стручните екипи на рудникот, веднаш реагираа за итно решавање на дефектот, при што истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана. Дефектот е решен и во моментот исчистено е речното корито на реката во Тополница.

Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и од А-Интегрираната еколошка дозвола, за настаната ситуација известенo e Министерство за животна средина и просторно планирање и повикани се надлежните органи од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Во тек е увид на лице место од страна на Државен инспектор за животна средина. 

viber_image_2021-10-19_17-01-41-518

Теренски увид за работењето на Боров Дол

Со цел запознавање на медиумите и пред се засегнатата јавност со работата, правата и обврските на ДПТУ Боров Дол ДООEЛ Радовиш Ве информираме дека на 18.10.2021, oд страна на надлежните органи од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршен е вонреден инспекциски надзор врз основа на поднесена пријава за протекување.

На посочените локации извршен е вонреден теренски увид, при што во присуство на надлежните органи земени се примероци од водата во површинскиот водотек Пенлив Дол за утврдување на фактичката состојба со присуство на загадувачки материи во водата, односно за проверка на потенцијалната контаминација  од работењето на рудникот Боров Дол. Мострите се доставени на лабораториски испитувања во акредитирани лаборатории,  а наодите од анализите ќе бидат благовремено доставени до надлежните органи и јавноста.

Во досегашното работење на рудникот Боров Дол не се случил еколошки инцидент. Работните активности на рудникот се одвиваат во согласност со утврдените норми и стандарди од системот за заштита на животната средина според А-Интегрирана еколошка дозвола, во која што се вклучени условите за работа, задолженијата, мерките и активностите кои што треба да земат предвид за заштита на животната средина. Рудникот континуирано врши мониторинг на влијанијата врз животната средина и во своето работење се однесува внимателно и одговорно, со цел за да се избегне и спречи загадувањето на животната средина.

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш е одговорна компанија која што е отворена за соработка со сите надлежни институции на државно и локално ниво, како и за комуникација со претставниците на граѓанските здруженија и локалното население, а воедно им стои на располагање и на медиумите, за какво било појаснување или одговор во секое време.

1635428513178786

Официјална изјава на ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш односно настан несреќен случај

На 13.10.2021 година во 11:43 часот, во рудникот за бакар “Бучим” ДОО Радовиш, во работната единица флотација се случи несреќен случај, при што две лица се починати.

Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб ПЛОЧА –  Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи –  чистење на високо недостапни силоси.  На лице место на несреќата, медицинскиот персонал на Бучим веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и лицата се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница –  Штип, каде што е констатирана смрт.

Известени и повикани се на лице место сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид. Службите за итни случаи и одговорните служби во моментов вршат истрага. Бучим целосно соработува во овој процес. Формирана е и комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени, веднаш штом ќе бидат достапни наодите.

“Бучим” ДОО Радовиш искажува искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на починатите лица. 

DSCF8262

Боров Дол создава услови за инклузивно и квалитетно образование

Рудникот Боров Дол е насочен кон подобрување на квалитетот на живот на населението од заедницата во која делува и преку своите активности се стреми да ги задоволи потребите на денешните и да обезбеди одржливост за идните генерации. Преку своето делување работи во насока кон исполнување на поставените цели за одржлив развој, со што особен акцент поставува на создавање на услови за развој на квалитетно образование.

За почетокот на новата учебна година, која што започна денес, на 1ви септември, рудникот донираше соодветна техничка опрема за успешно следење на наставната програма во ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Конче. Следејќи ги глобалните развојни процеси во однос на унапредувања на образованието во согласност со потребите на наставната програма, денеска беа доставени четири интерактивни табли со кои што ќе се придонесе кон унапредување на образовниот процес. Интерактивните табли ќе овозможат поефективно спроведување на наставната програма преку нов и современ начин на одвивање на часовите, со тоа што наставниците на интерактивен ќе ја доближат наставната програма до учениците и ќе го заменат класичниот начин на предавање.Донацијата е во вредност од 128 илјади денари.  

Современото општество бара современ систем на образование, кој некогаш зависи од можностите и капацитетите со наставни помагала во училиштата. Имајќи го во предвид значењето на образованието, нашето внимание го насочивме кон тоа да обезбедиме инклузивна и ефективна средина за сегашните и идните генерации на ученици. Со оваа донација создадовме услови за квалитетен воспитно-образовен процес во училиштето, овозможувајќи примена на современи методи на учење кои одговараат на барањата на современиот образовен процес.  ,” изјави Павло Кривинскиј, генерален директор на рудникот за бакар Боров Дол.

Рудниците Боров Дол и Бучим се залагаат за поддршка и унапредување на образованието во заедниците во кои што делуваат. Во нивното работење, постојано вложуваат и ги потпомагаат училиштата за унапредување на образовниот процес. Изминатата година,  во која што наставата се одвиваше онлајн, рудниците обезбедија таблетии достап до интернет за учениците и  компјутерска опрема за училиштата во Радовиш, Конче, с. Ораовица и с. Ињево, со  цел да се обезбеди непречено функционирање на образовниот систем во услови предизвикани од вирусот КОВИД-19.

IMG_6470

Бучим и Боров Дол свечено го одбележаа Денот на рударите

Денеска, на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, која воедно е и заштитничка на рударите, рудниците за бакар Бучим и Боров Дол во Радовиш на пригоден начин го одбележаа празникот – Денот на рударите во Република Северна Македонија.

На денот во кој се чествува рударската професија, рудниците за бакар Бучим и Боров Дол на сите свои вработени им доделија парични награди, во чест за нивното залагање и нивната посветеност, а на најдобрите рудари, признанија и специјални парични награди за нивниот особен придонес помеѓу двата празника. 

Наградите ги доделија генералниот директор на рудникот Боров Дол, Павло Кривинскиј и  генералниот директор на рудникот Бучим, Олег Чусовитин, нагласувајќи ја важната улога која рударите ја имаат во нашето општество. 

Секоја професија е почесна, но рударската професија заслужува посебна почит и признание. Без рударите немаше да имаме доволно електрична енергија или доволно греење, особено во денешно време кога овие работи се земаат здраво за готово, и никој не се прашува кој им го обезбедува сето тоа. Потребно е само да погледнеме околу себе и ќе сфатиме колку удобности од нашиот живот зависат од минералите извлечени од земјата. Рударите се причина што живееме лесно и удобно. Ви благодариме за сè што правите за нас! На сите наши вработени и колеги во рударската индустријата, им го честитам нашиот професионален празник Денот на рударите и им посакувам здравје, среќа и благосостојба. Нека е за многу години овој празник. Среќно!”, изјави Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Во своето обраќање пред присутните, генералниот директор на рудникот Боров Дол, Павло Кривинскиј,  рече: ”Би сакал прво накратко да се осврнам на инвестицијата која го продолжува животниот век на Бучим. Поради исцрпување на рудните резерви, наместо неизбежното целосно затварање на Бучим на почетокот на 2021 година е изграден и отворен Боров Дол, со што се задржаа работните места на вработените, се создадоа нови работни можности и се продолжи  традиција на рударство. За релативно краток период, успеавме да изградиме современ рудник, развиен во согласност според сите стандарди кои обезбедуваат одговорно и одржливо рударството.  Во изминатиов период сите заедно работевме неуморно и одговорно и не дозволивме рударството во овој крај да згасне. Сите вие ​​стоите зад овој наш успех.  Благодарност до сите вас, горди сме на она што заедно го постигнавме! Овој празник е повод да се гордееме со луѓето што ја претставуваат рударската индустрија.Д енот на рударите е симбол на сплотеноста, храброста и вложениот труд, затоа им се заблагодарувам на сите рудари за нивната неуморна посветеност и нивната работа. Длабок поклон!”.

Во чест на рударскиот празникот, покрај свеченото доделување на наградите, на општините Радовиш, Конче и Штип, на чија територија работат двата рудника, Бучим и Боров Дол доделија на секоја општина финансиски средства во висина од по 5.000 евра. Воедно, на големиот христијански празник  Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на сите рудари и на сите луѓе и на сите жители на Република Северна Македонија, во знак на благодарност кон Богородица, заштитничката која што ги штити сите рудари, рудниците обезбедија  финансиски поддршка во висина од 4.000 евра, на Манастирот Света Богородица Пречиста во Кичево, за довршување на изградбата на започнатата манастирска чешма со покривање на кровот со бакар, со што на еден симболичен начин се поклонуваат пред заштитничката на рударите.

Официјалната свеченост се одржа во новоотворениот рудник за бакар Боров Дол, на отворено, со ограничен број на присутни, почитувајќи мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. На манифестација, покрај рударите и почесните гости,  присуствуваа и градоначалниците на Општина Конче, Благој Илиев, на Општина Штип, Сашко Николов и на Општина Радовиш, Герасим Конзулов.

WhatsApp Image 2021-08-24 at 21.34.02

Посветени на поддржување и обезбедување на подобар живот на локалните жители

Од денес, селата Бучим и Тополница ќе се снабдуват со чиста вода за пиење. Рудниците Бучим и Боров Дол се погрижија за непрекинато снабдување со питка вода на населението во соседните села. 

На жителите им е овозможено достапност на исправна и чиста вода за пиење, со тоа што и во двете села се доставува питка вода од цистерна. Со овој чекор, се олесни потешкотијата на селаните коишто секојдневно патуваа до Радовиш, за да дојдат до чиста вода.  Снабдувањето на населението со питка вода и решавањето на недостигот на вода за пиење во селата Бучим и Тополница e приоритетен сегмент во програмата за одржлив развој на рудниците. Во таа насока, рудниците посветено делуваат за надминување на овој проблем, а во меѓувреме, обезбедена е секојдневна дистрибуција на питка вода до населението и на двете села. 

Започнати се истражувања за пронаоѓање на извори на вода, која што е погодна за пиење, за кои што рудникот Бучим одвои 50.000 евра и во скоро време Општина Радовиш ќе  може да започне со реализација на проектот за изградба на водоводна мрежа за снабдување со вода за населените места Бучим и Тополница. Со ова ќе биде решен проблемот со недостаток на вода за населението од овие села и сите домаќинства ќе имаат пристап до безбедна и достапна вода за пиење.  

Работиме на решавање на проблемот на жителите на селата Бучим и Тополница, кои што немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење. Деценискиот проблем на жителите на селата Тополница и Бучим, се предвидува во скоро време да биде перманентно решен, со тоа што ќе се постави водоводен систем и ќе имаат достап до здравствено исправна и чиста вода за пиење. Во тек се истражувања за пронаоѓање на питка вода и се обидуваме да го обезбедиме тоа на најдобар начин, за да можат соседните села да имаат стабилизирано снабдување со чиста вода,” додаде Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

WhatsApp Image 2021-07-13 at 17.32.09

Поддршката на развојот на заедницата е срцевината на корпоративната стратегија на Бучим и Боров Дол

Посветеноста кон константното унапредување на квалитетот на животот на жителите на локалните заедници е длабоко втемелена во принципите на деловното работење на рудниците. Бучим и Боров Дол имаат високоизградена корпоративна општествена одговорност и континуирано се грижат за заедниците во кои што работат. 

Со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на услугите кои здравствените и комуналните институции ги нудат кон жителите на општините Радовиш и Конче, рудниците Боров Дол и Бучим донираа амбулантно возило и булдожер за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш и ЈП Плаваја. Овие донации ќе  овозможат зајакнување на капацитетите на општинските институции и ќе бидат од корист за целата заедница.

Денешната донација е уште една потврда за нашата заложба кон создавање на подобри услови за живеење во општеството во кое што делуваме во целина.  Работиме во насока на подобрување на квалитетот на животот на жителите и создавање на долгорочен одржлив развој,” – истакна Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Деловните операции на рудниците се водат според стандардите за еколошко, општествено и корпоративно управување, кои што се важен сегмент во системот на остварувањето на целите за долгорочен одржлив развој на заедниците. Во текот на изминатите години, рудникот Бучим реализираше бројни донации за подобрување на јавните услуги во областа на здравството и комуналните дејности, почнувајќи од донирање на техничка и медицинска опрема, инфраструктурно подобрување на здравственaта установа, обезбедување на камион за собирање и транспорт на комунален отпад.

Нашето работење е затемелено пред сè врз постојаните напори да придонесуваме за доброто на заедницата во која што живееме и работиме. Општествената одговорност е значаен дел од нашата корпоративна стратегија и фокусирано работиме кон подобрување на условите во областите за кои општинските институции имаат потреба од поддршка,” – додаде Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

IMG_0038

Бронштејн: Рударството не може да продолжи според старите правила и навики

Господине Бронштејн, од 2005 година, Солвеј инвестмент груп е дел од бизнис-заедницата во Северна Македонија. Од денешна перспектива, по толку долго време, како ги оценувате резултатите од Вашите инвестиции?

Д. Бронштејн: Исклучително позитивно. Во сите овие години наназад, уште од самиот момент на рестартирање, Бучим работеше стабилно и ги надмина нашите очекувања во однос на рудните резерви и ефикасноста на производството. Главниот фактор што влијае врз успехот на компанијата е поддршката од страна на локалното население, квалификуваниот и мотивиран персонал и извонредното производство.

Со кои предизвици се соочивте во изминативе години и кои се Вашите деловни достигнувања за кои најмногу сте горди?

Д. Бронштејн: Во однос на нашето работење во Северна Македонија, горди сме што, наспроти генерално зголемената претпазливост кон рударската индустрија, нашата компанија доби општествено и правно одобрување за развој на рудното наоѓалиште Боров Дол. Имаме поддршка од населението, од општинските власти и од централната власт. Ако зборуваме за предизвиците, тогаш не може, а да не се споменат временските одложувања за подготовката и спроведување на целокупната техничка документација за изградба на новиот површински коп и транспортната лента, како и нивно одобрување од страна на надлежните органи. Исто така се соочивме и со некои потешкотии за време на процесот на пуштање во работа, што не ни дозволи да го исполниме нашиот крајно амбициозен план за започнување со производството од Боров Дол во 2020 година. Но, сите овие отстапувања беа компензирани од одличната продуктивност на површинскиот коп во Бучим изминатава година, така што производствениот погон за флотација секогаш беше 100 % снабден со руда.

Солвеј е меѓународна компанија која успешно управува со повеќе компании во различни земји. Како го оценувате деловното опкружување и потенцијалот на Северна Македонија во однос на развојот на рударската индустријата?

Д. Бронштејн: Северна Македонија е земја со долгогодишна рударска традиција. Рударската професија на Македонците им е многу добро позната и е од големо значење. Цели генерации на рудари постојат овде. Тоа е она што ја разликува вашата земја од другите земји каде што е присутен Солвеј, во кои професијата рудар или металург не е традиционална. Во Бучим имаме исклучително мал процент на флуктуација на вработени, одржлив социо-економски развој и затоа бизнисот е стабилен. Сметам дека рударската индустрија во вашата земја ќе продолжи успешно да се развива уште многу години.

Вашите први инвестиции во нашава држава беа рестартирање на пропаднати стопански капацитети. Неодамна развивте комплетно нов проект. Како се појави идејата за отворањето на рудникот Боров Дол и каква е иднината на Бучим?

Д. Бронштејн: Искрено, долго време рудникот Боров Дол се сметаше за непрофитабилен поради комбинација на два фактора: големи инвестициски вложувања во раскривање на рудното тело во висина од над 50 милиони евра без вклучени трошоци за изградба на инфраструктура и набавка на рударска опрема и ниската содржина на бакар во рудата. Овие услови не дозволија проектот да покаже прифатлива исплатливост на инвестицијата за донесување инвестициска одлука. Долго се двоумевме во врска со овој чекор, но при помислата дека рудните резерви во Бучим полека се исцрпуваат и му претстои затворање се решивме да побараме надворешно мислење. Ангажиравме канадска инженерска компанија со искуство во областа на развој на наоѓалишта со ниски содржини на метали во подрачја со тешки климатски услови. Добивме предлог за етапен развој, што овозможи значително да се намали инвестициската компонента, нашите геолози ја прифатија идејата и решивме да го започнеме проектот. Годинава се исцрпуваат рудните резерви на Бучим, но ќе продолжиме со производство на бакарниот концентрат од површинскиот коп на Боров Дол. Површинскиот коп на Бучим дојде до крајот на својот производствен циклус, но погонот за флотација ќе продолжи со работа сè до исцрпувањето на рудните резерви во Боров Дол при услов да инвестираме во подобрување на технологијата и тоа е она што во моментов го правиме. Исто така разработуваме и план за рекултивација на површинскиот коп во Бучим кој, имајќи ги предвид тековните истражувачки работи, ќе се имплементира во текот на следната година.

Странските директни инвестиции играат посебна улога во стимулирањето на економскиот раст на земјите. Како избирате каде да инвестирате?

Д. Бронштејн: Првенствено избираме проекти со силни конкурентни предности во земји со стабилно опкружување и учество на јавноста во процесот на донесување одлуки. Со оглед на кардиналните промени во светот, очигледно е дека при донесувањето одлуки за инвестиции профитот веќе не е единствениот критериум. Сега анализираме поголем број на фактори при донесувањето на одлуките, на пример, дали ќе можеме да ги имплементираме одржливите цели за еколошко, општествено и корпоративно управување во новиот проект (ЕСГ) подобро отколку во претходните проекти на групацијата. Се прашуваме дали ќе можеме да обезбедиме електрична енергија на начин што ќе доведе до доближување кон целта на групацијата за намалување на емисиите на стакленички гасови. Правиме проценка на обемот и на опсегот на влијанието на проектот во регионот и на очекувањата на јавноста како целина од нас. Се разбира, ваквите дополнителни ограничувања ги намалуваат можностите за нови проекти, но ова е единствениот начин да се остане општествено одговорна, глобална компанија.

Транспарентната инвестициска филозофија овозможува избегнување на непотребните грешки, креира систематски пристап кон управување и го поедноставува и структурира работниот тек. Која е филозофијата на инвестирање на Солвеј?

Д. Бронштејн: Ние донесуваме инвестициска одлука само во случај кога постои патека за долгорочен одржлив развој. Не започнуваме проект со краткорочна цел. Се трудиме да планираме производство за неколку децении и нашата визија ја споделуваме со заинтересираните страни − државните и локалните органи, општеството, колективот и јавноста. Немаме притисок од финансиски инвеститори кои бараат непосредни резултати или од кредитори, имаме пример за негативен нето-долг, така што можеме да си дозволиме инвестирање со долг период на враќање на инвестицијата. Ете на пример, веќе повеќе од 15 години работиме во Северна Македонија, а притоа сега разговараме за инвестиции што ќе им овозможат на Бучим и на Боров Дол да работат барем минимум уште толку. Рударството е долгорочна инвестициска работа. Сите проекти во нашето портфолио работат со резерви од најмалку 10 години и ова е тоа што нè разликува, не само од приватните компании од нашиот ранг туку и од многу други признати лидери во индустријата.

Какво е влијанието од пандемијата на корона вирусот врз рударската индустрија? Како Вашата компанија се справува со оваа криза?

Д. Бронштејн: Пандемијата се рефлектираше на многу аспекти од нашите животи и ги погоди сите сфери на економијата на различни начини. Рударскиот сектор не е имун на пандемијата чии влијанија се разликуваат во зависност од земјата, од суровините и од начинот на работа. Многу влади презедоа драстични мерки за спречување на ширењето на корона вирусот како што се тотални затворања кои доведоа до привремени суспензии на некои рударски капацитети низ целиот свет. Сепак, и покрај сериозните предизвици, работењето на Солвеј остана релативно стабилно. Успеавме не само да спречиме прекин во работењето на нашите компании туку и да ги спречиме негативните социјални и економски последици врз регионите во кои работиме. Обезбедивме континуирано работење на претпријатијата и, во повеќето случаи, го реализиравме планираното производство. Реагиравме брзо и доследно на строгите пандемиски мерк водејќи се од два клучни приоритети. Прво и најважно, ги штитевме здравјето и безбедноста на вработените и на локалните заедници. Второ, поставивме основа за поддршка на долгорочно економско закрепнување, вклучително и поддршка преку егзистенција, заштита и помагање во градењето на долгорочна отпорност на заедницата. Во сите наши компании воведовме санитарни и епидемиолошки безбедносни практики за да го спречиме ширење на вирусот како во работната средина, така и во нашите заедници. Овие мерки ни овозможија да продолжиме со работа и покрај тешките услови создадени од пандемијата. Сепак, нашата цел е да осигуриме безбедно работење, да ги зачуваме работните места, да го одржуваме нашиот бизнис и да ги заштитуваме нашите заедници.

Кои се приоритетите на Вашата компанија и кој е суштинскиот дел од долгорочната стратегија за македонските компании?

Д. Бронштејн: Како што реков, ние целиме кон долгорочно присуство со одржлив развој. На Бучим и на Боров Дол гледаме како на долгорочен капитал за нашата групација и во иднина ќе разгледуваме можности за зголемување на севкупната продуктивност врз основа на очекуваниот пораст на ресурсите од доистражувањето на рудните резерви. Ќе инвестираме во обновување на рударската опрема и подобрување на ефикасноста на постројката за производство на бакарен концентрат. Во однос на социјалниот развој, ќе продолжиме да инвестираме во развојот на вештините на нашите вработени, да ги идентификуваме и, каде што е можно, да ги задоволиме потребите на локалните заедници, пред сè во областа на образованието и поддршка на културни и спортски настани.

Рударската индустрија е во пресвртна точка поради сè покомплексните предизвици. Еден од нив, како што и самите спомнавте, е инвестирањето во одржливи цели за еколошко, општествено и корпоративно управување − ЕСГ. Кои чекори ги презема Вашата компанија како одговор на сите предизвици во новата ера на рударството?

Д. Бронштејн: Навистина, рударскиот сектор се соочува со значителни предизвици кои бараат комплексни промени. Овие предизвици создадоа императив да се иновираат, радикално да се трансформираат рударските процеси и да се усогласат со построгите регулативи. Низ целиот свет денес е актуелно барањето за премин кон т.н. концепт на „зелено рударство“, што всушност претставува збир на најдобрите применливи практики за ефикасен ископ на минералните суровини, поаѓајќи од минимална промена на конфигурацијата на теренот и минимална загуба на корисната компонента, со практики на електроснабдување на производството, а исто така и максимална заштита на водите, на животната средина и целосна рекултивација на коповите откако ќе бидат исцрпени. Овие практики се формулирани во Екваториjалните принципи, стандардите на Меѓународната банка и ИСО-стандардите. Спроведувањето на формализираните барања кон рударските компании за нас не претставува нов предизвик бидејќи нашата компанија веќе долги години доброволно ги следи овие начела и принципи, спроведува редовна ресертификација и подлежи на редовна ревизија од страна на меѓународни ревизори. Редовно дискутираме за новите стандарди, како и за можноста за нивната имплементација во нашите претпријатија. Сите наши нови проекти се инхерентно усогласени со најнапредните стандарди во индустријата и, за кратко време, откако ќе го достигнат целиот свој капацитет, подлежат на соодветни ревизии и рангирања. Особено сме внимателни и одговорно се однесуваме кон трендот на ЕСГ. За нас ова значи пренасочување на фокусот од оптимизирање на производствените перформанси, што пред сѐ е од интерес на акционерите и на даночните власти, кон оптимизирање на влијанието од бизнисот врз поширок круг на засегнати страни. Во насока на исполнување на еколошките, социјалните и управувачките цели − ЕСГ, на ниво на проект, од особено значење е комуникацијата со повеќе заедници, поотворена соработка со организациите за заштита на животната средина и човековите права и поголема транспарентност, со цел вклучување и информирање на сите заинтересирани и засегнати страни во процесот на нашето работење. Додека пак, на ниво на холдинг компанија, ова значи усвојување на долгорочна стратегија за подобрување на ефикасноста во областа на ЕСГ, создавање тим од специјалисти за извршување на внатрешна контрола врз активностите на подружниците во оваа област и, на среднорочен план, добивање меѓународен ЕСГ-рејтинг, како и понатамошен акциски план за подобрување на перформансите на еколошкото, општественото и корпоративното управување.

Како го оценувате пазарот на индустриските метали, неговите движења, промени, трендови? Што го чека рударство во 2021 година?

Д. Бронштејн: Многу од учесниците на пазарот и аналитичарите сметаат дека пазарот на индустриските метали ќе доживее период на долгогодишен структурен раст, т.н. „суперциклус“. Во споредба со вообичаениот цикличен пораст, суперциклусот се разликува со структурното поместување во рамнотежата на понудата и побарувачката. Понудата на индустриски метали, особено бакарот, расте многу бавно поради отсуството на инвестици во геолошки истражувања и изградбата на нови капацитети во текот на изминатава деценија наспроти ниските цени. Исто така, во денешни услови, процесот за добивање дозвола и најглавно, поддршката од локалното население, за започнување на крупно рударско производство станува сè поотежнато. Во исто време, во светот постои огромна побарувачка за промена на енергетската парадигма во корист на обновливата енергија за што се потребни енормни инвестиции и во производството и во дистрибуцијата на електрична енергија. Паралелно на ова, развиените земји и Кина за забрзување на економскиот раст нагло ги зголемија инвестициите во инфраструктурни проекти. Па така, побарувачката на индустриските метали во следнава деценија ќе бележи значително побрз пораст отколку порано, додека пак понудата ќе остане приближно на исто ниво. На пример, растот на потрошувачката на бакар само во електричните возила во следниве десет години ќе е за еден и пол пати поголема од вкупниот раст на целиот пазар на бакар во последниве 50 години. И на крај, во услови за зголемени инфлаторни очекувања, суровините стануваат сѐ побарани финансиски активи. Како резултат на тоа се очекува дека берзанските цени на металите ќе бележат дологорочен пораст, барем до крајот на деценијава. Притоа, како што веќе кажав, рударството не може да продолжи да работи по старите правила и навики. Сите оние кои ќе се обидат да го сторат тоа ќе останат без поддршка од финансиските институции, ќе се соочат со општествените предизвици и ќе го напуштат пазарот.


(Економија и бизнис, печатено издание, јуни 2021г)

https://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=24209

DSCF8341

Партнерство за стручно образование. Бучим и Боров Дол го поддржуваат образованието на идните генерации

Рудниците со задоволство објавуваат дека во соработка со СОУ “Коста Сусинов”, ги прошируваат своите напори за поддршка на образовниот систем за развојот на дуалното образование, со тоа што ќе  им помагаат на учениците од средните училишта да се подготват за кариера во рударскиот сектор. Бучим и Боров Дол, потпишаа меморандум за соработка со локалното училиште за стручно оспособување на учениците во рудниците.

Почнувајќи од следната учебна година, гимназијата воведува програми за дуално образование, од кои едната е геолошко-рударска и металуршка струка со профил геолошко-рударски техничар. Учениците во дуалниот образовен систем, ќе ги надополнат своите теоретски знаења со посета на практична настава во рудниците Боров Дол и Бучим, каде што ќе добијат практична обука прилагодена на образовната наставна програма и стручна подготовка за работа во реални услови. Обуката за стручно образование во рудниците ќе изгради практични вештини кај учениците, ќе ги зајакне нивните технолошки вештини и ќе ги надгради нивните теоретски знаења. Учениците, од прва рака,  ќе ги научат потребните вештини кои што ќе им помогнат да се приспособат кон реалната потреба на пазарот на работна сила. 

Ние постојано го подобруваме нашиот систем за општествена одговорност. Практичното образование е одличен начин младите уште во текот на средното образование да се насочат кон професии кои се барани од компаниите. Соработката на училиштата со компниите е од голема корист заради можностите што ги нуди индустрискот сектор како ресурс за учење. Со нетрпение очекуваме да го започнеме овој важен чекор,  да им овозможиме на учениците пристап до висококвалитетна обука, која што ќе ги подготви за успех на пазарот на трудот и ќе им помогне при реализација на нивните амбиции“, изјави Никоjачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

Еден од главните фокуси на рудниците во целите за еколошко, социјално и корпоративно управување (ЕСГ)  е поврзан со образованието, релевантните потреби кон учењето и наставата, и процесите за обезбедување и подобрување на образованието на идните генерации. Рудниците имаат за цел да им овозможат на студентите пристап до практична обука, прилагодена на реалноста на работата, која што ќе им овозможи успешно за да го завршат своето образование ориентирано кон потребите на работодавачите, така што по завршетокот на школувањето ќе бидат оспособени за работа во индустријата и спремни да ја започнат својата кариера.

Образованието е дел нашата главна агенда за одржлив развој, бидејќи само со квалитетно и континуирано образование ќе имаме квалитетни идни генерации и одржлива иднина. Ние се придружуваме кон системот за дуално образование и ќе се обидеме, најдобро што можеме, да им помогнеме на учениците да ги применат своите теоретски вештини во пракса,“ додаде Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Концептот на дуално образование во Северна Македонија, за прв пат е воведен во 2018 година. Од оваа година, училиштето од Радовиш во соработка со рудниците се приклучува кон овој образовен процес. Според конкурсот на училиштето, во учебната 2021-2022 година, вкупно 25 ученици ќе имаат можност да бидат дел од програмата за дуално образование.

DND_0241 2

Резултати од работењето на Бучим и Боров Дол во текот на 2020 година

Бучим ДОО Радовиш 

Производствени резултати

Во 2020 година рудникот Бучим преработи 4,17 милиони тони руда (98% во споредба со  2019 година), со содржина на бакар од 0,172% (93% во однос на квалитетот на преработената руда во 2019 година) и  злато 0,197гр/т (80 % во однос на квалитетот на преработената руда во 2019 година). 

Рудникот Бучим произведува концентрат на бакар што содржи злато и сребро и чист катоден бакар.

Вкупното производство на сув бакарен концентрат во 2020 година изнесуваше 28 484  тони (91% во споредба од 2019 година), што содржи  5 903 тони бакар (91% во споредба од 2019 година), 448 кг злато (76% во споредба со 2019 година) и 862 кг сребро (92% во споредба со 2019 година). Фабриката за лужење на Бучим и во текот на 2020 година работеше ефикасно и постигна производство на 722 тони катоден бакар со квалитет 99,99% (100 % во споредба со 2019 година).

Трошоците за ремонти активности и одржување на производствените постројки и технолошката опрема во текот на изминатата година достигнаа до 3,8 милиони евра (97% во споредба со 2019 година). 

Во 2020 година рудникот започна со модернизација на производствениот процес за постигнување повисоки стандарди во производството. Инвестираше 550 илјади евра во набавка на новa NP дробилкa, која што ќе овозможи зголемување капацитетот на производство, автоматизирана и подобра контрола на процесот и намалена потрошувачка на електрична енергија. 

Вкупната вредност на инвестиционата програма, вклучувајќи ги и трошоците за заштита на животна средина, изнесуваше 1,24  милиони евра (113% во споредба со 2019 година).

Финансиски резултати 

Во изминатата 2020 година, Бучим делуваше во насока на остварување на своите цели и задачи и оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 15 милиони евра (92% во споредба со остварениот резултат во 2019 година).

Рудникот плати данок на добивка на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 1,5 милиони евра (92% во споредба со 2019 година). 

За концесискиот надоместок за употреба на минерални суровини за 2020 година, исплатени се 1 милион евра од кои 78% во буџетот на општина Радовиш и 22% во буџетот на РСМ.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во 2020 година изнесуваше 564 евра (106% во споредба со 2019 година). Во 2020 година, социјалните придонеси од плата,  се остварени во износ од 2,12 милиони евра (128% споредно со 2019 година). Додатоците за регрес за користење на годишен одмор, еднократен надоместок во вид на отпремнина на работници кои се стекнале со право на пензија и јубилејна (парична) награда на вработените  кои имаат непрекинат работен однос со рудникот во ефективно траење од 15 години, изнесуваа  220.500 евра.   

Перформанси на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG)

Во 2020 година, вкупните ESG инвестиции достигнаа износ од 472 илјади евра.

Еколошка посветеност

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина најголемо е учеството на трошоците за следењето на состојбата на хидројаловиштето (39%), потоа за  рекултивација на низводната косина на браната на хидројаловиштето (32%), редовен мониторинг на животната средина согласно А-ИЕД (23 %), постапување со отпад ( 4%) и ревизии и проценки oд трети лица од областа на животната средина (2 %) . 

Во 2020 година, проектите насочени кон заштита на животната средина вклучуваа реконструкција на системот за повратна – рециркулациона технолошка вода и изработка на проект за изградба на преливен канал. Започнати се активностите за расчитување и подготовка на земјените површини и имплементацијата на проектот ќе продолжи во тековната 2021 година. 

Квалитетот на воздухот во Бучим се следи на три мерни станици преку 24-часовни идикативни мерења на PM10 честичките. Во текот на 2020 година, нема забележано надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот.

Рудникот Бучим по реализација и исполнување на обврските од оперативниот план, годинава од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби А – Интегрирана еколошка дозвола.

Општествена одговорност

Општествено одговорните практики, како една од главните карактеристики на компанијата и врвен приоритет во својата оперативна агенда, продолжија со силен интензитет и во текот на 2020 година. Бучим обезбеди поддршка за развојот на културните и спортските друштва, предучилишните, училишните, културните, јавните и здравствените институции во општина Радовиш.

Во 2020 година, исто така рудникот продолжи да ги обезбедува со техничка вода околните села Тополница и Бучим. Вкупно, за време на извештајниот период, за ова намена се испорачаа околу 50 илјади м³ вода.

Рудникот активно се вклучи во борбата за справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија и покрај донирањето на заштитна опрема, додели и парични средства на Министерство за здравство, на здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица и на Општинска организација Црвен Крст во Радовиш. 

Безбедност и здравје

Во 2020 година, Бучим продолжи да работи во насока кон осовременување и континуиран развој на системот на безбедност и здравје при работа. Обезбедена е лична и колективна заштитна опрема за вработените, како и средства за лична хигиена.  Извршен е технички преглед на опремата и спроведени се редовни и навремени сервисирања. Исто така успешно се реализирани и обуки на 111 вработени, за подобрување на знаењета и свесноста за БЗР со конкретни резултати – без сериозни повреди и смртни случаеви за време на извештајниот период.

ISO стандарди

Во 2020 година Бучим беше ресертифициран според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015, со што се потврди работењето на компанијата во согласност со меѓународните стандарди и дека работи според водечките принципи за свесно, одговорно и одржливо управување со природните ресурси.

Развој на Боров Дол

Компанијата комплетно се посвети на извршување на сите задачи и успешно ги реализираше поставените планови за претстојното отпочнување на работа на рудникот Боров Дол.

Во 2020 година Боров Дол во потполност ја реализираше изградбата на технолошките објекти. Завршена е изградбата на транспортната лента, објектот за примарно дробење и затворено складиште за руда. Инфраструктурните објекти и помошните згради се релизирани во обем од 95%, со состојба на 31 декември 2020 година.

Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол достигна 69,5 милиони евра.

Боров Дол инвестираше 29,9 милиони евра во набавка на нова опрема и потроши 19,5 милиони евра за раскривка на рудното рело. Во 2020 година, Боров Дол ги заврши сите градежни работи, кои што достигнаа вредност од 17,1 милиони евра.

Клучни инвестиции во 2020 година

10,7 милиони евра за градежни работи (168 % во споредба со 2019 година).

14,6 милиони евра за набавка на потребна опрема (103 % во споредба со 2019 година).

7,9  милиони евра за раскривка (67% во споредба со 2019 година).

Производствени показатели во 2020 година

Во 2020 година, Боров Дол продолжи со инвестициската раскривка, при што се ископани 10 милиони тони искoпина (12,7 милиони тони во 2019 година). 

Перформанси на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG)

Вкупните ESG инвестиции во 2020 година изнесуваа 75.400 евра. Средствата беа наменети за извршување на следниве активности:

Животна  средина

Компанијата континуирано го следеше биодиверзитетот и квалитетот на животната средина во областа на концесијата. Покрај тоа, како дел од својата програма за усогласување, Боров Дол вклучи ревизии и проценки од страна на независни експерти од областа на животната средина, со цел да се следат потенцијалните ефекти и да се направат подобри еколошки одлуки за спречување на несаканите влијанија и подобрување на условите и состојбата со животната средина, како и осигурување на високо ниво на заштита на животната средина. Во текот на 2020 година, за да се зачува биолошката разновидност во околината, Боров Дол постави специјални куќарки за птици (вештачки гнезда) на повеќе локации околу концесискот простор.

Во 2020 година нема пријавено инциденти или сознанија за загадување на животната средина во концесисикиот простор  на  Боров Дол. 

Во првото тримесечје од 2021 година, Боров Дол доби А-Интегрирана еколошка средина, а до крајот на годината компанијата планира да ги имплементира меѓународните системи за управување со квалитет и управување со животната средина според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015.

Општествена одговорност

Во текот на 2020 година, Боров Дол постави нов систем за греење во локалната градинка во општина Конче, осигурувајќи дека се обезбедени сите потребни услови за современ и безбеден престој во градинката за најмладите жители. Со цел да се помогне реализирањето на наставата од далечина и да се овозможат еднакви можности за учење за сите деца,  Боров Дол набави таблети и обезбеди годишна интернет конекција за учениците од социјално загрозените семејства во Конче. Компанијата,  исто така поддржа и реставрација на 200 години стара црква во Радовиш, со цел да се зачува културното наследство за идните генерации и помогна во реконструкцијата на локалната патна мрежа во Конче, овозможувајќи полесно и побезбедно патување на локалното население. За да се осигури заштита и да се намали ризикот од ширењето на Ковид-19 вирусот,  Боров Дол обезбеди заштитни маски и антисептици за локалните жители.

Безбедност и здравје

Во текот на 2020 година, во Боров Дол нема пријавено сериозни повреди или смртни случаи при работа. 

За време на извештајниот период, вкупно 60 работници, од 101 вработени, беа дел од обуките во областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР). Основните обуки беа насочени кон обучување на вработените за оперативно и безбедно ракување со новата опрема. Компанијата ги изврши сите потребни механички и електрични тестирања на работната опрема и објектите.